Post Views: 8
Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца со протестен марш го изрази својот револт од присилното иселување на Главниот одбор на Сојузот од неговите простории во Скопје. Тие побараа државата да покаже поголема почит кон воените ветерани што ја извојувале слободата чии придобивки ги уживаме денес.
Со мерките за присилното иселување на Главниот одбор на Сојузот на борците на Република Македонија од работните простории во Домот на инвалидите во Скопје се сака да се згасне главнината на боречката организација, како невладина и непартиска. Со тоа се прави...
Post Views: 0
Мал број охриѓани ќе ги дочекаат новогодишните празници во странство. Во агенциите во градов се нудат интересни аранжмани, но интересот кај нашите сограѓани е мал. Причини за тоа има повеќе, велат туристичките работници. Најголема секако е економската криза, но и старите навики на охриѓани во последен момент да се одлучат каде за најлудата ноќ, вели Елида Битрак од туристичката агенција „Елидатурс“.
Битрак кажува дека најинтересни дестинации за охриѓани се оние кои се во близина на нашата земја. Интерес има и за Истамбул. Овој аранжман чини 6800ден, а во него се вклучени...
Post Views: 1
Охрид окован во мраз. Снегот кој наврна го парализира градот, велат граѓаните. Тие додаваат дека тешко се движат по неисчистените коловози и тротоари кои поради натапканиот снег се претворени во лизгалници. Не можеме ниту до продавница да одиме, а се плашиме и нашите деца да ги пуштиме на училиште, вели една наша сограѓанка која својот револт го искажа јавувајќи се во нашата редакција. Особено реагираат жителите од периферните делови на градот кои се жалат дека се потполно заборавени. Надлежните излегуваат со изјави дека максимално се ангажираат и чистат, но ние не...
Post Views: 0
Ентузијазмот, добрата воља и нешто малку опрема е она со кое располага охридската екипа за спасување на планина. Во овие зимски услови помошта на оваа екипа на многу граѓани, а особено на оние кои живеат во планинските предели може да им биде неопходна, но ретко кој ја сфаќа сериозноста од нејзиното постоење, вели Антонио Додевски, секретарот во охридскиот Црвен крст.
Опремата со која располага оваа единица 70% е лична, а само 30% црвениот крст ја обезбедил преку донации и нивни партнери како што е Црвениот крст од Германија и операцијата Флоријан од Англија. Додевски...
Post Views: 15
Гимназијата Св. Климент Охридски си го доби својот некогашен лик по кој била препознатлива надалеку. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите простории во нејзиното поткровје. Како што рече градоначалникот Александар Петрески на старата дама и се врати нејзиниот француски шешир. Тој потсети дека градбата на поткровјето започна во 2006 година, а се реализира со средства од Локалната самоуправа и Светската банка.
Градоначалникот кажа дека покрај овој дел се реновирани и внатрешните простории, а обновена е и фасадата на Гимназијата. Целата таа инвестиција чини...
Post Views: 0
Центарот за јавно здравје се поднови. Набавени се неколку софистицирани апарати со што ќе се подобрат здравствените услуги на граѓаните. Новите апарати се сместени во микробилоошката лабораторија како и во санитарната лабораторија, а ќе се користат за правење анализи на крвта како и за анализи на храната и водата. Еден од апаратите служи за брзо откривање на бактериите во крвта. Со него се добиваат 96 анализи во минута а резултатите се со 100 процентна точност. Доколку резултатот е позитивен се добива антибиограм со 30 можни антибиотици.
„Здравствените услуги за кои...
Post Views: 0
Изградбата на комплексот во Љубаништа од мултимилионерот Субрата Рој и изградбата на хидроаеродромот стигнаа и на седница на совет. Денес по оваа точка се дискутираше на 56 седница на Советот на Општина Охрид која по обичај започна со задоцнување и тоа овојпат дури со час и половина. Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е дека за ваква тема не треба да се дискутира на совет, Но Градоначалникот со објаснување дека за толку важни прашања за градот мора да се слушнат мислењата и ставовите на советниците како и на експертите. Петрески уште еднаш го потврди својот...
Post Views: 7
Преку продажба на стара хартија и пластика, до ново возило за децата со посебни потеби. Оваа акција ќе се спроведува во текот на месец декември под мотото „Отворено срце“. Во неа се вклучени сите основни и средни училишта, како и градинките во Општина Охрид. Сашо Алчев, директорот на ЈП Комуналец и еден од организаторите на оваа акција вели дека се е подготвено за нејзино успешно реализирање.
Возилото кое ќе се набави со собраните средства ќе им служи на децата со посебни потреби за прошетки во и надвор од градов. За неговото одржување ќе се грижи Локалната, која ќе...
Post Views: 5
10 граѓани денес ја искористија можноста бесплатно да се тестираат за ХИВ СИДА. Оваа акција беше дел од активностите кои невладината организација Опција и Црвениот крст од Охрид ја спроведоа по повод светскиот ден за борба против сидата. Охриѓани ја поздравија ваквата иницијатива.
Претставниците од невладината организација Опција кажаа дека вакви акции се спроведуваат во текот на целата година. Секој месец специјалното возило во кое анономно и бесплатно се прават тестовите за ХИВ СИДА доаѓа од Скопје. Тетирањата се прават на два пункта и тоа кај седиштето на Опција...
Post Views: 1
Нови вработувања, загуби, неисплатени плати, недомаќинско работење и уште многу други квалификации и обвинувања секојдневно се упатуваат на адреса на Јавните претпријатија во градов. Овие претпријатија се сервис и крвоток на општината и во нив се слеваат пари од граѓаните па тие имаат право да знаат во каква кондиција се наоѓаат истите. Најголемото, МЈП „Проаква“ години наназад се бори со долгови. Директорот Златко Старкоски појаснува дека загубите во 2012 се намалени за 50% и дека претпријатието во ова година донело санациона програма со која се инвестирало само...
Post Views: 3
Охриѓани и гостите ќе се сончаат на вештачки плажи, ќе се коцкаат во казина на вода, ќе ги паркираат своите глисери и јахти во модерна марина, а помеѓу две посети на луксузни спа центри ќе можат да удрат и по некое голф топче. Дали сето ова ќе се оствари, односно дали ќе се изгради амбициозниот проект Сахарајан Македонија ќе покаже времето. Граѓаните со поделени мислења околу тоа. Дел од нив се оптимисти, а дел велат дека ова е само предизборна игра.
Градоначалникот Александар Петрески ја подржува идејата за изградба на ваков елитен комплекс во Љубаништа, но тој реагира...
Post Views: 3
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ прашува каде се средствата собрани од наплатата на давачката за јавна чистота која граѓаните веќе една година му ја плаќаат на ЈП Охридски Комуналец. Тие тврдат дека при анализа на приходната страна на буџетот на Општина Охрид увиделе дека овие средства не се прикажани. Објаснуваат дека како што се прикажани средствата кои ЕВН ги прибира од граѓаните по основ јавно осветлување исто така во приходната страна од буџетот треба да ги има и овие средства. За советниците од ВМРО ДПМНЕ не е јасно зошто Локалната во посебна расходна програма...