Автор: Голабовски Крсте

општина охрид

Општина Охрид организира промотивна тура

Post Views: 3 Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира  промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На промотивната тура што ќе се одржи во Охрид од 4 до 6 април 2014 година ќе присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово. Гостите на промотивната тура , утре ( 4.04. 2014 г. ) во 12 часот и 30 минути ќе ги прими  градоначалникот Никола Бакрачески, а од 18 до 19 часот  во хотелот „ Милениум“ ќе имаат директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид.Според...

Continue reading

Sv.Sofija

Во понеделник света архиерејска литургија во црквата Св.Софија

Post Views: 1 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април  2013 година (понеделник), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едно-црквие). По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои ве-рници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition...

Continue reading

codefest

Викендов, второ издание на „Codefest“

Post Views: 4 Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“. Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април  до 17:00 часот. Настанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за информатички...

Continue reading

sv.sofija

Нема веќе паркинг пред црквата „Св.Софија“

Post Views: 0 Во рамки на разубавувањето на стариот дел од Охрид, денес ЈП “Градски гробишта“ започна со средување на просторот пред црквата Св. Софија и истоимениот ресторан, каде долг период несовесни возачи ги паркираа своите автомобили нагрдувајќи го изгледот на ова атрактивно место кое е привлечно и посетувано од туристи особено во летниот период од годинава. Денес на овој простор се поставуваат жардињери со цвеќе, а наредниот период ќе бидат поставени клупи за седење. Просторот ќе биде и хортикултурно уреден со што охриѓани ќе добијат привлечно катче за одмор и уживање во срцето...

Continue reading

kaneo

Се разубавува населбата Канео

Post Views: 5 Во завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео што Општина Охрид ги започна пред околу еден месец. Изминатиов период надлежните служби од ЈП “ Градски гробишта “ работеа на санирање и реконструкција на потпорните ѕидови, а се изврши поправка на патеките кои од главниот пат што е во непосредна близина на црквата Св. Јован – Канео водат кон кафеаните и плажите “Канео“ и “Потпеш“. Деновиве во населбата Канео, завршува и поплочувањето на една од уличките – сокачињата во должина од 35 метри. Поплочувањето е благороден чин со оглед на тоа што вредните...

Continue reading

logo

НУ Центар за култура “Григор Прличев” со изложба по повод Меѓународниот ден на здравјето

Post Views: 9 НУ Центар за култура “Григор Прличев” во соработка со ЈЗУ Психијатриската болница -Демир Хисар, по повод меѓународниот ден на здравјето, 7-ми април Ве покануваат на ИЗЛОЖБА на креативни пациенти од Псијатриската болница. Свечено отворање на изложбата е овој ПЕТОК, 4-ти АПРИЛ 2014 година, со во почеток 12.00 часот, во изложбениот салон на Центарот. {loadposition content9}

Continue reading

calgija saun dsistem

Концерт на “ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ” оваа сабота во Охрид

Post Views: 4 НУ Центар за култура “Григор Прличев” -Охрид,Ве поканува на ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ со “ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ”, – група која ја негува македонската чалгиска музика, но и изведува музика које е инспирирана или слична со чалгиската. Концертот ќе се одржи оваа САБОТА, 12-ти АПРИЛ 2014 година во големата сала на центарот со почеток 20.30 часот. Влез 100 денари. Чалгија саунд систем е состав формиран во 2008 година од група на млади луѓе кои претходно беа ангажирани во неколку проекти со слична музичка ориентација како Калдрма, Бидичалги и Стринг...

Continue reading

ograda

Инфраструктурни зафати во ОУ „Св.Климент Охридски“

Post Views: 1 Во однос на безбедноста на учениците беа изработени огради од страна на хаусмајсторите во училиштето, со кои подoцна беа оградени скалилата во предметна настава во која учество зеде и ликовната секција која ги обојуваше оградите. Наставниците беа стручно усовршени во уште едно поле од наставата со што се здобија со сертификати, кои се доказ за нивната континуирана и посветена работа во наставниот процес. {loadposition content9}

Continue reading

biblioteka

Охридската библиотека ќе го одбележи Меѓународниот ден на книгата за деца и млади

Post Views: 1 Ве известуваме дека НУ Библиотека ,,Григор Прличев” – Охрид и оваа година ќе го одбележи 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, со организирање средба  со писателот Тоде Илиевски. Илиевски е член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на дванаесет книги, добитник на наградата ,,Ванчо Николески” за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година. На средбата ќе бидат претставени одбрани песни од стихозбирките: ,,Ведро едро” (1990), ,,Изворите во горите” (1999), ,,Липов чај” (2009) и ,,Ќерката на...

Continue reading

Crkva Bogorodica Kamensko

Утре сеноќно бдение во „Св.Богородица – Каменско“

Post Views: 36 Парохискиот храм „Св.Богородица“- Каменско од Охрид ги известува своите православни верници дека на 2-ри април 2014-та година во среда навечер ќе се слуши сеноќно бдение по повод празникот на „Свети Јаков Исповедник и Св.Кирил епископ Катански“, со почеток во 23:30 часот. По тој повод црквата „Света Богородица“ Каменско, ги повикува сите сови верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}  

Continue reading

april

Слевете го денот на шегата

Post Views: 3 Се верува дека обичајот да се шегувате на први април потекнува од Франција од 14-от век. Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, и секоја година почнувала на први април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале. Во далечната 1564 година, францускиот крал Чарлс IX, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на први јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на први април. Наскоро овие луѓе...

Continue reading

tvorba

ОУ „Христо Узунов“ и „Кочо Рацин“ успешни на конкурсот „Македонија – земја на цвеќето, земја на розите“

Post Views: 2 Во рамки на акцијата „Македонија – земја на цвеќето, земја на розите“ која се одржа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а поддржана од Влада на Република Македонија, општина Охрид зеде активно учество и успешно ја спроведе акцијата преку нејзино организирање и спроведување на креативни активности во основните училишта. По тој повод основните училишта зедоа учество на Конкурсот за изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“. Меѓу најуспешните на конкурсот беа ОУ „Христо...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top