Автор: Јаковлева Лионела

Каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов

Post Views: 1 Се чекаат завршните сметки за да се види каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов. Граѓаните прашуваат во каква кондиција се наоѓаат, дали работат рентабилно, дали имаат загуба во работењето, но од Локалната самоуправа сеуште немаат комплетни податоци за тоа. Велат дека  се обработуваат бројките со кои јавните претпријатија ќе излезат пред граѓаните и ќе дадат отчет. Ние знаеме дека најтешка е ситуацијата во МЈП “Проаква“, па потоа во ЈП „Комуналец“, а најповолна е во ЈП “Нискоградба“, „Градски гробишта“ и „Градски пазар“, но  конкретни податоци сеуште немаме....

Continue reading

На 24-ти април не би можеле да се спроведат квалитетни избори, сметаат од ЦИВИЛ

Post Views: 0 На 24-ти април не би можеле да се спроведат квалитетни избори, смета претседателот на центарот за слобода-ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Оваа констатација доаѓа како резултат на проценките на неговата организација која долги години наназад ги следи изборните процеси во Македонија.  Цивил во сериозна комуникација и консултација со широка експертска група, која вклучува и меѓународни експерти со кои често соработуваме, дојдовме до заклучок дека навистина нема многу време до 24-ти април. Технички и стручно гледано, не веруваме дека има услови тие да се спроведат квалитетно. Без разлика...

Continue reading

ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта

Post Views: 11   ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта.  Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Причина за ваквата одлука е што ова детско катче после цели 11 години пред десет дена целосно е реконструирано, адаптирано и проширено, со помош на средства во висина од 8.000 евра доделени од амбасадата на СР Германија. Проектот е реализиран во соработка со Локалната самоуправа, од Охрид. Општината сакајќи да го зачува во добра состојба му одреди стопан. Генералниот став на локалната е за одредени добра во градов  да има точно...

Continue reading

Општина Охрид по четврти пат ќе го покрие долгот што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија

Post Views: 0 Општина Охрид ќе го покрие долгот во висина од околу 300 000 ден. што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија. Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Градските избраници по четврти пат носат ваква одлука откога пред три години ЕВН му ја исклучи струјата на ова училиште поради неплатен долг. Причина за тоа е блокираната сметка на школото поради спорот кој веќе години наназад го води со физички лица кои се сопственици на дел од дворот на училиштето. Уште при носењето на првата одлука од страна на градоначалникот беше ветено  дека проблемот со блокираната...

Continue reading

Сопствениците на менувачниците и златарите на средба со преставници од СВР

Post Views: 4 Васил Маркоски, сопственикот на менувачницата „Васко М“ која неодамна беше цел на крадци, денес заедно со остнатите сопственици на менувачници и на златари од Охрид, на заедничка средба со полицијата. Маркоски раскажа за неговиот случај кога во менувачницата на сред бел ден било извршено разбојништво, а неговата сопруга која се наоѓала на благајната била преплашена. За среќа тој навреме интервенирал па крадците избегале без плен. Со полицијата соработката треба да биде на едно повисоко ниво и службениците да се поприсутни во чаршијата и тоа во униформи а не во цивилна...

Continue reading

Новиот директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со полни раце работа

Post Views: 11 Новиот директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски со полни раце работа. За овој неполн месец од кога е поставен на оваа функција во оваа институција се направи внатрешна реорганизација како во програмското оделение  така и во народниот театар. Изготвени се акт за внатрешна организација  и за внатрешна систематизација и сето тоа веќе е поминато во Министерството за култура.Во иднина сите овие луѓе кои работат во администрација ќе си ги добијат соодветните места. Намерата ми е убаво внатрешно да се распопредат за да можат да се постигнат подобри...

Continue reading

Се зголемува бројот на заболени од грип

Post Views: 2 Во Охрид расте бројот на заболени од грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека допочетокот на 2016та година бројот на заболени бил многу мал. Имало по 10 до 15 случаи неделно. Во текот на првата недела од оваа година биле регистрирани 45 нови случаи, а втората недела се зголемил на 69. Моментално бројката на заболени од грип кои се пријавени во центарот е 103. Се очекуваше вакво зголемување на бројот на заболени од грип  посебно тоа е карактеристично за јануари и, а посебно за февруари кога е шпицот на ова заболување. Посебен проблем преставуваат променливите временски...

Continue reading

ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица

Post Views: 0 ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица. Според нив овој проект е само уште еден обид на моќниците од ВМРО-ДПМНЕ, на неуставен и противправен начин да се стекнат со имот кој е во сопственост на РМ, на граѓаните или на МПЦ и тоа имот кој е дел од најатрактивните крајбрежни зони на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица. Изградбата на експресниот пат и ски центарот на Галичица се само параван зад кој се кријат лични интертеси на локални и државни моѓници кои имаат за цел да се изградат четирите најавени хотели кај автокампот Градиште,...

Continue reading

Кривична пријава против струшкиот градоначалник Зијадин Села

Post Views: 9   Кривична пријава против струшкиот градоначалник Зијадин Села. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава протоив него и уште тројца други.  За ова дело се товарат и Р.Х., раководител на секторот за урбанизам при општина Струга, Ѓ.Д., претседател на Комисијата за легализација на бесправно изградени објекти при Општина Струга и В.Л.А., директор на Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура. Градоначалникот на општина Струга и одговорно лице...

Continue reading

Охриѓани го прославија Денот на Рибарите

Post Views: 0   Охриѓани го прославија Денот на Рибарите. На култното место Сараиште каде се празнувал од памтивек, со староградските песни на групата Билјана јуниор, со рибната чорба која ја подготвија учениците од СОУ „Ванчо Питошески“, традиционалната пача направена од студентите на гастрономската насока на ФТУ, вино и топла ракија,  уживаа граѓаните кои пристигнаа во голем број од сите краеви на државава, па и од странство. Овој настан подеднакво е интересен и за најмладите, но и за повозрасните генерации. Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека Денот на рибарите е еден белег...

Continue reading

Петар Рупески по трет пат најсреќен

Post Views: 4 Петар Рупески по трет пат најсреќен меѓу стотината верници кои денеска скокаа по Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј. Дваесет и шестгодишниот варошанец  последен пат го фати крстот пред две години кога посака среќа во животот и вработување. Чуството е како прв пат да го фаќам крстот, секогаш е посебно, пресреќен сум што и годинава бев благословен од бога. Иако е многу ладно многу ми е топло во душава. Нема никакви посебни подготовки зџа овој чин. Крстот ќе го фати оној кој е предодреден...

Continue reading

Локалната самоуправа додели 50 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид

Post Views: 3   Локалната самоуправа додели 50 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид. Ова веќе е традиционална активност која се спроведува на 18ти јануари, ден спроти големиот христијански празник Богојавление- Водици. Пакетите содржат прехранбени производи и средства за лична хигиена кои се неопходни во секојдневното живеење. Со оваа хуманитарна акција ние само за миг им помагаме на граѓаните од ранливите категории. Сакаме и тие барем малку да ја почуствуваат топлината на празниците. Заедно со Црвен крст и понатаму ќе спроведуваме вакви акции во текот на целата година,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top