Post Views: 8
Повредата на крилото на Металург Дејан Манасков, која ја заработи на дуелот од групната фаза на Лигата на шампионите против Силкеборг, е многу посериозна отколку што се очекуваше.
Прегледите покажаa дека младиот ракометар ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, па сигурно ќе отсуствува од терените во наредните 6 месеци.
„За жал, повредата на Дејан Манасков е од посериозен карактер и тој ќе го пропушти остатокот од сезоната. Кај Дејан е констатирана повреда на предните вкрстени лигаменти и тој подолго време ќе отсуствува од ракометните терени. Единствено радува...
Post Views: 1
Денес ви претставуваме едно од најпосетуваните места во градов , каналот „Студенчишта“.
Омиленото место за прошетка на охриѓани и туристите, омилениот пат кој води кон прекрасните Биљанини извори. Патека по која ќе ги сретнете рибарите, место каде одмараат кајчињата и бродовите кои се кријат од гневот на езерото.
Место на љубовни шепоти и први детски чекори.
Post Views: 9
Метар по метар вредните работници трпеливо ја создаваат траекторијата по која ќе минува новиот автопат. Теренот со исклучително непријатна конфигурација претставува вистинска опасност за работниците, кои со своите машини го пробиваат теренот, пишува „Нова Македонија“.
Долгогодишниот сон на граѓаните на Кичево и на Охрид за автопатско поврзување помеѓу овие два града почнува да се реализира. Моќните машини и вредните раце на градежниците на кинеската компанија „Синохидро“ и домашните компании „Гранит“, „Трансмет“ и „Илинден“ секојдневно, од утро до вечер, некогашната...
Post Views: 3
На трката Дејтон 500 во НАСКАР серијата се случи голема несреќа, откако во финишот се запали автомобилот на дебитантот Кајл Ларсон, а делови од него се најдоа на централната трибина по што се повредени 33 лица, 14 од нив се надвор од животна опасност, додека еден од повредените е во критична состојба. Автомобилот беше целосно демолиран, а на местото каде што удри во оградата беше направена голема дупка.
-Петнаесет лица се пренесени во болница, на исто толку им се укажа лекарска помош на самата трибина, а едно е во критична состојба. Ова беше сериозна несреќа, но постапивме...
Post Views: 5
Европската унија и Турција ги утврдија основите на можниот договор за враќање илјадници мигранти во Турција што би бил усвоен на самитот најавен за 17 март.
По вчерашните разговори во Брисел, евро лидерите оценија дека предлогот понуден од Турција за враќање на еден илегален мигрант за секој бегалец кој ќе биде прифатен од Европската унија како почеток на, според нивните очекувања, конечен договор во идната недела. „Вистината е дека Турција на самитот дојде со атрактивни предлози и верувам дека многумина беа изненадени“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Германскиот...
Post Views: 7
„ТАВ Македонија”, компанијата која е дел од водечкиот аеродромски оператор, холдингот „ТАВ Аеродроми”, на 28 октомври, го пречека милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики” во Скопје со церемонија за доделување на награда.
Милионитиот патник се сретна со раководството на „ТАВ Македонија” и доби целосно платено викенд-патување за двајца во Истанбул.
Генералниот директор на „ТАВ Македонија”, Зоран Крстевски, на свеченоста изјави:
– „ТАВ Македонија” покажа одличен успех на скопскиот аеродром со 1 милион услужени патници...
Post Views: 3
По завршувањето на турнирот во Индијан Велс на 17 март, Роже Федерер ќе направи пауза од 2 месеци. Неговото враќање на тениските терени тој го најави за мај кога ќе се одржи турнирот во Мадрид.Вториот тенисер на светот како причина за паузата ја наведе потребата да му се посвети на семејството, но и подготовките кои ќе му помогнат да ја одржи формата на патот кон неговата 18-та Гренд слем титула.
„Не можам да играм исто како и минатите години. Немам веќе 22 години кога можев да играм на 25-30 турнири годишно. Ѓоковиќ, Мареј и Надал се на врвот од нивните кариери, а мојата...
Post Views: 9
Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – и од вечерва ќе купуваме поскап бензин и дизел.
Од вечерва ќе купуваме поскапи горива – така одлучи Регулаторната Комисија за Енергетика. Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва малопродажните цени се зголемуваат во просек за 6.02 проценти.
Трансформирано во цени, тоа значи дека од вечерва на полноќ цените на бензините се зголемуваат за 3.00 денари, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 58.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 60.00 денари....
Post Views: 0
Надвор од контрола е она што се случува во малолетничкиот затвор во Велес алармира народниот правобранител. После двете силувања на малолетници во затворот, во велешката полиција е пријавен нов инциден, објавува „Телма“.
Од таму детали не откриваат ниту за напаѓачот ниту за жртвата но велат дека е настанот е сличен на претходнитево кои деца силуваа деца. Според правобранителот ова ги преминува сите граници. Иџет Мемети вели, во двата претходни случаи се јавува ист силувач, а најстрашно е што стражарите воопшто не пријавиле. Повика владата да преземе нешто оти до сега...
Post Views: 5
Медиумите во Италија јавуваат дека на аеродром е уапсено лице кое било осомничено за местење фудбалски натпревари на меѓународно ниво.
Лицето било уапсено веднаш штом пристигнало од Сингапур, при што осомничениот доброволно им се предал на властите. Се работи за словенечкиот државјанин Адмир Сулиќ кој бил следен од Интерпол, а е осомничен дека е поврзан со организацијата за местење натпревари со седиште во Сингапур.
Од Интерпол се сомневаат дека тој бил поврзан со групата за местење натпревари која е предводена од бизнисменот Тан Сит Енг.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Реј Томлисон, американски програмер заслужен за постоење на и-мејл комуникацијата, почина на 74-годишна возраст.
Томлисон починал во саботата од последици на срцев удар.
Во 1971 година американскиот компјутерски програмер ја измисли електронската пошта која може да се испраќа од една во друга мрежа. Неговиот изум вклучува и употреба на симболот @ во и-мејл адресите.
Томлисон го испрати првиот и-мејл додека во Бостон работел како инженер во истражувачка компанија.
Post Views: 1
Буџетот за 2015 година чии приходи се проектирани на 163.280 милијарди, а расходите на 181.777 милијарди денари е усвоен на 18. седница на Собранието на Република Македонија.
Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 проценти од БДП, растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти. За капитални инвестиции предвидени се 21.209 милијарди денари.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со Буџетот ќе се поддржи стопанството и стандардот на граѓаните преку планираните средства за капитални инвестиции и преку зголемувањето на...