Post Views: 4
Истражувањето покажува дека за разлика од кокаинот и синтетичките дроги, што се користат главно за време на викендите, марихуаната е секојдневно средство што го користат Французите.
Податоци од истражување објавено од медиумите во Белгија, покажуваат дека Французите се најголеми уживатели на дрога во Европа. Резултатите од истражувањето се добиени со проверка на отпадните води во урбаните средини. Анализата во Францијапокажала дека концентрацијата на молекулите, што се содржат во канабисот, во водата е петпати повисока од податоците за Амстердам.Податоците од истражувањето...
Post Views: 7
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на ненасилството, кој се празнува на денот на раѓањето ма најпознатиот миротворец во светот, Махатма Ганди.
Ганди бил првиот човек во историјата коуј се залагал да се прошири принципот на не-насилство од страна на поединецот спрема општествени и политички нивоа.
Индискиот лидер за независност употребувајќи нов начин за масовна мобилизација и ненасилна акција, го собори колонијализмот и ги зацврсти корените на граѓанските, политичките и економските права. Со ова инспирираше и многу други борци за слобода како Нелсон Мандела и Мартин...
Post Views: 4
Американската вселенска аенција НАСА објавила сателитски снимки од островот во Арапското Море, кој настана после силниот земјотрес во Пакситан во кој починаа повеќе од 500 лица.
Островот е наречен Залзала Јазера, и предизвика огромно внимание кај Пакистанците и луѓето од целиот свет, а секако, и кај експертите. Откриено е дека на островот излегува гас кој е запалив и без мирис, а експертите истакнуваат дека е можно да станува збор за метан.
НАСА ги направила фотографиите на 26 септември, а напоредно се објавени и фотографии од тоа подрачје од 17 април, кога од овој остров...
Post Views: 0
По целодневно гласање и прегласување во двата дома на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом и Сенатот не успеаа да постигнат договор за буџетската резолуција со која финансирањето на централната Влада на САД ќе продолжеше уште неколку месеци.
Со тоа, од полноќ, САД влегоа во буџетска блокада, во која голем број административни служби ќе останат без пари.
– Сакам да бидам јасен околу тоа што ќе се смени. Владини канцеларии ќе се затворат. Платите ќе доцнат. Витални услуги од кои зависат нашите пензионери, ветерани, жени и деца, компаниите и за економијата,...
Post Views: 6
Повеќе од 70 лица се водат како исчезнати откако потонале три рибарски брода во Јужното кинеско море, кое го погоди тајфун, јавуваат кинеските медиуми.
„Три рибарски брода потонаа во неделата откако помина тајфунот Вутип. Седумдесет и пет лица се водат како исчезнати“, јавува агенцијата Синхуа.
На отворено море имало пет брода со 171 патник во моментот кога поминал тајфунот. Досега се спасени 15 лица, а акцијата за спасување трае и денеска. Тајфунот Вутип, проследен со ветрови што достигнуваат брзина од 140 километри на час, го погоди кинескиот остров Хајнан.
Денеска...
Post Views: 5
Пожарот на туристичкиот брод се случил во неделата пред пладне, додека пловел покрај Вестминстерската палата. Патниците и екипажот скокнале во реката, и за среќа, никој не бил повреден.
Туристички брод со 28 туристи и двајца членови на екипажот се запалил во неделата пред пладне на реката Темза. Туристите на бродот од паника скокале во реката, и за среќа никој не бил посериозно повреден.
Едно дете и неговата мајка примиле лекарска помош заради вдишување на чад, додека останатите патници минале без повреди. Бродот во моментите на несреќата пловел низ центарот на британската...
Post Views: 0
Челниците на НБА лигата најверојатно ќе направат промена на традиционалниот формат на финалната серија и ќе го вратат 2-2-1-1-1 форматот како и во сите останати рунди од плејоф серијата.
Натпреварувачката комисија на НБА лигата гласаше позитивно за поднесувањето на предлогот до бордот на директори на НБА лигата за промената на форматот на финалната серија од плејофот.
Моменталниот 2-3-2 формат на одигрување на натпревари во финалето се очекува да биде вратен на 2-2-1-1-1 формат како што и се играат претходните рунди.
Овој формат се користи од 1985-та година кога чести...
Post Views: 5
Интерпол издал налог за апсење на Британката Саманта Лутвајт позната како Белата Вдовица. Кениската власт се сомнева дека таа ја предводела терористичката група Ал Шабаб, која е одговорна за масакрот во трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби.
Белата Вдовица е на т.н црвена потерница, со која се бара личност на интернационално ниво. Барањето за потерницата е издадено на барање на Кенија.
Во овој терористички чин на милитантните исламисти се убиени најмалку 67 лица, а околу 200 се ранети. Бројот на жртвите може да расте, бидејќи при акцијата еден дел од трговскиот центар...
Post Views: 9
Станбена зграда од пет ката се урнала утрово во индискиот град Мумбаи. Неколку багери се испратени за да ги кренат големите бетонски делови за спасувачите да можат да почнат да ги извлекуваат луѓето.Спасувачите се на местото и се претпоставува дека под урнатините се заробени меѓу 80 и 90 луѓе.
Преживеаните се испратени во болница, изјавил локалниот командант за одговор при катастрофи. Петкатната зграда се урнала околу шест часот наутро по локално време.
Во Мумбаи, финансискиот центар на Индија, оваа година се урнаа неколку згради.Најстрашната несреќа беше онаа кога во...
Post Views: 1
Според истражувањето спроведено од Ридерс дајџест, Хелсинки е најчесниот град во светот. Репортерите на Ридерс дајџест за да го спроведат ова истражување намерно во различни градови низ светот загубиле 192 паричници. Всушност, во секој од 16-те градови опфатени во истражувањето оставиле по 16 паричници на јавни места, а во нив имало број на мобилен телефон и 50 долари. Потоа, набљудувале што ќе се случи.
Од 12 намерно загубени паричници во Хелсинки биле вратени дури 11. На второ место е Мумбаи каде од 12 паричници биле вратени 9, а на третото место на листата се најдоа...
Post Views: 1
Експерите прогнозираат деа Европа годинава ќе биде соочена со една од најстудените зими. Руската радио станица Гласот на Русија известува дека на Европа и се заканува зима на векот.Германскиот експерт Доминик Јунг истакнува дека уште сега е ладно само од гледање на метеорошките карти и модели.
Тој истакнува дека е можно да се соочиме со наладна зима во последните 100 години. Јунг истакнува дека пред се јануари и февруари ќе бидат обележани со многу ниски температури, а затоплување може да се очекува дури во април идната година.
Како причина за оваа прогноза наведува...
Post Views: 0
Поранешниот австриски тенисер Даниел Колерер, кој е доживотно суспендиран од „белиот спорт“ поради користење допинг, тврди дека не е можно Рафаел Надал да остварува такви фантастични резултати без да користи недозволени стимулативни средства.
Оваа негова изјава, дадена за швајцарскиот „Блик“, се очекува да предизвика цунами од реакции во светот на тенисот.
„Надал користи допинг, мислам дека тоа му е јасно и на најмалото дете. Седум месеци паузираше, а потоа се врати и победи на десет од 13 турнири на кои што настапи. Тоа едноставно не е можно. Тој можеби се повлече...