Post Views: 2
Весна Терзиоска, педагог во основните училишта во Велгошти и Лескоец, по се изгледа ќе биде новиот директор во Основното училиште „Христо Узунов“. Таа е една од двете кандидатки кои имаат конкурирано за ова престижно место. Втората кандидатка е Дијана Јулоска, педагог во Основното училиште во Белчишта, Општина Дебрца. Иако на големо се зборуваше дека поранешните директори на основните училишта „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“ дадоа оставки на само два месеци од истекувањето на нивниот втор мандат со цел истите повторно да бидат поставени на челната позиција на овие...
Post Views: 1
Одржувањето на дел од водоснабдителниот систем Од ЈП „Нискоградба Охрид“ преминува во МЈП „Проаква“. Официјално ова треба да биде потврдено е на Седницата на Општина Охрид која ќе се одржи во четврток. Ова се јавило како потреба по направените сондажи во двете претпријатија. Раководителот на РЕ „Водовод, канализација и колектор, Струга“, Ваит Ајро вели дека се докажало дека пред две години се направила голема грешка кога се одлучило со дел од водоснабдителниот систем во Охрид да стопанисува „Нискоградаба“.
„Јас лично бев против да се превземат одредени услуги од МЈП...
Post Views: 0
10 февруари. Телефонски повик до редакцијата на ТВМ. Се јави познат екологист од Охрид. Новинари брзајте, земете камера и доаѓајте во каналот „Студенчишта“. Се случи природен феномен. Јата на плашици се собрани во каналот. 11 февруари, нов момент. Не е феномен туку еколошка катастрофа. Помор на плашицата. Тогаш претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“, Радован Димитриески рече дека „Каналот Билјанини извори, наместо туристичка атракција стана мистерија“. На терен излегоа и сите надлежни институции. Меѓу нив беше и државниот инспектор за земјоделство...
Post Views: 0
Каде се 50те милиони евра, пари на граѓаните кои Локалната ги потроши за овие седум години, а за возврат не направи ништо? Како се создадени нови долгови од околу 15 милиони евра кога Градоначалникот Александар Петрески рече дека пред три години сите заостанати долгови Локалната ги исплатила? Зошто од страна на Општината се бојкотираат проектите како изградба на здравствен дом, изградба на покриен базен, реновирање на спортската сала во Велгошти и изградба на нови игралишта. Ова се прашања кои Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ги упатува до Градоначалникот на Охрид....
Post Views: 7
Ова е резултат на посетувањето на едногодишната ипа програма за меѓугранична соработка меѓу Р.Македонија и Р. Албанија,а финансирана и подржана од Европската унија. Елизабета Петанова, координаторот на проектот вели дека очекуваат дел од кандидатите кои ги посетувале обуките да се пријават на програмата за самовработување и да добијат грант од 3000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис.
За полесно остварување на целта, а тоа е започнување со сопствен бизнис креиран е меѓуграничен советодавен комитет. Тој се состои од три членови од Македонија и три...
Post Views: 6
Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната. Поголемиот дел од нивните сопственици тврдат дека таа има селективен однос и дека за некои е мајка а за други маќеа. Ваквата реакција е резултат на тоа што за учество на саемот во Белград кој се одржа неодамна од Секторот за локален економски развој не добиле никаква покана. Од десеттината локални агенции кои работат во Охрид, официјално била поканета само една. Филип Стефаноски, регионалниот директор на Т.А. „Летс травел“ вели дека покана од официјални лица кои работат во туристичката бранша и од Локалната самоуправа...