Post Views: 12
Денес има прекин во водоснабдувањето на улиците „Радојца Новичиќ“, „ 28-ми Април“, „Кленоец“, „улица 130“, селата Лескоец и Лакочереј, информираат од МЈП Проаква Водовод Охрид.
Причина за прекинот во водоснабдувањето е настанат дефект на главна водоводна линија, а водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот, односно околу 17 часот.
Поради дефект на водоводна линија , во од 8.30 до 13 часот ќе има прекин во водоснабдувањето и во населбата Елешец.
Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектите.
{loadposition conte...
Post Views: 4
Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Б.Т. (26) од Охрид.
На 6 овој месец во ноќните часови, пријавениот од стан на улицата „7 ноември“ во Охрид одзел 200 евра. Парите ги пронашол откако користејќи го велосипедот се качил на електрично ормарче а потоа на терасата по што со употреба на подесен алат, насилно ја отворил балконската врата и извршил пребарување низ собите. Користејќи штрафцигер и физичка сила пријавениот Б.Т. на 14 месецов успеал да отвори балконска...
Post Views: 4
Денес, во Центарот за јавно здравје – Охрид, започнува вакцинирање на населението против сезонски грип.
Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центарот, секој работен ден од 8.30 до 15 часот.
Вакцинирањето против сезонски грип ќе се врши со вакцина „Influvac“ од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија.
Цената на вакцината изнесува 400 денари.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Поради дефект на водоводната мрежа кој се случил во текот на вчерашниот ден, жителите на Елешец и Пештани се без вода за пиење. Екипи на „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Како што информираат од јавното претпријатие, работите ќе продолжат и во текот на ноќта, а се очекува дефектот да биде саниран денес до 17 часот.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар.
Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад Климент Охридски, на 26.10.2014 (недела)...
Post Views: 8
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (33) од Охрид.
Пријавениот, кривичното дело го сторил на 11 овој месец околу 03 часот во маркетот „Ем“ на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој од фрижидерот и рафтовите земал неколку паштети, салами, леб и други производи по што одбил да ја плати сметката и заминал од маркетот. Пријавениот го игнорирал барањето на вработената за наплата на сметката дрско реагирајќи дека нема потреба од плаќање и упатувајќи поздрав до сопственикот на маркетот.
{loadposition...
Post Views: 5
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 октомври 2014 година, (понеделник), во манастирот „Света Петка“, с. Велгошти – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Параскева“ со почеток во 9.00 часот.
Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
{loadposition content9}
Post Views: 8
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25.10.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3 ,,Кошишта,, и У.З.4 ,,Воска,, (заедно со комплексот згради и куќи во населба ,,Даљан,,).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата,...
Post Views: 1
Поглед кој секој би го посакувал од својот прозор, но не и животот зад тој прозор, кој крие многу тага. Трочленото семејство Јанкуловски од охридското село Рача, живее на работ на егзистенцијата. Во трошна куќа од само десетина квадрати, овие наши сограѓани секојдневно ја водат битката наречена живот. Вода за пиење со сомнителен квалитет, отсуство на санитарен јазол и основни елементи од покуќнината се само дел од проблемите кои го мачат ова семејство. Богоја Јанкулоски, некогаш вработен во градежната фирма „Бетон“, а денес поради здравствените проблеми корисник на...
Post Views: 5
Еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца.
На трети овој месец околу 9 часот, заедничката патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ со полициски службеник од албанската езерска полиција, го забележала А.З. (47) од Поградец на околу 50 метри илегално навлезен во македонските територијални води при незаконит риболов.
По консултација со јавниот обвинител од А.З. одземени се 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20 пластични шишиња со по 6 блинкери...
Post Views: 5
На пригодна свеченост, со културно уметничка програма закажана за 20 часот ,вечерва во НУ Центар за култура “Григор Прличев“, Општина Охрид ќе го одбележи 23-ти Октомври, денот на македонската револуционерна борба.
Во рамки на свечената програма предвиден е :
1. Настап на хорот при ОСУ Св. Климент Охридски со песната “Собрале ми се набрале2. Aнсамблот Билјана Јуниор “Налеј налеј налеј”3. Настап на виолинистот Игор Бежаноски со инструментална изведба на револуционерни песни4. Настап на учениците од рецитаторската секција во Општинското средно училиште Св.Климент Охридски...
Post Views: 1
Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со поставување на фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“.
Претходно фекалиите од оваа улица се пренасочуваа кон споредните улици „Трајче Дојчиноски“ и „Александар Гушо“, па поради тоа доаѓаше до преоптоварување на канализацијата што резултираше со застои и излевање на фекалии.
По апелите од жителите кои живеат на овие улици, за решавање на проблемот, со ново предвидената фекална канализација, која е со профил ф300 и со должина од 150м и за која се предвидени шест ревизиони шахти, овај долгогодишен...