Post Views: 2
Директорката на Завод и Музеј од Охрид, Тања Паскали Бунташеска, задоволна од тоа како се одвива изградбата на проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник. Таа оптимист дека работите ќе бидат завршени во предвидениот рок.
„Работите се одвиваат со задволително темпо. Во исто време се градат двата комплекси. Се гради првиот комплекс, тоа е Свети Климентовиот музеј и библиотека, Центарот за хуманистички науки, а во исто време од источната страна се градат манастирскиот конак и резиденцијалниот објект на МПЦ. Се надеваме дека ќе биде испочитуван...
Post Views: 0
Триесеттина студенти по архитектура и дизајн, во наредниве седум дена ќе учествуваат на првата „Летна Школа за архитектура и дизајн Охрид 2013“. Студентите ќе имаат задача да го осмислуваат визуелниот идентитет на три локации од нашиов град. Викторија Ермеева декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Американскиот колеџ од Скопје, објасни дека сите архитектонски, дизајнерски и визуелни интервенции во просторот, ќе бидат презентирани на самиот крај од школата. Изготвените решенија ќе и бидат понудени на локалната самоуправа, како почетни идеи за реализација на...
Post Views: 4
Утрово на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигнаа стотина високи претставници од туристичиот сектор во Холандија. Стефан ван вер Хајден, извршниот директор на холандскиот тур-оператор „ТUI“, рече дека дека оваа посета ќе биде еден обид повторно да се откријат убавините и можностите кои ги нуди Македонија, земја која за нив сеуште е релативно непозната. Тој додаде дека ако може да се суди според тоа како е организирани и промовирано патувањето, дека ги очекува посебно доживување.
„Овој прв дочек овде влева голема надеж, мислам дека не верувам дека некаде сме...
Post Views: 1
Еколошката порака на охридската средношколка Филис Ајруш, ја виде целиот свет. И не само што ја виде, туку оваа порака на Олимпијадата за заштита на животната средина Global Environmental Issues – US ( GENIUS 2013 ) која од 16-ти до 21-ти jуни се одржа во Њу Јорк, Соединетите Американски Држави, на Филис и обезбеди златен медал. Чувството за Филис да се претставува нашата земја на еден ваков интернационален натпревар, фантастично.
„Чувството беше неопсиливо, прекрасно, прво ми го прочитаа името и самото претставување на Македонија, на Охрид ми беше прекрасно чувство,...
Post Views: 0
Најавената уметничка програма на 53-то издание на фестивалот „Охридко лето“ останува непроменета. На денешената прес конференција покрај програмата, беа презентирани и цените на влезните билети, кои годинава ќе се движат од 250-1200 денари, а од овој петок, билетите веќе ке бидат во слободна продажба. Така, фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните музички уметници и сценските изведби на реномираните театарски куќи.
„Околу програмата немаме промени и измени. Како што ја најавивме, така за среќа одиме. Размислувавме дали...
Post Views: 9
Преку потпишување на меморандум, означен почетокот на интензивната соработка помеѓу помеѓу Општина Охрид и Националната установа „Фестивал охридско лето“.Никола Бакрачески Градоначалникот на Охрид, пред самиот чин на потпишување на меморандумот истакна дека оваа сорaботка е резултат на неколкумесечните средби со директорот и службите на „Охридско лето“ во кои се дефинираа начините на соработка и механизмите за имплементација на подготовките за што подобра организација на фестивалот.
„Како круна на овие состаноци и соработка доаѓа потпишувањето на овој меморандум од...
Post Views: 1
Ќе продолжи регулирањето на сообраќајот во нашиот град, преку кружните текови. Димитар Спасески, секретарот на Општина Охрид, истакна дека од Локалната самоуправа од Охрид работат според акциониот план кој содржи стотина проекти, а регулирањето на сообраќајот на неколку локации со помош на кружните текови останува како опција.
„Ќе работиме на она што е вклучено во програмата. Ние програмата ја изработивме темелно, на минатата седница на Советот таа помина, односно програмата на Секторот за комунален развој, така да согласно таа програма , се она што е вметнато, ќе...
Post Views: 3
На почетокот на минатата учебна година, претходната Локална самоуправа и регионалниот одбор на Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК од Охрид потпишаа меморандум со кој, Општина Охрид ги презеде трошоците за превоз на наставниците. Но, пред самиот крај на оваа учебна година, времено се замрзна исплатата на патните трошоци за превоз на наставниците од Охрид и селата кои гравитираат кон нашата општина. Димитар Спасески, секретар на општина Охрид објасни дека една од причините за ваквиот потег на локалната, се резултатите од направената анализа...
Post Views: 10
Армијата на Република синоќа барем за момент беше поблиску и до Охриѓани. Станува збор за реализација на само еден дел од проектот „ АРМ поблиску до граѓаните“, преку кој Министерството за одбрана и АРМ ќе се обидат преку музиката на воениот оркестар на АРМ, како и демонстрациите на методско-показни вежби на Градискиот батаљон, да се доближат до цивилното население. Самиот настан започна со дефиле по Охридската чаршија, на воодушевување на охриѓани и големиот број туристи, за да продолжи на Плоштадот „Крушевска република“, со едночасовен концерт.
Покрај изведбата на...
Post Views: 2
Прекрасен завршен концерт на натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ 2013. Ова негово дванаесетто издание, веќе може да се носи рамо до рамо со ваквите натпревари кои се организираат на европско ниво велат музичките работници.
Повеќе од деведесет млади музичари од најразлични земји, на дванаесеттото издание на натпреварот за млади музичари „Охридски бисери“, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. Некои од првонаградените млади музичари задоволни од организацијата и атмосферата на натреварот, но и видно возбудени поради постигнатиот успех.
„Јас доаѓам...
Post Views: 7
Трагите на црногорскиот скулптор Сретен Милатовиќ, од синоќа, пред охридските љубители на уметноста. Овој истакнат црногорски пост-модернист, кој за прв пат самостојно се претставува пред македонската публика, е роден во Никшиќ во 1966-та година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Сараево, во каласата на професорот Алија Кучукалиќ, а моментално работи како доцент на Академијата за ликовни уметности од Требиње. За неговата изложба, насловена како „Траги“, вели дека е израз на суптилноста на неговото лично искуство од животот и природата.
„Тоа се едни објекти,...
Post Views: 5
Иако во Охрид постојат околу 2000 регистрирани станоиздавачи, сеуште огромен е бројот на викенд становите, кои што во текот на годината се напуштени, не се одржуваат, но функционираат два или три месеци за време на летната сезона и со тоа стануваат нелегална конкуренција за сите оние кои што регуларно се занимаваат со туристичка дејност. Штетата која од ова ја трпи туризмот како главната стопанска дејност во нашиов град, е огромна.
Во Законот за такса за привремен престој, децидно е наведено дека од плаќање на туристичка такса ослободен е сопственикот на сместувачкиот...