Автор: Јаковлева Лионела

plaza

Плажите не се подготвени за престојната туристичка сезона

Post Views: 1 Охридските плажи не се подготвени за престојната туристичка сезона. Вообичаено, првомајските празници го означуваат почетокот на сезоната за сончање и капење, но оваа година работите околу уредувањето на плажите дадени под концесија доцнат. Концесионерите велат дека поради високиот водостој плажа речиси и да нема. Тие бараат помош од Локалната околу чистењето и попесочувањето на плажите. Од Локалната велат дека тие немаат никаква обврска спрема концесионерите на плажите. Од таму објаснуваат дека иако државата на општината и го додели државното градежно земјиште, концесионерите...

Continue reading

Средношколците и основците од градов симулираа давање прва помош

Post Views: 6 Денес се одржа 42от општински натпревар по прва помош.  Натпреварот се одвиваше на 7 пункта поставени на различни локации низ градот. Од година во година интересот за учество на овој натпревар е се поголем. Минатата година учествувале 230 ученици а годинава 280. Овој настан беше интересен и за случајните минувачи и намерници бидејќи симулациите беа реалистични. Сашо Точков- претседателот на Црвен крст- Охрид рече дека за симулациите биле подготвени специјални сценарија, а се употребувала и артистичка шминка за настанот да биде што пореален Координаторот на секторот за...

Continue reading

policija

Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери

Post Views: 2 Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери. Ова е целта поради која денес на заедничка маса седнаа преставници од СВР, директорите од средните и основните училишта во градов, психолози, педагози како и преставници на центарот за социјални грижи и Црвениот крст. Тие и годинава во очи одржувањето на матурските и полуматурските вечери поразговараа како превентивно да се делува за оваа вечер која е многу важна за средношколците и основците да им остане во најдобро сеќавање без притоа да има некакви несакани инциденти. Овој проект започна во 2009 год. откога се превземаат...

Continue reading

den na evropa

Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа

Post Views: 3 Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа. На градскиот плоштад масовно се прославуваше со пригодна програма во која учествуваа активистите на Црвениот крст како и дечиња од повеќе основни училишта од градов.Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој се обрати пред присутните рече дека на ваков начин Охрид дава свој придонес кон општата цел – да бидеме дел од европскиот дом во кој ќе делиме заднички вредности и заеднички идеи. – Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме уште еднаш да ги упатиме пораките зачување на цивилизациските вредности,...

Continue reading

info

ЕУ Инфо точка во Охрид

Post Views: 3 ЕУ Инфо точка во Охрид. Овој информативен центар беше отворен денес во рамките на Општинскиот центар за услуги во Охрид по повод 9ти Мај, Денот на Европа. Во ова европско катче во кое граѓаните ќе можат да ги добиваат сите информации кои се однесуваат на Европската унија, рече секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески.– На овој начин, граѓаните од Охрид ќе бидат во тек со сите случувања во рамките на Европската унија, дали се тоа определени огласи, конкурси, информации, и едноставно денешниот ден го користиме да направиме спој помеѓу граѓаните на Охрид и сите...

Continue reading

litija

Стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник

Post Views: 3 Вчера стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник, славниот Великомаченик Георгиј Победоносец. Пред многубројниот народ кој пристигна од сите краишта на државава по четврти пат се одржа празничната ордија во спомен на овој светец. Настанот беше збогатен со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиор манастир Рајчица. Станува збор за чествување кое отсекогаш имало големо значење за нашиот народ кој ниту дождот не го поколеба да пристигне во дворот на црквата Св. Георгиј.Ова е една прекрасна традиција, која постои уште од времето на преродбата, кога на местото...

Continue reading

антички

Античкиот театар и сцената кај Долни Сарај ќе бидат покриени со монтажен кров

Post Views: 32 Античкиот театар и сцената кај Долни Сарај ќе добијат монтажен кров. Овие две отворени сцени кои се многу значајни за два реномирани фестивали, а тоа се Охридско лето и Балкански фестивал на ваков начин ќе станат многу пофункционални, вели Елизабета Јанкуловска, директорката на Националната установа, Фестивалот Охридско лето. Таа објаснува дека монтажниот кров е многу практичен од повеќе аспекти. Пред се тој може да се поставува и вади кога е потребно, не го нарушува видикот и автентичноста на просторот. Оваа идеа тлее од поодамна но по се изгледа ова лето ќе се реализира,...

Continue reading

sah

Симултанка во Охрид

Post Views: 4 Симултанка во Охрид. Петнаесетина дечиња од шаховската школа Ласкер од Охрид и од шаховскиот клуб од Струга денес играа симултанка со интернационалниот мајстор Никола Димовски. Тие беа видно возбудени бидејќи ова е нивно прво вакво искуство. Димовски кажа дека шахот е негова љубов и опсесија од најмали нозе. Тој има одиграно многу симултанки. Неговиот рекорд е на  40 табли. Во неговото шаховско досие има многу награди, многу натпревари и рекорди. Овој интернационален мајстор за прв пат игра симултанка во Охрид. Шаховската школа Ласкер постои речиси една година. Таа сеуште...

Continue reading

skara

Нема протести, ама нема ниту скара и пиво за 1ви Мај

Post Views: 0 Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува во знак на почит кон жртвите на штрјкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго за воведување осумчасовен работен ден. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 година во Париз донела декларација со која работниците се повикуваат на масовни демонстрации на 1 мај за да ја подобрат својата положба. ...

Continue reading

volonterka

Недела на солидарност

Post Views: 5   Под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“ од 22 до 30 април се одбележува неделата на солидарност. Традиционално, Црвен крст од Охрид по тој повод  организира акција за собирање храна, облека, обувки, постелнина, детски играчки и парични средства. Мимоза Ставрева-координатор за организациско-стручни работи, вели дека охриѓани секогаш биле хумани па сигурно и овојпат нема да се штедат и ќе донираат. Донирањето на парични средства може да се направи со пополнување на посебни талончиња кои волонтерите на ЦК ќе ги делат од врата на врата. Оваа година главен покровител...

Continue reading

tanec

Танец ќе игра за обнова на опжарениот манастир Трескавец

Post Views: 2 Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ на охриѓани и гостите ќе им приреди едно незаборавно културно доживување. Во понеделник 22- ри април, во Центарот за култура „Григор Прличев“, Танец ќе игра за обнова на опжарениот манастир Трескавец, вели директорката Драгана Боцевска. Манастирот Трескавец кој се наоѓа во Прилеп настрада во пожар на четврти февруари оваа година. За неполни два часа од раскошниот храм на православието кој датира од 12 век, останаа само пеплосани ѕидови, јагленисани греди и пепел и чад. Но за среќа спасена беше црквата Успение на...

Continue reading

uciliste

По се изгледа образовните институции во градов ќе добијат нови директори

Post Views: 5 Образовните институции  меѓу првите на тапет во кадровските промени по промената на локалната власт. Дали наскоро осумте основни, трите средни училишта и детската градинка ќе добијат нови директори? ТВМ дознава дека директорите на сите основни и средни училишта од градов денес одржале состанок со секретарот на општината. На состанокот им било кажано до утре да си поднесат писмени оставки. За секој од директорите биле издвоени по пет минути и им било сугерирано да си поднесат писмена оставка, а на прашањето од некои од директорите што ако не го сторат тоа им било кажано...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top