Автор: Јаковлева Лионела

Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет

Post Views: 4 Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет од домаќинствата. Мештаните уште вчера утрото го извадија сметот од своите домови за ЈП „Комуналец“ да го подигне како што е предвидено со програмата за подигање на отпад во која стои дека понеделник и четврток се  денови одредени за тоа, но камионот на „Комуналец“ не помина вчера. Сметот не беше подигнат ниту утрово па кучиња и мачки го разнесуваа по улицата. Токму денес од ЈП „Комуналец“ не информираа дека имале мал технички дефект на едното возило и задоцнале да го подигнат отпадот. Сега е веќе...

Continue reading

Внимавајте што и од каде купувате

Post Views: 0 Внимавајте што и од каде купувате. Внимателно читајте ја декларацијата на производите и нека не ве залажуваат празничните попусти да пазарувате од непроверени места, советуваат од Организацијата на потрошувачи. Посебно да се води сметка од каде се купуваат детски играчки да не се увезени на црно и да немаат некои вештачки бои и материи кои можат да бидат опасни по здравјето на дечињата. Отворете очи и кога купувате храна и пијалоци, вели Вангел Спироски, од охридската ОПМ. Тој додава дека за време на празниците и пред тоа граѓаните многу често купуваат техничка стока...

Continue reading

Каква година испраќаме

Post Views: 2 Ги одбројуваме часовите од 2016та. За некого година која ќе ја памети, а за некого година која сака што побрзо да ја заборави. Многу настани ја одбележаа годината на одминување, од политички турбуленции во државаа, протести, контрапротести, избори, културни настани, кои поуспешни кои помалку, спортски настани со издвојување на Олимпијадата и многу други.Како некои од личностите од јавниот живот во Охрид ја доживеаја 2016 и по што ќе ја паметат? Оваа година е една од потензичните на политички план кога политичката криза доживеа кулуминација и после овие предвремени парламентарни...

Continue reading

Колку пари толку празнување

Post Views: 9 Нова година и Божик се празници кои по летувањето се најголем удар за домашниот буџет. Едно семејство од 4 члена може да потроши дури една плата од десеттина илјади денари и тоа доколку се одлучи најлудата ноќ да ја помине дома.  За празниците секогаш се троши повеќе од што се има: за подароци, за украсување, за облека и секако за богатата трпеза која ја подготвуваме. Колку буџетот на граѓаните им дозволува да празнуваат? -Се нема пари, секоја година е се потешко, вели еден наш сограѓанин. -Се е скапо, а парите се тие. Купивме некои работи за да се одбележи денот и пакетчиња...

Continue reading

Локална:нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин

Post Views: 4 Нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин, велат од Локалната. Од таму објаснуваат дека одобрението за градење на хотелот  е издадено во законски пропишана процедура со прибавување на сите потребни документи пропишани според законот за градење. Додаваат дека не станува збор за хотел со шест ката, како што обвинуваа мештаните од оваа населба и дека се гради во согласност со одобрението добиено од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски. Лилјана Јоноска, претставник од секторот за урбанизам,ги покажа сите документи кои...

Continue reading

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ е отворена нова галерија на икони

Post Views: 37 Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 40 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век, вели Отец Диме Азески. Ние се трудиме да ги информираме посетотелите за оваа галерија. На огласната табла на влезот на црквата имаме напишано...

Continue reading

Во Охрид ќе има дочек на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 4 Во Охрид ќе има дочек на новата година на градскиот плоштад. Од Локaланата велат дека иако некои општини ги откажаа прославите на плоштад, Охрид како туристички центар каде се очекува да пристигнат неколку илјади гости, не се откажува од оваа традиција. Од буџетот на општината за оваа намена се издвоени околу 5000 евра. Прослава на плоштад ќе има и за туристите и за охриѓани, но сеуште не се знае кој ќе ги забавува. Се шпекулира дека годинава нема да има некое познато име од македонската естрада туку дека забавата ќе ја прават локални уметници и групи. Секторот за култура...

Continue reading

Сеуште се испитува од каде доаѓа непријатната миризба во Охридати

Post Views: 3   Жителите од блокот згради на улица „Партизанска“ со пресекот на улицата „Асном“ од минатата недела мака мачат поради неподносливиот мирис од хемикалија кој се шири во нивните домови. Тие поднеле писмено барање до комуналната инспекција од каде им било кажано дека ќе извршат увид на терен. Од Локланата велат дека инспектор по животна средина и претставници од ЈП „Нискоградба“ уште во петокот биле во овој дел на градот да проверат за што станува збор. Она што екипите на ЈП „Нискоградба“ го утврдиле е дека шахтите се чисти и дека нема никакви остатоци на масло, нафта...

Continue reading

Општина Охрид изнаоѓа разни механизми за справување со долгот

Post Views: 8 Општина Охрид досега има исплатено над 14 милиони евра од долгот кој го наследи од претходната власт. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека се изнаоѓаат разни механизми за намалување на долгот и растеретување на жиро сметката на локалната. Општина Охрид изнаоѓа разни механизми за справување со долгот кој општината го наследи и кој изнесува околу 40 милиони евра. Борбата со долговите на општина Охрид се одвива на повеќе нивоа. Едно од нив е сервисирање и репрограмирање на тие долгови по основ на исплата на долговите на рати и преговарање со оние компании или физички...

Continue reading

Книгата „Петар Чаулев- син на ВМРО“ промовирана пред охридската јавност

Post Views: 17 Промовирана книгата „Петар Чаулев- син на ВМРО“ од доц. д-р Никола Митровиќ- Бабе. Ова дело се заснова врз револуционерниот пат на охридскиот војвода Петар Чаулев кој заедно со Александар Протогеров и Тодор Александров бил дел од ЦК на ВМРО и една од централните фигури во македонското револуционерно движење. Прикажани се различни историски премрежја од тој период, како и начинот со кој Петар Чаулев се справувал со револуционерните предизвици. Ова е доста значајно дело и за историчарите и за обичните граѓани бидејќи ова е едно од првичните дела за Петар Чаулев кое воопшто...

Continue reading

Реконструкција на Кејот „Македонија“ ќе почека

Post Views: 11   Реконструкција на Кејот „Македонија“ ќе почека. Првиот обид за пронаоѓање изведувач на градежните работи, заврши неуспешно. Од Локалната ни дадоа кратко објаснување зошто тендерот пропаднал. –Тендерот за реконструкција на кејот „Македонија“ не успеа , бидејќи согласно Член 120 од Законот за јавни набавки понудената цена  беше повисока од проценетата. Новиот тендер  за реконструкција на кејот „Македонија“ е распишан и нема измени во условите. Локалната самоуправа согласно вториот тендер за избор на фирма што ќе ги реализира изведбените работи на Кејот „Македонија“, ...

Continue reading

Новогодишна хуманитарна продажна изложба

Post Views: 2 Црвен крст Охрид и Лаунџ бар НОА ја најавуваат новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица при Црвен крст, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата. Средствата кои ќе бидат собрани од оваа хуманитарно-продажна акција ќе бидат наменети за ранливата категорија за деца од социјално загрозените семејства деца од самохрани родители, деца без родители, деца со специјални потреби и деца од згрижувачки семејства. Со нив ќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top