Автор: Јаковлева Лионела

Матурантиде го изиграа својот Квадрил

Post Views: 0 Уште една генерација матуранти од средните училишта во Охрид со изведба на познатиот штраусов танц Квадрил, го одбележаа крајот на средното образование. Точно на пладне, истовремено танцуваа со матурантите од уште шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. Градоначалникот Јован Стојаноски кој со задоволство го проследи овој настан на матурантите им го честита завршувањето на средното образование и им посака секој да си го трасира сопствениот пат и успешно да го изоди. Бидете цврсти во Вашите одлуки да напредувате во животот, само на оној начин кој нема да ги...

Continue reading

Се повеќе велосипедисти, а се помалку простор каде да се вози

Post Views: 0 Се повеќе велосипедисти, а се помалку простор каде да се вози. Локалната сериозно размислува како да ја подобри велосипедската инфраструктура во градов и да направи патеки по кои ќе може да се вози без притоа да се стравува дека може некој да настрада. Сите некако сме го заговарале и како политичари и како граѓани решавањето на проблемот со велосипедските патеки во Охрид и ние како општина во овој период преминавме кон изработка на сообраќајната студија од која треба да произлезе и решението за велосипедските патеки. Тендерот е веќе при крај и наскоро ќе пристапиме кон...

Continue reading

Ќе се прави нов план за управување со сливот на Охридското езеро

Post Views: 1 Ќе се прави нов план за управување со сливот на Охридското езеро. Овај план е од суштинско значење за заштитата и управувањето на езерото, како и на реката Црн Дрим. Планот е билатерален и интегрален и ќе биде изработен согласно Европската рамковна директива за води и националните законодавства на двете земји кои го споделуваат Сливот на Охридското езеро. Ова ќе има и една поширока компонента. ЗА тоа впрочем се залага и премиерот Заев. ДА се стават на маса сите проблеми поврзани околу заштитата на Охридското езеро и неговиот слив и да се изнајдат најсоодветни решенија,...

Continue reading

хридските ракометари утре ќе играат против скопски Металург

Post Views: 5 Охридските ракометари утре ќе се соочат со нов предизвик. Ќе играат против скопски Металург со што нашата ракометна екипа ги продолжува натпреварите во Супер лигата. Металург е екипа која е голем залак за нашите ракометари, но сепак тие се оптимисти дека ќе одиграат добар натпревар и ќе се покажат во најдобро светло.Не чека тежок натпревар бидејќи металург е добра екипа составена од доста репрезентативци кои добро тренираат имаат доста искуство во своите нозе имаат изиграно доста утакмици во СХ лига и лига на шампиони, но сепак очекувам добро да одиграме, а трибините...

Continue reading

Реформите во правото чекор поблиску до владееење на правото

Post Views: 0 По четврти пат во Охрид се одржува охридската школа на правото. Темата е Реформите во правото чекор поблиску до владееење на правото. Со децении наназад едно од клучните барања на ЕУ и комисијата се реформи во правото. Токму заради тоа во Охрид е собрана елитата од Југоисточна Европа бидејќи на конференцијата има учесници од повеќе од осум држави кои ќе говорат на теми од граѓанското право, кривичното, трговското, медицинското право. Целта на оваа конференција е да се подобри законската регулатива, а граѓаните да имаат подобри законски решенија со кои ќе бидат растеретени...

Continue reading

Кои од охридските плажи ќе добијат нови концесионери

Post Views: 2 Дел од охридските плажи ќе добијат нови концесионери, а дел ќе останат кај истите. За сите закупци на кои им завршија договорите во 2017та год. ќе има ново наддавање на кое можат да учествуваат и тие, но можат да се пријават и нови заинтересирани. Со плажата ќе стопанисува оној кој ќе понуди највисока цена на наддавањето. Сите оние на кои им се завршени договорите во 2017 год. се дел од оваа одлука и согласно законските прописи ќе бидат понудени на јавно наддавање. Со уредба на Влада од 2016та година е регулирана цената според која закупците на плажите и плаќаат на општината....

Continue reading

Статутот на ЈП „Градски гробишта“ не претрпе измени на денешната седница на совет

Post Views: 7 Не се изгласа измената на статутот на ЈП „Градски гробишта“. На денешната седница оваа точка не доби мнозинство гласови бидејќи опозицијата гласаше воздржано, а од позицијата гласаа само 11 советници.Недостатокот на гласови беше поради отсуството од оправдани причини на двајца советници од позицијата. Оваа точка повторно ќе биде ставена на дневен ред и статутот ќе го донесеме на следната седница, вели Георгиески. Директорот на ЈП „Градски гробишта“, Ванчо Костоски рече дека доколку не се измени статутот на претпријатието тоа многу негативно ќе се одрази врз неговото...

Continue reading

Општата болница во Охрид и ОУ „Св. Климент Охридски“ денес добија донации

Post Views: 9 Инвалидски колички, кревети, душеци, сталаци за инфузија и друга медицинска опрема доби денес Општата болница во Охрид. Тоа е дел од донацијата која и беше дадена на болницата од страна на Здружението за христијанска помош од Визмар, Германија кое има повеќегодишна соработка со градов. Директорката на болницата Славица Малеска рече дека опремата пред се е наменета за детското одделение, но некои помагала ќе бидат распределени и на останатите одделенија. Секоја донација е добредојдена посебно во овие тешки времиња за болницата. Соработката со здружението ќе продолжи и...

Continue reading

Традиционален натпревар по прва помош

Post Views: 0 Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст- Охрид го организира традиционалниот, 47ми по ред, Општински натпревар. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ги покажаа повеќе од 250 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи во категорија...

Continue reading

Нападнат пловен објект во водите на Охридското езеро

Post Views: 0 Нападнат пловен објект во водите на Охридското езеро и лишување од слобода на опасни лица. Ова беше само дел од тактичко- показната вежба која денеска на пристаништето во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица, во склоп на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција, и презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро. Во присуство на голем број граѓани припадниците на МВР изведоа тактичко- показна...

Continue reading

Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода

Post Views: 1 Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода. МЈП „Проаква“ поради чистење на водоводната мрежа и резервоарите и сервисирање на шиберни шахти и санација на индустриски броила, едно деноноќие го прекина водоснабдувањето на градот. За тоа уште пред една недела ги извести граѓаните, но во соопштението до јавноста беше наведено дека водата ќе биде пуштена до вчера до 19 часот, а вода граѓаните добија со задоцнување од пет и повеќе часа. Во текот на акцијата се соочивме со проблем на главниот доводен цевковод од 700милиметри кој доаѓа од пумпната...

Continue reading

Ќе се врши реконструкција на улицата „7ми Ноември“

Post Views: 1 Ќе се врши реконструкција на улицата „7ми Ноември“. Локалната тоа го предвиде со годишната програма бидејќи според сондажите кои се направени од страна на Секторот за комунален развој сообраќај и патишта оваа сообраќајница која е една од поглавните артерии во градов навистина е во незавидна состојба. Коловозот е исрешетан со ударни дупки, тротоарите на добар дел од улицата се ископани или воопшто ги нема, велосипедските патеки кои се направени уште пред четириесетина години се издигнати над коловозот и никој не ги користи, а на делот пред маркетите кои се сконцентрирани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top