Post Views: 0
УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид е на четвртото место според рангирањето на Центарот за светска класа на универзитети, при Универзитетот „Џиао Тонг“ во Шангај.
Прворангирана високо образовна институција на листата и оваа година е универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, второто место за академските достигнувања во 2011/2012 година го доби Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, а трет е „Универзитетот на Југоисточна Европа“ од Тетово. На петтото место се најде битолскиот „Св. Климент Охридски“.
Од Министерството за образование информираа дека листата е направена...
Post Views: 1
„Комплексот на Плаошник, ќе преставува мал „град“ кој самостојно ќе може да функционира“, вели директорката на НУ„Завод и музеј“ Тања Паскали Бунташеска.
Паскали објаснува дека овој комплекс ќе биде посебна институција и поседува сопствен паркинг, а комуникацијата со него ќе се одвива преку патот кој моментално служи за дотур на материјали за негова изградба.
Покрај Богословскиот факултет,во комплексот ќе се сместени и афилијации на познати светски универзитети, како „Ломоносов“ од Русија, „Јејл“ и „Харвард“ од САД и други, како дел од Центарот за хуманистички науки.
Поцеќе...
Post Views: 7
Младински Совет Охрид во текот на месец февруари реализира 13 работилници на тема “Разрешување на конфликти” на кои учество зедоа 280 ученици од сите основни училишта во Охрид, Велгошти, Пештани и Лескоец.
Целта на овие работилници беше стекнување знаења и вештини за конструктивно разрешување конфликти преку согледување на потребите и интересите на двете страни кои се наоѓаат во конфликт.
Учениците, терминот конфликт најчесто го дефинираат како кавга, расправија, спротивставување, војна, а најчести причини за јавување на конфликт се: слаба комункација, недоразбирања,...
Post Views: 10
Бетонската жардињера која се наоѓа помеѓу коловозните ленти на „Булевар Туристичка“ хортикултурно се дотерува.
Сите оштетени садници на потегот од крстосницата кај гимназијата до крстсницата кај градскиот пазар се отстрануваат, земјената подлога се обработува и се засадуваат нови садници. Планирано е на овој потег да се засадат околу 60 нови садници од зимзелени и украсни видови кои на сообрќајницата ќе и дадат подобар естетски изглед, а во исто време нема да претставуваат пречка во одвивањето на сообраќајот.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Брза реакција на ЕВН. Решен проблемот со електричната разводна кутија, во населбата „Гоце Делчев“. После информацијата пласирана од страна на ТВМ Телевизија, уште во текот на истиот ден на објавувањето на информацијата, оваа разводна електрична кутија, која извесен период беше отворена, службите на ЕВН Македонија, соодветно ја затворија.
Инаку овој електричен објект, веќе неколку години беше незаштитен и отворен. Ситуацијата беше сериозна бидејќи истиот се наоѓа на само десетина метри од детското игралиште каде се рекреираат најмладите жители од оваа населба. За да...
Post Views: 0
Поради приклучок на главна водоводна линија, утре среда 26.02.2014 дел од централното градско подрачје ќе остане без вода.
Поради приклучок на главна водоводна линија, утре, Среда 26.02.2014 год. од 07:00 до 16:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: Димитар Влахов, Мите Богоески, дел од улицата Партизанска, Климент Охридски, Цар Самоил, Самоилова, Коста Абраш, Петар Чауле, дел од улицата Климентов Универзитет, до пресекот со Нада Филева, 11-ти Октомври, Охридска Архиепископија, долниот дел од улицата Илинденска и кеј Маршал Тито.
{loadposition con...
Post Views: 0
Денес, во основното музичко училиште „Методиј Патчев“, со почеток во 11:30 часот, градночалникот Никола Бакрачески и претставници од Фондацијата „Македонија 2025“ ќе ги донираат музичките инструменти, кои се донација на Фондацијата „Македонија 2025“.
Донацијата на фондацијата „Македонија 2025“, се состои од музички инструменти во вредност од над 5300 американски долари. Средствата за музичките инструменти беа собрани на хуманитарниот концерт кој се одржа за време на Глобалниот инвестициски самит во 2013 година во црквата „Св. Софија“, во организација на фондацијата „Македонија...
Post Views: 3
Здружението „Јадрански Слив“ и предавачите продолжуваат со спроведување на Проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“ кој опфаќа едукација на учениците за рибниот фонд во Охридското Езеро но и едукација за еколошката свест и заштита.
Предавањата продолжуваат во ОУ Братство во Охрид во среда 26.02.2014 год. во 12:30 часот. Целта е подигање на свеста на најмладата популација како идна одбрана од сите можни еколошки предизвици во иднина.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Матичен ветеринар за секое животно што се наоѓа во регистарот на државата, слично на матичните лекари што ги имаат луѓето, ќе треба да си одбере секој одгледувач на животни во наредниот период.
Според последните измени на Законот за ветеринарно здравство, одгледувачите имаат обврска да склучат договор со ветеринарно друштво по свој избор. Станува збор за оние што чуваат домашни животни што се наоѓаат во регистарот, како што се говедата, овците или козите, а не и за сопствениците на домашни миленици, како кучиња и мачиња.
Повеќе информации во дневникот на ТВМ Телевизија...
Post Views: 0
На 26.02.2014 (среда) во 9 и 30 часот во детската градинка – објект ,,Централна‘‘ заедно со Здружение за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи граѓани ГРАДИМЕ ИДНИНА ќе се спроведе Хуманитарната акција во прибирање на користена непотребна и порасната облека, играчки, обувки, бебешка опрема и др.
Облеката, пред се ќе се користи за потребите на децата сместени во детските домови, домот за доенчиња и мали деца во Битола, интернатите во кои се згрижени деца со социјален ризик и згрижувачки семејства низ Репиблика Македонија, како и за социјално...
Post Views: 0
Ова јавно претпријатие согласно правилникот за работа во периодов кој претстои ќе изврши виденција на гробните места од 2011-та година.
За таа цел Јавното претпријатие „ Градски гробишта“ ги повикува граѓаните кои во периодот од 01.01.2011 година, па досега, купиле, односно се стекнале со употреба на гробно место, да појдат во административните простории на јавното претпријатие и да ги понесат документите заради дополнување на компјутерската евиденција.
Подетални информации, граѓаните можат да добијат на телефон 046/ 267 268.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Пред неколку месеци Охрид доби унифицирани туристички сувенирници од кои едната е лоцирана кај стариот чинар ,другата на градското пристаниште а се очекува наскоро да биде отворена и третата продавница наспроти градската пошта.
Министерката за култура Канческа-Милеска при отоворањето потенцира дека овие сувенирници имаат огромна важност за сите посетители и туристи бидејќи тука ќе можат да си купат автентичен сувенир кој го отсликува нашето богато културно наследство и сето она што го поседува нашата држава.
Покрај економскиот бенефит овие сувенирници ќе допринесат и...