Post Views: 5
Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ и Денот на рибарите . Годинашното славење ќе биде надополнето и со нови содржини кои ќе се реализираат во соработка со Локалната самоуправа, хотелско угостителскиот еснаф и бизнис заедницата. Прославата започнува со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар“Билјанини извори“ кој ќе се одржи во петок на 17-ти јануари. Билетот во предпродажба чини 300ден., а на врата 350ден. На 18-ти јануари во ЦК “Григор Прличев“ концерт ќе одржи хорот“Св. Злата Мегленска“...
Post Views: 1
Деновиве охриѓани сведоци на драстично намалување на нивото на водата во езерото. Тоа е за три сантиметри под дозволената кота која изнесува 693,17метри. Експертите велат дека ваквата појава е малку невообичаена за зимскиот период кога се очекува поголемо количество на врнежи од дожд и снег.
Ваквата појава се должи на сушниот период. Нема вода ниту од подземните ниту од површинските извори. Но се додека причина за ваквата состојба се природните појави не треба да се загрижуваме. Но треба да се поводи сметка како се врши регулација на водата на езерото, вели Дејан...
Post Views: 2
Незадоволството на граѓаните поради неодамнешната дислокација на контејнерите, не стивнува. Од акцијата на ЈП „Комуналец“ за отстранување на контејнерите по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште поминаа два месеци, но охриѓани никако да се навикнат на новините. Тие бараат да се вратат овие садови за отпад на старите локации со објаснување дека повеќето од нив сега се поставени на места кои не им се така блиску, па мораат десетина и повеќе минути да шетаат наоколу со ѓубрето в раце. Од Комуналец свесни се за револтот на граѓаните, но велат...
Post Views: 1
Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква го започна празнувањето на Божик, празник за раѓањето на Исус Христос, најрадосното случување во христијанскиот свет.Според обичаите за Божиќ се станува рано, пред сонцето, а важно место во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба. Божик се честита со зборовите „Мир божји, Христос се роди“, на што се одговара „Вистина се роди“. Во градов во повеќето цркви се пееја светите евангелија, а верниците му се молеа на Спасителот за мир, здравје, среќа и берикет....
Post Views: 3
И ова лето ќе имаме импровизаторски режим на сообраќај. Сообраќајната студија која се најавува години наназад, никако да се изготви. И оваа локална власт навреме не се зафати со овој сложен проект па не ќе може сообраќајот низ градов да се регулира врз основа на некои посериозни истражувања направени од стручи тимови.
Мора да се направи една сондажа колку возила има во градов во летниот а колку во зимскиот период. Тоа е една сложена постапка. Треба сериозно да му се пристапи овој проблем бидејќи минатите лета имаше сообраќаен хаос во градов. Студијата е неопходна, вели...
Post Views: 2
Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки. Потврда за тоа е и последниот случај на несреќата која само на еден ден пред доаѓањето на новата година се случи на планината Галичица и во која за жал животот го загуби 40годишен албански државјанин. Од екипата за интервенции на планина која функционира во рамките на охридскиот Црвен крст велат дека и овој пат изостанала добрата организација и синхронизација помеѓу институциите кои требаше да му помогнат на младото момче кое доживеа несреќен пад на врвот Магаро.
Во една нормална држава со хелихоптер би се извела една...
Post Views: 7
Топол оброк и здрава храна за децата во основните училишта. Ова го побара советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни за правилен раст и развој на децата.
Општина...
Post Views: 6
На лизгалиштето на градскиот плоштад само за една недела интервенирано е триесет и три пати. Во три случаи поради незгоден пад лизгачите се здобиле со скршеници, велат од охридскиот Црвен крст. Од таму бараат сериозно да се пристапи кон овој проблем бидејќи според нивните сознанија секој час на лизгалиштето се случува по некоја незгода.
Апелираме во текот на новогодишните празници кога луѓето ќе излегуваат да уживаат на лизгалиштето да бидат многу внимателни и да ги почитуваат правилата од сопственикот на лизгалиштето. Посебно апелираме до родителите да не ги пуштаат...
Post Views: 1
Градските избраници работно го поминаа претпоследниот ден од оваа година. Денес се одржа 17тата седница на која се расправаше по четириесет точки од дневниот ред. Најголем дел од нив се однесуваа на предлог одлуките за усвојување на развојните програми од различни области. Ова беше само претходница на донесувањето на буџетот за 2014та кој и тоа како е важен за функционирањето на општината во годината што следува. Прва на дневен ред се најде предлог одлуката за усвојување на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014-2016 година....
Post Views: 0
Чајнка со основците од училиштето „Христо Узунов“. Културниот центар „Култура 365“ организираше литературно читање со учениците од седмо и осмо одделение кои се преставија со свои дела во проза и поезија. Идеата за едно вакво дружење била заедничка бидејќи зимата е период кога повеќе се твори и чита, а се што e напишано добро е да се сподели со публиката и тоа пиејќи топол чај.
Целта на овој настан е да го развиеме и поттикнеме овој потенцијал кој несомнено постои кај младите во овој град и конкретно кај основците. Со оваа чајанка ќе придонесиме за да се почувствува...
Post Views: 6
Предновогодишната еуфорија наголемо се чуствува во градинаката Јасна Ристеска. Насмеани и разиграни дечиња со нетрпение чекаат Дедо Мраз да им донесе подароци и да им ги исполни желбите.
Денес децата добија подароци и од фирмата Вија Пром која се занимава со производство на слатки и колачи и тоа наменети за странски пазар. Ова е за прв пат слатките задоволства да ги пробаат охриѓанчињата. Директорката Розе Костоска го поздрави ваквиот гест и ги охрабри и останатите фирми кои се во можност да ги израдуваат дечињата. Taa вели дека до крајов на неделава очекуваат уште една...
Post Views: 0
Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето. Синоќа тоа беше свечено отворено со неколкучасовен музичко сценски хепенинг и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски. Градоначалникот Никола Бакрачески се обрати пред бројната публика искажувајќи задоволство од реализацијата на овој проект. Тој најави интересни содржини и за наредните денови до дочекот на Новата година и вети дека организацијата на Новогодишните, Божиќните и Богојавленски празници секоја наредна година ќе биде се подобра.
Се надевам дека ние како Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат...