Автор: Јаковлева Лионела

Идните средношколци го направија својот избор

Post Views: 1 Идните средношколци го направија својот избор. Во првиот уписен рок кој заврши вчера поголемиот дел од нив веќе се определија во кое средно училиште ќе го продолжат своето образование. Во Гимназијата „Св. Климент Охрдски“ се пријавиле 226 ученици од кои само 198 се запишани бидејќи го исполниле условот да имаат минимум 60 поени. Директорот Ѕвонко Трпески вели дека оваа година е забележан мал тренд на пораст на бројот на средношколци кои се пријавиле во гимназијата. Минатата година во првиот уписен рок се пријавиле 205. Квотата која и е одобрена на оваа образовна институција...

Continue reading

violina koncert

Охридските млади виолинисти на сцената во Милано

Post Views: 2   Тројца млади виолинисти од ОМУ ,,Методи Патче“ беа дел од меѓународниот оркестар ,,100 млади,, како единствени учесници од Р. Македонијана. Концертот  се одржа во црквата Санта Кроче во Милано-Италија. Оркестарот е формиран од 100 млади музичари на возраст меѓу 13 и 21 години кои доаѓаат од Италија, Словенија, Србија, Македонија и Чешка. Чест да настапат на сцената во Милано имаа  виолинистите  Даниел Мојсоски, Александар Грунчески и Бајрам Рамаданоски. Како најмлад солист со оркестарот настапи Даниел Мојсоски. Беше прекрасно иако малку напорно бидејќи патувавме триесет...

Continue reading

Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена

Post Views: 1 Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште во месец јануари Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место и пет месеци подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа од оваа невозможна мисија. Директорката изјави дека претпријатието ниту технички...

Continue reading

Бакрачески со охриѓани на кафе во Летница

Post Views: 4 Средби на отворено со граѓаните на Охрид. Ова е нов начин на комуникација на Грдаоначалникот Никола Бакрачески и службите при Локалната самоуправа со охриѓани. Градоначалникот со цел да се доближи што повеќе до граѓаните и да ги слушне лично од нив проблемите со кои се соочуваат, денес, заедно со својот тим реализира средба со нив, во центарот на градот, на култното место Летница. Сметаме дека на ваков начин граѓаните ќе бидат ослободени од сите стеги кои ги предизвикуваат формалностите за да се закаже средба со мене или со некој претставник на Локалната, рече Бакрачески. Грдаоначалникот...

Continue reading

Охридската вода исправна за пиење

Post Views: 3 Охриѓани слободно можат да ја пијат водата од градскиот водовод. Најновите податоци од Центарот за јавно здравје покажуваат добар физичко- хемиски и микробиолошки квалитет. Останува проблемот со водата од селските водоводи која е со променлив квалитет, поради нередовното користење на средства за дезинфекција. Квалитетот на водата на шесте јавни градски чешми во Охрид е задоволителен и водата може да се користи за пиење. Редовно се следи и состојбата со квалитетот на водата во Билјанини извори. Анализите покажуваат дека таа е со променлив квалитет. Се контролира и водата...

Continue reading

kosta abras

Ново лето стари проблеми

Post Views: 3 Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Жителите на Стар град често пати не можат да си дојдат дома, бидејќи улицата е блокирана од паркираните автомобили. Иако од Секторот за комунален развој при Локалната самоуправа уште минатото лето беа поставени два знаци за забрането запирање и паркирање и од едната и од другата страна на спојката, непосредно до ресторанот Чун, несовесните возачи упорно ги игнорираат и не ги почитуваат. Во вакви случаи  кога се прекршуваат сообраќајните знаци, обврската за постапување е во рацете...

Continue reading

vmro dpmne

Бакрачески излезе од ИК на ВМРО ДПМНЕ за целосно да се посвети на Охрид

Post Views: 2 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески веќе не е член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. За ТВМ изјави дека тоа е поради две причини. Прво, бидејќи тој самиот барал зошто сакал повеќе да се посвети  на решавањето на проблемите на градот и на многубројните проекти кои се во тек и кои престојат во периодот што следува, а второ бидејќи ваквата промена е дел од концептот на  партијата според кој на секои две години се прават ротации и се внесуваат нови и свежи кадри. Инаку, на завчерашната седница Емил Димитриев беше по втор пат избран за Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Во новиот...

Continue reading

ohrid

Продолженото работно време на локалите , непроспиени ноќи за граѓаните

Post Views: 2 Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Работното време на угостителските објекти во месец јуни во текот на пет празнични денови се продолжува за еден час, во јули 5 дена работното време ќе биде продолжено за два часа, а два дена за еден час. Во август, во текот на 11 празнични дена работното време ќе биде продолжено за два часа, а во септември, октомври, ноември и декември во текот на три дена од овие месеци, угостителските објекти ќе работаат подолго за еден час. Нормално е во овој период од годината...

Continue reading

idei

Ден на идеи во Охрид

Post Views: 2 Општина Охрид денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски“организираше „Ден на идеи“. Сите граѓани кои имаа некаква идеја, проект или предлог имаа можност да ги напишат и да ги достават до службите во Локалната Самоуправа и Јавните претпријатија. Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорите од охридските јавни претпријатија, раководителите на сектори и одделенијата и стручните лица од службите на општина Охрид ги слушаа идеите, предлозите и сугестиите кои им ги даваа охриѓани, а најдобрите од нив ќе бидат инкорпорирани во идните програми за работа на општина...

Continue reading

edrilica

Започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“

Post Views: 5 Од утре започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“. Сите заинтересирани деца на возрасат од 7 до 15 години можат да се запишат во школата за едрење и да ги научат тајните на овај спорт. Може да се запише секој кој го сака едрењето без никакви предуслови. Најосновно е детето да има желба потоа да нема страв од вода бидејќи овој спорт се учи во вопда и треба да се фатат во коштец со природата. Децата одма учат и од самиот почеток се гледа кое дете има талент за едрење а кое не. Веднаш се прави природна селекција, вели Стевчо Ставрески, инструктор во  ...

Continue reading

bel stap

Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица

Post Views: 3 Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица. Овој проект ќе го реализира Министерството за труд и социјална политика  во соработка со Сојузот  на слепи на РМ. Покрај во Охрид вакви патеки веќе се прават во Скопје, а ќе се направат и во Битола. Проектот чини околу 30 000 евра. Во Охрид вакви патеки планирано е да се постават до сите институвии во градов како и по кејот на езерото. Славчо Џајкоски, претседателот на Здружението на слепи лица од Охрид вели дека ваквата иницијатива е одлична бидејќи слепите лица и лицата со оштетен вид најчесто доколку сакаат да се движат...

Continue reading

jajca

Со правилна исхрана до превенција на ракот на дојка

Post Views: 4   Колку храната има влијание врз појавата на карцином на дојка. На оваа проблематика Д-р Јашар Џенгис од клиничката болница „Аџи Бадем“- Систина работи години наназад и дошол до фрапантни податоци. Тој заклучил дека одредени производи како што е конзервираната храна и производите кои се од животинско потекло и тоа како можат да го забрзаат развојот на оваа болест и да извршат мутација на здравите клетки во организмот. Всушност самата храна, но и начинот на кој се подготвува, амбиентот во кој се чува, лошите навики кои ги имаме при нејзиното конзумуирање, мешање на јаглени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top