Автор: Јаковлева Лионела

Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ со петиција бараат да се стави крај на непрописното паркирање и задржување на туристичките автобуси

Post Views: 5 Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ веќе две години мака мачат поради непрописното паркирање и задржување на туристичките автобусите и огромниот метеж што се создава пред зградата. И покрај сите напори и алармирања до надлежните служби и до сообраќајната полиција за решавање на овој проблем не е превземено ништо. Потенцираат дека тие како станари на таа зграда се одданочени со највисока ставка на имот за домување па бараат да се почитува правото да ги живеат сите услови кои се загарантирани согласно таа ставка. Станарите на скалестата зграда по пат...

Continue reading

Глисерите и скутерите ќе мора и ова лето да ја почитуваат забраната за пловење

Post Views: 0 И ова лето сопствениците на глисерите и на скутерите ќе мора да ја почитуваат забраната за пловење од 1јули до 31 август со која не смеат да сообраќаат во езерото од 11 ди 19 часот. Иако тие имаа поднесено иницијатива за укинување на оваа забрана од Охридската капетанија било констатирано дека со тоа во голема мера ќе има нарушување на безбедноста во водите на езерото, па затоа таа останува на сила. Заклучокот е донесен врз основа на податоците кои ги имаме за периодот кога нема забрана. Констатирано е дека воопшто не се почитуваат правилата па ова е резултато поради...

Continue reading

Акција на „Жито леб“:Купи еднo, земи две

Post Views: 4 Купи една земи две. Оваа акција денес и утре се спроведува во сите продавници на Жито леб. Купувачите со еден производ од жито леб добиваат еден гратис. Акцијата е на иницијатива на АД Жито леб, а се спроведува заедно со компанијата Огри чие седиште е во Скопје. Новите производи кои денес купувачите можеа да ги вкусат се направени од целозрнести брашна и содржат голем процент диететски влакна, богати се со протеини и се многу здрави за конзумирање во секојдневната исхрана. Има и хроно леб кој е доста актуелен за сите кои спроведуваат хроно диета, а ќе има и уште четири...

Continue reading

ИЗИС:Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува

Post Views: 5 Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува, тврдат од ИЗИС. Тие Денес на пресс конференција кажаа дека опасноста од силен земјотрес е помината па сега се преминува кон утврдување на штетите од претходните. Од она што го знаеме од други земјотреси тлото пополека се смирува. Можеби ќе потрае уште некое време да има послаби потреси , но ќе се смири. Ние со една поголема екипа веќе сакаме да излеземе на терен и да направиме уште една контрола на оние објекти каде се пријавени оштетувања, вели Вероника Шендова- раководител на одделот за конструкции и материјали во ИЗИС. Не...

Continue reading

Користењето на педалинките да се стави во законска рамка

Post Views: 0 Реквизитите за забава во вода мора да се стават под контрола. Од Охридската капетанија велат дека во водите на езерото има околу 150 педалинки кои покрај што се навистина добро средство за рекреација и забава преставуваат и потенцијална опасност доколку правилно не се користат. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски смета дека и овие реквизити мора да се стават под некоја законска одредба со која ќе е регулирано како ќе се користат бидејќи досега не се внесени во Законот за внатрешна пловидба, освен задолжителното носење на спасоносни елеци кои мора секој...

Continue reading

Ново научно дело од областа на нумизматиката

Post Views: 7 Збогатена збирката на научни дела од областа на нумизматиката. Охриѓанката Сања Битрак, археолог и нумизматичар вработена во Археолошкиот музеј во Скопје го престави пред охриѓани научното дело „Монетарна циркулација на Плаошник – Охрид во римскиот империјален период“ на кое работела повеќе 6 години вложувајќи го сето свое знаење и искуство. Книгата содржи 287 примероци на монети пронајдени на локалитетот Плаошник во периодот од 2001 до 2010 година. Монетите се ковани од сребро и бронза од 31 година п.н.е до 337 од нашата ера, односно од времето на владеењето на...

