Post Views: 28
Во „Месецот на киното“ во Охрид во наредниве неколку денови на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев ќе се прикажува францускиот филм „Убавицата и Ѕверот“.
Кино проекциите ќе бидат во деновите 26-ти (среда),27-ми (четврток) и 28-ми (петок) и 29-ти (сабота) март 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 50 денари.
Станува збор за неочекувана романса на најмладата ќерка на трговец, под ропство на мистериозниот ѕвер, ќерката за да го спаси таткото се нуди да остaне со ѕверот.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Утре ќе бидат презентирани новините во работата на лабораторискиот комплекс при Центарот за јавно здравје во Охрид, кои се во насока на подигање на квалитетот на здравствените лабораториски услуги кои им се пружаат на пациентите и кои треба да придонесат во забрзување и олеснување на дијагностицирањето на видот на заболувањето и подобрување во ефикасноста на лечењето.
Воедно ќе бидат презентирани и најновите извештаи од лабораториската анализа на водата во Охридското езеро.
{loadposition content9}
Post Views: 2
На 40 издание на фестивалот „Млада камера“ кој се одржува во Уничов, Република Чешка, Антонио Вељаноски од Охрид ја доби третата награда за документарниот филм „Поет на мал народ“.
Документарниот филм претставува портрет на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, а приказната се следи преку три негови песни:„ Куќа“, „Траума“ и „Ноќта е црна Liebe Marija“. Покрај поетот во филмот настапуваат Верица Недеска, Катерина Петреска, Александра Котушеска како и музичка илустрација на етно групата Љубојна.
Антонио Вељаноски ја следи завршната година на филмската академија ФАМУ...
Post Views: 7
Овој пат настрада еден од уличните патокази на улицата „Марко Нестороски“.
Уште во текот на вчерашниот ден патоказот беше срушен, но некој од совесните минувачи го тргнал од коловозот и го оставил пред дворот на една од станбените згради на оваа улица.
Дали патоказот бил несoодветно поставен или едноставно станува збор за вандалски чин, не знаеме, но случувањата од минатотo и односот на охриѓани кон овие знаци оди во „полза“ на нашата негрижа.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Иако денес официјално започнува кампањата за претседателски избори, вниманието на јавноста насочено и кон предвремените парламентарни избори.
Некои од политичките играчи сеуште го чекаат крајниот рок за доставување на кандидатски листи за пратеници, додека други веќе излегоа со подетални листи кои до крајниот рок, неминовно ќе претрпат одредени измени.
Започнуваме со информациите за кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, најголемата владејачка партија, кои сеуште се на граница со шпекулација. Официјалниот став на партијата е дека целосните листи на кандидати...
Post Views: 4
Невладината „Женски центар Бисера“ од Охрид, организира и одржа трибина на тема семејно насилство.
Во соработка со Средното економско училиште и одделот за превенција при СВР Охрид, денес во просториите на Охридската гимназија се одржа ова советување. Гостин предавач на трибината беше господин Живорад Савиќ, од одделот за превенција. Целна група беа учениците од економското училиште од трета и четврта година , на кои им беше презетиран протоколот на полицијата во случај на семејно насилство.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, информираат дека денес 24.03.2014 година со почеток во 20 часот на градскиот плоштад во Охрид ќе започне митингот за претседателскиот кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов.
Претходно ќе се одржат мини митинзи на претседателскиот кандидат во с. Велгошти во 13 часот и Општина Дебрца во 16. часот.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Во функција на натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето како и безбедно одвивање на вечерашниот митинг во Охрид поврзан со претседателските избори, СВР Охрид презема низа мерки на превентивен и оперативен план.
Мерките првенствено се насочени кон превентивно физичко обезбедување на сообраќајниците, паркинг просторите како и централното градско подрачје каде ќе се одржи митингот.
СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно превентивно обезбедување кои се одвиваат со предупредувања на сите неправилно паркирани патнички и други...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Силување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20- годишен охриѓанец на кого му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Пријавениот, во текот на фебруари и март оваа година сторил две кривични дела „Силување“, откако по кратко следење во вечерните часови користел погоден момент и со употреба на сила нападнал две жени од Охрид.
На 26-ти фебруари годинава, околу 20 часот, на улицата „Мирче Ацев“ пријаве- ниот следел 31 годишна охриѓанка по што пред влезот од зграда физички ја нападнал. Тој насилно...
Post Views: 0
Некогаш, едно од најубавите работнички одморалишта на една од најатрактивните локации во Охрид, денес само руина.
Искршени прозорци, покрив кој прокиснува, смет во неговиот двор, е сликата која туристите и охриѓани секојдневно ја гледаат додека минуваат кај овој некогаш репрезентативен објект.
До деведесетите години од минатиот век, објектот беше во сопственост на државното претпријатие Пошта Телеграф Телефон, за да после приватизацијата и преименувањето на фирмата во Македонски Телеком, купен е од приватно лице, кое евидентно го оставила објектот на милост и немилост...
Post Views: 0
Лицата со Даунов синдром ги има и во Охрид и Струга. Институциите, невладините организации и општествено одговорните субјекти, прават напори овие лица да имаат полесен живот, но и бидат интегрален дел од општеството.
Игор Шајноски веќе четири години е дел од Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга. Со стручните лица од ова здружение Игор ги развива своите социјални вештини, добива практични совети за секојдневните активности, практикува спортски активности, посетува едукативна...
Post Views: 1
Денес во просториите на Црвен крст Охрид, во 12 часот ќе биде одржана четвртата, последна сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот.
На 20 волонтери од клубот на млади на Црвен крст Охрид, кои активно учествуваа на обуката ќе бидат доделени сертификати за успешно завршената обука, како и признание на Црвен крст Охрид како организација домаќин.
{loadposition content9}