Post Views: 0
Одделот за интервентна кардиологија кој е отворен пред 6год во рамките на Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој, потенцираше директорот Д-р Никола Бакрачески. Тој кажа дека илјадници граѓани не само од Охрид туку и од поширокиот регион како и од соседните градови на Р. Албанија се спасени токму на овој оддел.
Бакрачески рече дека бројот на здравствените услуги во оваа установа е пораснат за 300 до 500%, а во одредени оддели тој е зголемен и над 1000%. Зголемен е бројот на пациентите третирани во интензивна нега, а рапидно расте и бројот...
Post Views: 0
Александар Петрески, актуелниот градоначалник и кандидат за трет мандат на денешната пресс конференција укажа на голем број неправилности со кои се води кампањата од страна на нивните опоненти. Тој рече дека додека тие засадувале дрвца по повод денот на пролетта, луѓето од ВМРО ДПМНЕ кршеле изборни штабови од СДСМ и затварале фирми. Петрески изнесе и сознанија коишто им ги пренесле граѓаните за разни други притисоци. Како пример го посочи подметнувањето на обрасци за плаќање данок кои се фалсификат.
Петрески рече дека начинот на кој се води оваа кампања од страна на...
Post Views: 1
Согледувајќи ги изминатите осум години од работењето на Александар Петрески и СДСМ во Охрид можеме да кажеме дека тоа беше време на лаги измами и бесмислени манипулации, рече денес на пресс конференција Харалампие Шокаровски, пратеникот од редовиоте на ВМРО ДПМНЕ. Тој потенцираше дека доколку Петрески ги негира обвинувањата за нереализираните ветувања тие се тука да го потсетат што се ветил, а неостварил.
Дел од лажните ветувања се и реализацијата на програмата за рурален туризам, изградбата на современ пазар и современа автобуска станица како и изградба на регионален...
Post Views: 3
Секторот за локален економски развој тема на денешната прес конференција на Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Бакрачески потенцира дека и после осум години овој сектор сеуште е на ниво на хипотези, теории и дисертации. Тој додаде дека луѓето кои го водат овој сектор досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот.
Бакрачески рече дека за да се остварат овие предуслови и да се забрза локалниот економски развој во нивната програма предвидени се неколку сериозни проекти. Тоа пред...
Post Views: 5
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш со обвинувања дека пропаста на сите претпријатија, на сите големи фирми во Охрид било резултат на криминалната приватизација изведена од Бранко Црвенкоски и олигархијата на СДСМ. Секој обид да се префрли вината на друго место според нив е само потврда на она што еднаш веќе го кажале дека злосторниците се враќаат на местото на злосторството. СДСМ да говори за фабриките во Охрид кои ги уништија е понижување на граѓаните и рамно на политичко самоубиство од грб,Наместо да си играте со чувствата на луѓето и да ги манипулирате, поделете им...
Post Views: 0
Сашо Донев, кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и претседател на Унијата на млади сили на денешната прес конференција рече дека една од најцрните точки од владеењето на Александар Петрески и СДСМ со Охрид е нивната незаинтересираност за креирање на што подобри услови за младите во нашиот град. Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ ќе се залага за реализација на проекти во спортот и за развој на Индустријата преку создавање на Индустриска зона со што ќе се отворат нови работни места кои се неопходни за враќање на младите во Охрид.Тој им порача на младите...
Post Views: 1
Независниот кандидат за градоначалник, Васил Ристески денес обелодени дел од својата изборна програма. Тој рече дека проект број еден ќе му биде поврзувањето на коридорот 8 и 10. Тоа ќе значи автопатско повзување на Гостивар-Охрид- Росоман и Градско. Ристески потенцира дека иако изградбата на овој автопат не е во надлежност на Локалната со добар проект може да се убеди централната власт за истиот да се реализира
Ристески истакна дека изградбата на овој автопат е од пресудно значење за целокупниот развој на овој регион и додаде дека со тоа ќе се овозможи формирање на...
Post Views: 7
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Д-р Никола Бакрачески денес се сретна со лиценцираните туристички водичи. Тој ги слушна проблемите со кои се соочуваат години наназад како што се дивите туристички водичи, немањето простор за паркирање на туристичките автобуси, немањето информативно биро и др.
Тој рече дека сето тоа е земено во предвид во неговата изборна програма и во визијата за развој на туризмот и продолжувањето на туристичката сезона.
Преставникот на лиценцираните туристички водичи изрази благодарност и задоволство од средбата и од заклучоците...
Post Views: 7
Неочекувани гости во изборната канцеларија на ВМРО ДПМНЕ . Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од СДСМ, заедно со својот тим, со цвеќе в раце во посета на својот противкандидат.
Целта на посетата им беше на припадничките на понежниот пол од тимот на Никола Бакрачески да им го честитаат денешниот празник, 8ми март.
Домаќините видно изненадени брзо се созедоа и го покажаа своето гостопримство.
Атмосферата која се создаде беше многу пријатна и опуштена па за момент се подзаборави на изборната трка и политичките препукувања.
Кандидатот за градоначалник од...
Post Views: 1
Денес, кога јасно се гледа дека ВМРО ДПМНЕ победува, кога јасно се согледува потребата на нашите сограѓани за нови дела за подобар Охрид, сведоци сме дека од страна на политичкиот опонент СДСМ повеќе немаат кредибилитет да зборуваат за Охрид бидејќи истите се тие кои го уништија нашиов град, со овие зборови портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ ја започна денешната пресс конференција.
На вчерашниот митинг кој го одржа СДСМ во Охрид, малубројните присутни граѓани меѓу кои злоупотребени малолетни ученици кои го поднесоа својот школски прибор,не само што согледаа дека константно...
Post Views: 29
Скандалот со недозволеното количество на афлатоксин во млекото од неколку странски производители кое се продаваше на нашиот пазар, ги раздрма и македонските млекопроизводители. Сите тие беа обврзани да направат дополнителни контроли на своите производи. Во охридскиот регион имаме една млечна индустрија, а тоа е Лабрадор. Нејзините производи ги задоволуваат сите стандарди за квалитет, вели Славко Николовски, менаџер во оваакомпанија. Тоа го потврдуваат најновите резултати од испитувањата на земените мостри од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Николовски...
Post Views: 1
Охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо. На голем дел од автобуските постојки во градов нема ниту настрешници ниту пак клупа каде да се седне, се жалат тие. На оние пак каде има некаков покрив над глава најчесто е искршен па изложени сме и на дожд и на снег, а и на сонце, категорични се граѓаните.
Од Локалната уште пред една година распишаа тендер за уредување на автобуските постојки, но тој беше неуспешен. Ништо подобро не завршија и останатите два. Но, од таму најавуваат дека за брзо време ќе се реши овој проблем.
Планирано е да има 30 постојки...