Автор: Јаковлева Лионела

Хотелиерите со полна пареа се подготвуваат за новата туристичка сезона

Post Views: 0 Јапонци, кинези, корејци, пољаци, но и гости од Иран од повисоката класа ќе престојуваат ова лето на охридско-струшката ривиера. Веќе од месец април има доста закажани тури со кои ќе доаѓаат туристи од овие земји, а во почетокот на мај започнуваат да доаѓаат холанѓаните кои ќе бидат присутни се до октомври. Хотелиерите забрзано се подготвуваат за престојнава сезона само се надеваат дека нема да има никакви немили настани во државава кои негативно ќе се одразат на туризмот. Очекуваме една добра сезона ако ситуацијата во државата биде стабилна. Минатата година беше избегличката...

Continue reading

Чарлс Симиќ е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 14 Чарлс Симиќ поет од САД е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2017 година. Ова беше соопштено денеска на свеченоста во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Со наградата „Златен венец“, како што стои во одлуката, се наградуваат високите уметнички достигнувања на Симиќ, особениот поетски израз и поетиката на страсното и луцидно сведоштво на новото време. Тој е познат на сите меридијани, на сите континенти, ги има добивано сите најзначајни награди во Америка, а некои и во Европа, а еве сега се закити и си Златниот венец...

Continue reading

Охриѓанчињата од градинката „Јасна Ристеска“ го поздравија доаѓањето на пролетта

Post Views: 0 Со весела песна и игра над 500 охриѓанчиња го поздравија доаѓањето на пролетта. На првиот пролетен ден децата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари и што уште не. На градскиот плоштад се чуствуваше радоста и раздвиженоста која доаѓа со пролетта. Програмата ја следеа голем број родители, баби и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа како нивните најмили танцуваат и пеат, прикажувајќи што научиле од своите наставнички во градинките каде што престојуваат. На манифестацијата учествуваа дечиња на возраст од 4...

Continue reading

Синоќа гореше во стариот дел на градот

Post Views: 4 Синоќа гореше во стариот дел на градот. Во 21часот и 25 минути во противпожарната единица пријавен е пожар на улицата „Петар Чауле“. Веднаш, седум пожарникари и три возила се упатиле на местото каде беснеела огнената стихија, но се соочиле со повеќе препреки. Најпрво возилата се обиделе да стигнат до куќата која горела преку плоштадот, но тоа било невозможно бидејќи единствениот пристап од кружниот тек бил блокиран со мотори. Втор обид бил противпожарните возила да се пробијат од улицата кај некогашната рибарница, но тука ги чекал нов предизвик. Патот бил блокиран со...

Continue reading

Стопирана градбата на хотелскиот комплекс во Лагадин

Post Views: 12 Нови моменти околу изградбата на хотелскиот комплекс во Лагадин. Од вчера, од страна на општинскиот градежен инспекторат e стопирана градбата на овој објект. Уште пред една недела државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упати до Општина Охрид барање да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во една од најелитните населби на езерскиот брег, но тогаш, од секторт за урбанзиам тврдеа дека нема причина за стопирање на градбата бидејќи се е законски во издаденото одобрение за градење на хотелот во Лагдин. Она што беше став на Општина Охрид...

Continue reading

Училишните спортови се враќаат на голема врата

Post Views: 3 По тригодишна пауза, од денес, повторно започнува одржувањето на спортските лиги на мали спортови. Локалната оваа година издвои средства за оваа намена на задоволство на учениците, професорите по физичка култура, но и на сите љубители на спортот. Ќе се игра футсал, пинг понг, шах, одбојка, баскет, атлетика и фудбал. Учениците од сите основни и средни училишта во градов ќе се натпреваруваат во овие спортови во наредниот период. Јоне Станкоски кој е професор по физичко и здравствено образование се надева дека овие спортски лиги ќе имаат континуитет бидејќи се многу значајни...

Continue reading

Пазарната инспекција се подготвува за летниот период

Post Views: 1 Пазарната инспекција интензивно се подготвува за засилени контроли во летниот период. Досега според нивниот годишен план на работа контролирале еднаш месечно, но летово тоа ќе биде позачестено. Посебно акцент ќе се стави на угостителските објекти кои често ги прекршуваат законите .Пазарните инспектори веќе почнаа да контролираат дали летните тераси имаат решение за поставување урбана опрема бидејќи уште на крај на декември советот на општина Охрид ја донесе програмата. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на подрачното оделение на Пазарна инспекција вели дека дополнително...

Continue reading

Основното училиште „Братство и единство“ потонато во мрак

Post Views: 2 Основното училиште „Братство и единство“ потонато во мрак. Поради немање осветлување во дворот на школото учениците кои се втора смена мора да носат со себе некакво светло или пак родителите да ги чекаат по завршувањето на часовите за да можат безбедно да си одат дома. За овој проблем информирана е Локланата и побарано е да се постави осветлување во училишниот двор, но и да се поправи уличното осветлување кое во моментов е во дефект. Од училиштето велат дека 6 години наназад поднесувале барање до локалната да се постават 10 улични сијалични места во дворот и во близина...

Continue reading

Низ градов насекаде се веат државни знамиња

Post Views: 62 Веќе неколку дена низ градов на повеќе локации се вее македонското знаме. Граѓаните прашуваат по кој повод се поставени знамињата и тоа на локации кои општината ги има одредено за поставување на овај симбол кога се празници, кога е ден на жалост или пак имаме посета на градов од страна на некоја делегација. Знамиња има кај кружните текови кај Охридска банка и кај гимназијата, а се веат и на градскиот плоштад. Истакнувањето на знамето на РМ не го одредува општина Охрид. Таа само ги истакнува местата каде може да се постави знамето. Други државни органи или институции...

Continue reading

Државниот студентски дом „Никола Карев“ започна со подготовки за новите станари

Post Views: 2 Државниот студентски дом „Никола Карев“ започна со подготовки за новите станари. Бројката на легла за студенти од 1,2,3, 4, 5 и 6 год. e 231 легло, распоредени во 86 соби. Директорот на домот Марјан Ристески очекува исполнетоста оваа година да биде околу 90%. Тој додава дека во изминатиов период континуирано се работи на подобрување на условите за сместување и во целост се подготвени да ги пречекаат новите студенти. Набавени се нови перални и сушари, ставен е нов лифт и направени се повеќе зафати за уредување на домот. Една од предностите на нашиот дом е добрата локација...

Continue reading

Ќе се гради повеќенаменско спортско игралиште кај економското училиште

Post Views: 2 На просторот кај игралиштето кај средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ ќе се гради повеќенаменско спортско игралиште. Уште пред десеттина дена започнале подготвителни градежни работи на овој простор, а од денес се интензивираа. Ова е дел од проектот на Владата на РМ која преку Агенцијата за спорт и млади треба да изгради 100 игралишта низ државава. Обврска на Општина Охрид беше обезбедување на локации и локациски услови и издавање на решение за градба на истото. А што се однесува до инвестицијата таа е на Агенцијата за спорт и млади. Општина Охрид ги обезбеди...

Continue reading

Филмоција во Охрид

Post Views: 2 Филмоција во Охрид. Институтот за филм – Филмска Академија Охрид го организира својот втор студентски филмски фестивал. Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет, Хасан Приштина од Косово, ФАМУ од Чешка, ФДУ Цетиње од Црна Гора, Универзитетот Јашар од Турција и Национална Академија за Театар и Филм од Бугарија. Нас основната идеја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top