Continue reading

Tрадиционалната вечера-Ифтар

Post Views: 10 Oхриѓини од различни националности синоќа беа дел од Ифтарот или вечерата која се практикува за време на рамазанските пости . На плоштадот кај Чинарот на отворено ИВЗ и Локалната самоуправа организираа заедничка вечера. По залезот на сонцето и ударите на тапанот кој го означија почетокот на Ифтарот, турци, албанци, египѓани и македонци седнаа на заедничката вечера. Покрај големиот број на граѓани и претставниците на исламската верска заедница од Охрид беше присутен и градоначалникот Никола Бакрачески со своите соработници. Бакрачески кажа дека е горд што пред 4 години,...

Continue reading

„Зраци“ ги подобри условите за престој на своите штитеници

Post Views: 5 Дневниот центар за грижа на лица со интелектуална попреченост „Зраци“ ги подобри условите за престој на своите штитеници. Со донацијата од австралиската амбасада во РМ во висина од 5 926 австралиски долари се набави нова опрема за кујната на центарот, техника и мебел. Денес во посета на центарот беше австралиската амбасадорка Џулијан Фини, која го помага центарот веќе две години. Ја придружуваше градоначалникот Никола Бакрачески кој изрази огромна благодарност од оваа нивна соработка. Со реализацијата на овој проект кој беше потпишан во декември значително се подобрија...

Continue reading

Пеш до врвот „Магаро“

Post Views: 11 Пеш до врвот „Магаро“. Планинскиот маратон кој го реализираа двајцата вљубеници во планините, Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески, заврши успешно. Тие изодеа пеш 50 км по Галичица, од Охрид до врвот „Магаро“ и назад до Велестово. Целта на овој нивни пионерски подвиг била да ги поттикнат граѓаните да се раздвижат и да биат дел од природата. Мотото на овој маратон беше„Движи се, да не заборавиш да одиш“. Секој може во текот на денот да најде половина или еден час за да направи некоја физичка активност. За потфатот трениравме секојдневно три и пол месеци. Оваа траса во...

Continue reading

Охридската капетанија ветува безбеден сообраќај во езерските води

Post Views: 1 Охридската капетанија подготвена за новата летна сезона. Покрај вообичаените мерки кои се превземаат пред почетокот на летото набавен е и полесен пловен објект од типот гумењак со пластично дно со мотор од 60тина коњски сили кој ќе служи за инспекциските служби. На терен постојано ќе има еден инспектор и еден помошник кои ќе го контролираат езерото. Ние имаме еден нов метод на работа, а тоа е проактивното работење што подразбира постојано присуство на инспекторите во водите на Охридското Езеро и честа посета на останатите природни и вештачки езера. Проактивното работење...

Continue reading

Во градов има недостиг од контејнери

Post Views: 6 Граѓаните кои живеат во зградите на булевар „Туристичка“ на влезот на Охрид се жалат дека нема доволно контејнери каде да го одлагаат сметот. Објаснуваат дека на тој потег има шест згради, а само два контетјнери. Поради тоа многу често може да се забележи неубава слика околу контејнерите каде има секаков вид на отпад. Бараат од ЈП „Комуналец“ да постават барем уште неколку контејнери, посебно летово кога во тој дел од градов доаѓаат станари кои не живеат тука преку цела година. Скрческа објаснува дека контејнери има но дека во зимскиот период повлекувале дел од нив. Ние...

Continue reading

Има ли решение за дивата депонија во Струга

Post Views: 0 Проблемот со депонијата во Струга, министерот за животна средина Садула Дураку, министрите без ресор Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко како и ВД Градоначалникот на Струга Мустафа Забзун ги седна на маса. Но, и после едночасовен разговор тие не излегоа со конкретно решение за овој горлив проблем. Рекоа дека во моментов се формирани специјални тела составени од експерти кои ќе работат на случајот за да се најде некое краткорочно решение за депонијата која ги труе граѓаните на Струга, а во меѓувреме ќа се бара и простор за изградба на регионална депонија со што трајно ќе се реши...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top