Post Views: 2
11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул во болницата „Аџи Бадем“ каде малиот Кирил треба да биде опериран од малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок кај реномираниот неврохирург д- р Мемет Озек.
Драги наши пријатели, сограѓани и граѓани на Македонија. Најпрво од срце ви благодариме за вашата несебична помош, хуманост и љубов. После многу консултации со многу клиники (Израел, Германија, Велика Британија, Швајцарија, Австрија) и многу доктори неврохирурзи и онколози решено е лекувањето на Кирил да се спроведе во Турција во...
Post Views: 1
Дел од родителите на учениците во трета година во средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ кои во средината на април треба да одат на екскурзија во Будимпешта и Виена, реагираат на начинот на плаќање на сумата за екскурзијата. Оваа тура чини 200 евра, а како најдобар понудувач на тендерот кој го распиша училиштето е избрана ТА Вис пој. На родителската средба која се одржала во месец декември на родителите им било кажано дека сумата ќе се плаќа на три рати. Но поради доцнење на целокупната процедура околу изборот на агенција сега сумата ќе треба да се плати на...
Post Views: 1
Локалната издвои уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта. Со ова ќе се заокружи проектот со кој треба да се уреди просторот околу Самоиловите тврдини кој е се поатрактивен за туристите кои доаѓаат во Охрид. Но опозиционерите реагираат дека општината не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства.
Овие два милиони денари треба да бидат прикажани транспарентно и да биде кажано како и каде ќе се потрошат. Ова треба да биде дел од една годишна програма. Не смееме паушално да издвојуваме пари од буџетот за кои...
Post Views: 4
Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сервисот на Локланата самоуправа поднесени се 936 барања. Секојдневно се доставуваат по десетина, кажува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Но, само оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, објаснува Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ, а тоа е 31 март.
Сеуште службите не се започнати со решавање на предметите кои се веќе стигнати...
Post Views: 2
Охрид наскоро ќе добие три подземни контејнери. На последната седница на совет беа одредени локациите каде што ќе бидат поставени. Подземните конејнери ќе бидат распоредени в долж улицата Македонски просветители и тоа едниот кај некогашната стара стоковна куќа на пресекот со улицата Даме Груев, другиот на пресекот на Македонски просветители со улицата Димитар Влахов и третиот наспроти маркетот Рамстор. Оваа иницијатива е дел од реализација на проект од Центарот за Развој на Југозападниот плански регион. Сметаме дека ова се најсоодветните локации за поставување современи...
Post Views: 6
После премиерата на преставата Стари времиња, проектот ИмпроВокација, серијал на една нова форма театарски импровизации на актерите, како и детската претстава Убавицата и ѕверот, следува уште една премиера. Актерите од охридскиот народен театар во подготовка на претставата Парламентарки, според Аристофановата “Жени во Народното собрание”. Претставата е во режија на Ненад Витанов, а ќе биде изведена кон средината на април. Денес глумците ја имаа првата читачка проба за оваа престава.v
Post Views: 8
Започнаа работите на терен за изградба на затворениот базен. На површина од 15 000 метри квадратни се копа за да се постават основите за затворениот пливачки базен со димензии од 33 на 22 метри. На тој простор предвидено е да се направат и трибини со над 500 седишта. Се чини дека се поизвесно е дека по долги години искчекување Охрид и охриѓани ќе добијат затворен базен во чии рамки ќе има и деловен простор.
Имам информација дека работите се интензивираат и дека се оди по зацртаниот план. Ако се работи со оваа динамика, за три години, како што ветија од Агенцијата за...
Post Views: 0
Со преставата Убавицата и ѕверот охридскиот народен театар ја започнува театарската сезона на детски престави. Оваа премиера ќе биде изведена од петмина актери кои со својата сензитивна игра имаат намера да ја привлечат не само помладата публика туку и повозрасните. Тоа всушност е една љубовна драма во која може дa се видат вистинските вредности на човештвото преку одредени ликови кои играат во преставата. Тоа е една драматургија убаво извезена, вели директорот на охридскиот народен театар, Горан Стојаноски.
Јас успеав да видам неколку од пробите и сватив дека се...
Post Views: 0
144 животи во текот на минатата година во РМ згасна како последица на сообраќајни незгоди. Оваа бројка и тоа како загрижува затоа граѓаните, посебно помладата популација треба да се едуцираат што е тоа сообраќајна култура и без исклучок да ги почитуваат поставените знаци. Игор Иџе Стефаноски, наш двократен европски првак во автомобилизам заедно со својот тим денес беше дел од караванот во Охрид посветен на безбедноста во сообраќајот. Тој на учениците кои беа присутни во СРЦ „Билјанини извори“ им се обрати укажувајќи им колку е важно да бидат совесни возачи, но и пешаци.
Сакам...
Post Views: 4
Роденденот на Христо Узунов, еден од најголемите македонски револуционери, човекот кој својот живот го положи за слободата на Македонија, заборавен. Со исклучок на неколку почитувачи на неговиот лик и дело кои положија цвеќе на неговата биста во паркот кај градскиот плоштад, ниту една институција не се сети на овој голем македонец. Ова го наметна прашањето колку знаеме да ги почитуваме вистинските вредности и да им одадеме почит на оние кои тоа го заслужиле. Историчарите сугерираат сериозно да се замислиме околу ова прашање бидејќи доколку не си го почитуваме минатото...
Post Views: 12
Во основното училиште „Св.Климент Охридски“ се подготвува специјална училница за децата со посебни потреби. Таа ќе биде направена по сите стандарди за да ги задоволи нивните барања и да им го олесни процесот на учење. Училницата се прави во соработка со Црвен крст од Охрид и треба да биде комплетирана во текот на наредните месеци. Покрај оваа училница планирано е да се направи и тоалет за децата со хендикеп кој ќе им овозможи самостално да ги извршуваат своите физиолошки потреби. Ова училиште е единствената образовна институција во градов каде учат деца кои имаат...
Post Views: 7
Туристичката сезона 2015та многу поуспешна од 2014та. Ова го покажуваат податоците од Секторот за туризам и локален туристички развој. Бројките кажуваат дека има подобрување на вкупниот број на гости и во однос на наплатата на туристичката такса, а и во бројот на остварени ноќевања. Во 2015 за 6,6% остварените ноќевања се поголеми од минатата година, со тоа што ноќевањата на домашни гости се намалени за 2,9%, а во однос на тоа пак ноќевањата на странски гости се зголемени за 11,4%.
Ова се податоци од ТЛЕР и тие се поклопуваат со оние од Државниот завод за статистика...