Автор: Јаковлева Лионела

gerijatrija

Ќе се гради нов павиљон од геријатриското одделение

Post Views: 10 На повидок е изградбата на новиот павиљон од геријатриското одделение при општата болница во Охрид. Директорот Љубен Арнаудов вели дека во тек е изготвувањето на проектната документација. Години наназад и општината и болницата се борат за проширување на ова одделение каде се сместени стари и изнемоштени лица. Се соочуваме стварно со голем  проблем и етички и медицински и морален. Геријатриското одделение вакво какво што е е планирано за некои стандарди кои важеа пред 20-30 години. Условите воопшто не одговараат на денешните стандарди, вели Арнаудов. Денес стандардите...

Continue reading

saem

Велигденски саем по втор пат

Post Views: 2   Велигденски саем по втор пат. Осумнаесет излагачи денеска и утре ќе ги презентираат своите рачно изработени предмети, украси, сувенири кои ќе се продаваат по симболични цени. Саемот  се организира во халата за текстил во ЈП „Градски Пазар“. Директорот на ова јавно претпријатие, Тони Коталески вели дека се задоволни од интересот на производителите кои ќе земат учество на овој Велигденски саем. Акцентот и оваа година е ставен на хуманоста. Закупот на просторот е бесплатен, а дел од средствата од продадените производи ќе одат во хуманитарни цели. Ние заедно со опшштина...

Continue reading

сдсм

Охридската СДСМ реагира на одлуката за ЈПП за одржувањето на осветлувањето

Post Views: 2 Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство тема на денешната пресс конференција на општинската СДСМ. Со ваквата одлука општината се откажа од приход во висина од 5милиони евра кој ќе влезеше во буџетот на општината во наредните години, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапија на приватна компанија од Чешка, додаде тој. Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во јавното...

Continue reading

teatar

Дали нешто се готви во Центарот за култура

Post Views: 1 Горан Стојаноски, нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Тој би бил наследникот на актуелната директорка Драгана Боцевска која моментално е на породилно боледување. Се почесто се вртат вакви разговори во охридската јавност па со цел да ја разрешиме дилемата го запрашавме Стојаноски дали навистина има инспирации за ова директорско место. Не сум размислувал за тоа. Јас сакам да сум директор на охридскиот театар, вели Горан Стојаноски- раководителот на охридскиот театар. Ваквите гласини ги демантираше и Боцеска. Таа вели дека до средината на април е на породилно...

Continue reading

bolnica

Во охридската болница нема алерголог

Post Views: 18 Алерголошката амбуланта при општата болница во Охрид веќе неколку месеци не работи. Откако алергологот Љубица Андоновска си замина во пензија оваа амбуланта која воедно беше и регионален центар бидејќи тука се лекува пациенти од околните градови, се затвори. Пациентите кои имаат проблем со алергиите загрижени. Прашуваат каде да се јават кога ќе имаат потреба од лекови и преглед. Директорот на болницата Др. Љубен Арнаудов признава дека имаат проблем со недостиг на стручен кадар, но смирува дека се прават сите напори проблемот да се реши. Моментално пациентите се лекуваат...

Continue reading

pitu guli

Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“

Post Views: 5 Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“. Со два милиони евра, средства од Светска банка ќе се обновува оваа многу значајна сообраќајница во градов. Ова е почеток на реализацијата на долго најавуваните проекти со средства од Светска банка, а потпомогмнати од Владата на РМ и Министерството за финансии, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Во наредниот период покрај реконструкција на Питу Гули  ќе бидат реализирани уште два кружни тека  и тоа на пресекот на булевар Туристичка и улицата Македонски просветители и на Туристичка со улица Бистрица, а ќе се реконструираат...

Continue reading

mazija

Зошто се сечат дрвата на „Мазија“

Post Views: 56 Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација, се поткаструваат дрвата, а се исечени и некои стари стебла. Граѓаните прашуваат зошто се превземаат вакви активности. Загрижено велат дека сигурно нешто ќе се гради. Некои зад камера коментираат дека тука ќе биде лоциран Центарот на вода кој уште пред неколку години требаше да се гради во непосредна близина на мостот кај каналот. Од Локалната смируваат. Знете дека се што се прави во градов е според претходно донесена програма и урбанистичко решение кое е изгласано на совет....

Continue reading

Дното на Охридското езеро вистинска депонија

Post Views: 6 Дното на Охридското езеро вистинска депонија. Местата каде што се влеваат реките Грашница, Сатеска и Даљан има многу наноси и цврст отпад, вели меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски. Ова е забележано при акцијата за пренуркување на дното на езерото која започна пред еден месец. Во понатамошните активности за пренуркување на езерото покрај тоа што имаме планирано да направиме документарна емисија и изложба на подводни фотографии ќе превземиме и конкретни мерки за чистење на дното на езерото, вели Секуловски. Тоа ќе биде доста сложена и скапа активност,...

Continue reading

patiki

Акција за сузбивање на пиратеријата и фалсификуваната роба во градов

Post Views: 7 Акција за сузбивање на пиратеријата и фалсификуваната роба во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија денес контролираше повеќе правни субјекти во Охрид и Струга. Се проверувале евентуални повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Кабелскиот оператор „Пела“ од Струга заработи глоба и му беја одземени два ресивери, а во Охрид контролиран е градскиот пазар, неколку фото студија и едно интернет кафе. На пазарот затекната е фалсификувана роба. Има пиратерија и присутна е...

Continue reading

блато

Личен став или став на институција

Post Views: 7 Има или нема Студенчишко блато. Никако да се разреши оваа дилема. Ниту на седницата која се одржа во петокот на која една од точките на дневен ред беше урбанизацијата на Студенчишкото блато не се доби одговор на ова прашање. Опозиционерите кои побараа да се стави ваква точка на дневен ред очекуваа стручно лице од Хидробиолошкиот институт да ја разреши оваа дилема. Ни треба екипа да појдеме сите заедно да видиме што е останато  а што нема од некогашното блато. Да испитаме кој жив свет го има во моментов таму. Дали природните врски со езерото се скинати или сеуште постојат....

Continue reading

блато

Советниците потонаа во Студенчишкото блато

Post Views: 4 Урбанизацијата на локалитетот Студенчишко блато жежок костен на денешната седница на совет. Градските избраници од опозиционите редови побараа конечно да се каже и тоа не од лаици, туку од експерти дали и колку има остаток од некогашното Студенчишко блато и до каде се неговите граници. Паушалниот одговор на ова прашање даден од Др. Ленче Локоска, преставничката на Хидробиолошки завод дека можеби има , а можеби и нема блато, кај опозиционерите предизвика револт и во најмала рака го оценија како несериозен. Блато има тоа го покажа и студијата направена во 2011год. И тоа...

Continue reading

brod

И ова лето ќе се оди за Поградец со брод

Post Views: 15   Водената линија Охрид-Поградец ќе функционира и ова лето. Од охридската капетанија велат дека по се изгледа редовно ќе се воспостави од први јуни, но најавуваат дека уште во мај ќе се организираат неколку тури бидејќи кај сопствениците на бродовите има интерес за тоа. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски објаснува дека интензивно работата на поедноставување на процедурите за спроведување на овие екскурзии. Се подготвуваме да елаборираме на таа тема и да ги упростиме граничните процедури  односно пријавувањето на  списоците со патници да биде наместо...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top