Автор: Јаковлева Лионела

Jапонските експерти утврдија дека колекторскиот систем е во незавидна состојба

Post Views: 2   Колекторскиот систем кој е изграден пред неколку децении е деградиран, оштетен и итно е потребна негова надоградба, реконструкција и ревитализација, покажаа направените испитувања од страна на јапонски експерти. Нацрт финалниот извештај за состојбата во која се наоѓа колекторскиот систем, како и мерките кои се предлагаат за негова реконструкција денеска ставен на маса пред стручната јавност, надлежните институции и претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија Проаква и Нискоградба и министерството за екологија. На извештајот му претходеа повеќе месечни...

Continue reading

Високите температури ја редуцираа работата на терен

Post Views: 5   Охрид летово интензивно се гради. Но деновиве  кога живата во термометрите на сонце се искачува и до 40тиот степен целзиусов градежните работи на отворено се извршуваат со намален интензитет. Владата по предлог од Министерството за здравство донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години која ќе важи до 28ми јули. Во овој период, се препорачува работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности...

Continue reading

avtobus

Англичани и швајцарци од аеродром до градов се возат со двокатниот панорамски автобус

Post Views: 9   Најзаинтересирани за разглед на убавините на Охрид со двокатниот панорамски автобус се холанѓаните. Поаѓаат од градскиот плоштад а турата не е прецизирана, се плаќа по 80 ден. од километар. Автобусот го користат и странците кои доаѓаат во Охрид со новите дирекни авионски линииза превоз од аеродромот Св. Апостол Павле до градот.  Од неодамна ЈП „Билјанини извори“ склучи договотр со ТАВ Македонија за превезување на гостите со панорамскиот автобус  во среда и недела кога на аеродромот пристигнуваат гости од Лондон и Базел. Со овој договор ние се надеваме дека на некој...

Continue reading

На Галичица денес не гори

Post Views: 6 На Галичица денес не гори. Одвреме на време може да се забележи само чад од пожариштата, но екипи од Противпожарната единица од Охрид и од НП Галичица се на терен и ја следат состојбата. Причините за пожарот кој вчера попладне избувнана на две места во близина на далноводите кои го снабдуваат Охрид со електрична енергија, не се познати. Дали се работи за некаков дефект на електричната инсталација, човечки фактор или друга причина, треба да открие истрагата која трба да ја спроведе јавниот обвинител. За подетални информации за пожарот но и за тоа каква е состојбата денеска...

Continue reading

Пожар на Петрино

Post Views: 14 Попладнево околу 1часот и 30 мин. избувна пожар  на планината Петрино, над трафостаницата 110, кај местото викано Мечкина дупка. Поради близината на 110-киловолтната трафостаница делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија, а и во делови од населбата Рача немаше струја. По дојавата за пожарот екипи на противпожарната единица од Охрид веднаш излегле  на терен со две возила, а потоа пристигнале уште две, информира командирот на противпожарната единица Охрид Спасе Прентоски. Подоцна се приклучиле и   екипите од НП Галичица, од Црвен крст, како и загрижени...

Continue reading

Водената линија Охрид-Поградец функционира и ова лето

Post Views: 1 Водената линија Охрид-Поградец функционира и ова лето. Досега се реализирани три тури. Од охридската капетанија велат дека оваа линија не е редовна, туку дека е чартер, и пред се зависи од интересот на патниците. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски вели дека откога ги поедноставиле царинските процедури за спроведување на овие екскурзии, интересот се зголемил. Тој додава дека сите бродови ги исполнуваат условите за да сообраќаат на оваа релација. Успехот на оваа линија зависи од менаџерските способности на сопствениците на бродовите и од нивните менаџерски...

Continue reading

Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола

Post Views: 2 Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола. Од охридската капетанија велат дека досега не се регистрирани некои поголеми отстапувања и нарушувања на законот и правилата за пловидба. Помал проблем преставуваат некои несовесни глисерџии кои доаѓаат блиску до брегот, но и со нив се справуваме, вели капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски. Овааа сезона барем на охридскиот дел од езерото нема проблем со скутерџиите. Повеќе прекршоци се прават на струшкото крајбрежје. Дојава за ваков прекршок стигна и денес по што екипа од Охрид замина за Струга...

Continue reading

Специјалните возила немаат пристап на Кеј „Македонија“

Post Views: 0 Специјалните возила на противпожарната единица и комбињата на брзата помош немаат пристап на Кеј „Македонија“. Со новиот летен режим на сообраќај оваа сообраќајница од двете страни е затворена со физички препреки, од едната страна рампа, а од другата жардињери. На овој потег се хотелите Ривиера, ресторанот Белведере, ланч барот Објектив,  неколку индивидуални куќи. Недај боже да се случи пожар или пак да имаат потреба од итна медицинска помош, возилата не ќе можат да стигнат до таму. Од локалната признаваат дека ова е проблем и ветуваат дека ќе најдат начин да го решат. Размислуваме...

Continue reading

Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води

Post Views: 6   Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води. Ова е резултат на обуката за спасување и извлекување на давеници од брзи води, кои во организација на Црвен крст Охрид и под водство на инструктор за безбедност на вода од Операција Флориан во изминатите четири дена се реализира  на реката Црн Дрим во Струга. Обуките поминаа без никаков проблем. За овие четири дена успеавме да ги оспособиме волонтерите за интервенции на брзи води. Ние сме задоволни како се помина и се надеваме дека помогнавме за зголемување на безбедноста...

Continue reading

Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода

Post Views: 7 Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода. Гостите кои тука минатото лето паркирале и плаќале по 30 ден. за час пријатно изненадени. Тие прашуваат на што се должи ова олеснување. Од ЈП „Билјанини извори“ кои минатата година стопанисуваа со овој паркинг објаснуваат дека не се откажани од него. Овој паркинг треба дополнително да се уреди. Треба да се фрли чакал  и да се обележи. Паркингот треба да се направи по сите стандарди. Се до тогаш нема да се наплаќа, вели Теодор Андоноски-раководител на секторот паркинзи при ЈП „Билјанини извори“. Уредувањето...

Continue reading

Спроведена обуката за укажување прва помош

Post Views: 2   Спроведена обуката за укажување прва помош. Црвен крст од Охрид заедно со своите партнери од операција Флоријан од Манчестер, Англија и со противпожарната единица од Охрид на заинтересираните присутни на грдаскиот плоштад синоќа им ги презентираа активностите кои во изминатите неколку дена се одвиваа во црвениот крст.Беше прикажано сето она што англиските инструктори ги научија охридските волонтери. Првата помош е насекаде иста во цел свет но различни се стандардите и процедурите. Нашите волонтери бњеа обучувани според англиски стандарди кои многу не се разликуваат...

Continue reading

avstraliska ambasada

„ Охрид без бариери за лицата со попреченост“

Post Views: 10 „ Охрид без бариери за лицата со попреченост“. Овој проект општина Охрид го реализира во Дневниот центар „ Зраци“ со грант од Амбасадата на Австралија во Белград. Проектот денес беше промовиран во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Австралија, Џулија Фини на јавна трибина на која учествуваа и лица со попреченост во развојот. Активностите од проектот се одвиваат во Дневниот центар „Зраци“ каде основната цел е социјална инклузија и дневна грижа на лицата со попреченост, подобрување на нивниот психосоцијален развој преку креативни активности...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top