Post Views: 8
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец.
Пријавениот, на 25-ти минатиот месец, околу 21.20 часот на улицата „Македонски просветители“ пресретнал сограѓанин и со рака го удрил во пределот на лицето, нанесувајќи му црвенило и лесни повреди.
При тоа, му упатил сериозна закана, барајќи му 1000 евра или замена за месо и пијалоци во износ од 2000 евра. Потоа повторно го удрил со рака заканувајќи му се настанот да не го пријавува во полиција.
Пријавениот е лице познато на службата...
Post Views: 7
Веќе два месеци од новата 2014-та година, без претстава во Охридскиот театар. Не само што охридската публика не виде ниту една од најавените премиери, туку веќе неколку месеци не се прикажуваат ни репризни изданија на претставите од репертоарот.
Мината година охридската театарска сезона наместо домашните актери ја отворија велешките од театар Џинот, со претставата „Ноќите во бел сатен“
Повеќе информации, проследете во денешеното издание на Дневникот на „ТВМ“ Телевизија. Во 17, часот.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Од локалната самоуправа ги известуваат сите корисници на простор на кој имаат поставено урбана опрема, а кои не ги подмириле обврските за 2013 година, истото да го сторат најдоцна до четврток 06.03.2013 година.
Оттаму додадаат дека во спротивно, ќе бидат активирани издадените прекршочни пријави, а предметните локации нема да се земаат предвид при изработката на Програмата за поставување на урбана опрема за 2014 година.
{loadposition content9}
Post Views: 8
Од ЕВН Македонија, утрово информираат дека денеска, 4-ти март, во периодот од 10 до 15:30 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „Галичица“ во Охрид.
Од компанијата известуваат дека прекините во снабдувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.
{loadposition content9}
Post Views: 4
ЈП „Градски Пазар –Охрид“, нуди одлична можност за соработка и отпочнување на успешен бизнис со неповторливо поволна понуда за закуп на тезги на атрактивни локации.
Сите заинтересирани ќе можат да закупат тезги за продажба на:-земјоделски производи-занаетчиски производи-текстилни производи-бижутерија
Заiteresiranite подетални информации можат да добијат во канцелариите на ЈП „Градски пазар“ на Бул.Туристичка 79 или на телефон 046 266 600.
{loadposition content9}
Post Views: 9
Меѓународниот празник на жената 8-ми март, Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат на малку поинаков начин – интелектуален. Наместо да прославуваат по ресторани, тие ќе дебатираат.
Темата со која Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат интернационалниот празник 8-ми март е „Жената, книжевник“.
На дебатата учество ќе земат Еди Ќела, асистент на Европски колеџ, Никола Кукунеш професор во колеџот Јахја Кемал и Мерсиха Исмајлоска, асистент на Универзитетот Св.апостол...
Post Views: 10
„ПРЕВЕНТИВАТА СПАСУВА ЖИВОТ“ на 5ти март од 18:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид ЈАВНА ТРИБИНА на тема „Превенција на колoректален карцином“ ќе зборува Д-р Димитар Арнаудов.
Ракот е епидемија на нашето време или како што многумина го нарекуваат болест на цивилизацијата. Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на рак и 7,6 милиони умираат како последица на болеста.
Во РМ секоја година се откриваат околу 6000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се застрашувачки и алармантни.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Основното училиште „ Христо Узунов“ и оваа година, во месец јуни, ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама (US Space & Rocket Center) во седиштето на НАСА.
Тема на академијата ќе биде „Поттикнување на младите да ги изучуваат техничките струки и изучување на предметите по природни науки“.
За прв пат училиштето, на академијата беше претставено во 2011 години од страна на актуелниот директор, м- р Тони Симоновски, кога учествуваа 143 држави од целиот свет, а при тоа Симоновски се здоби со сертификат за предавач за положената Академија.
{loadposition conte...
Post Views: 0
Учениците од ОСУ,,Св.Климент Охридски“, Јана Василеска, Ивана Мирчевска и Адриан Димитријески, под менторство на професорката по англиски јазик, Даниела Спироска, учествуваа на четвртата национална симулацијата МЕП (Модел Европски Парламент), која се одржа во организација на средното училиште НОВА во Скопје, на крајот на овој месец. Охридските ученици ја претставуваа Португалија како земја членка на ЕУ.Во оваа тридневна симулација учениците имаа можност да ги покажат своите способности за дебатирање, тимска работа ,но и своите предзнаења за ЕУ, нејзините институции...
Post Views: 2
Црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари.
Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми февруари до втори март оваа година. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани влезено е откако претходно насилно и со подесен алат скршени се двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија.
Сторителот, потоа се упатил...
Post Views: 1
И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014.
Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година.
За таа цел, Организациското Тело на настанот, предводено од тимот...
Post Views: 0
НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид на репертоарот ќе го прикажува филмот “АМАЗОНИЈА”.
Кино проекции ќе има во деновите 5-ти (среда) и 6-ти (четврток) март 2014 година со почеток во 19.00 часот. Цената на влезниците изнесува 50 денари.
“Амазон” е одисеја во најголемата прашума во светот, Амазон дождовни шуми. По несреќата, мајмун Конг, роден и израснат во заробеништво, тој се наоѓа сам и е изгубeен во џунглата на Амазон. Неподготвен, мајмун Конг се чувствува беспомошен. Соочен со овие нови предизвици покриен со густа и бујна...