Post Views: 4
Во годината на големиот јубилеј 50 години од постоењето Основното музичко училиште „Методи Патче“ со уште еден успех.
Минатата недела учениците од ова училиште – виолинистите: Даниел Мојсоски и Александар Грунчески од класата на професор Елица Џуклеска и виолинстот Бајрам Рамаданоски од класата на професор Мухамед Бајрам учествуваа на два концерти во Блед и Љубљана, во рамките на проектот „Концерт на 100 млади“ .
„Задоволни сме од она што го видовме и најмногу од придонесот на тројцата наши млади виолинисти, “вели директорката на училиштето м-р Нина Момировска, таа...
Post Views: 1
Пред неколку години Охридската болница доби модерен компјутерски томограф, па така пациентите повеќе не плаќаат огромни суми на пари за дијагностика во приватните болници, туку тоа ќе го прават во општата болница.
„Во рамките на проектот за осовременување на болниците влезе томографот како приоритет за Охрид. Апаратот чини околу 800.000 евра. Наша инвестиција е околу 30. 000 евра од болницата. Очекуваме апаратот да си го исполни своето, да им пружи на пациентите високо софистицирана дијагностика“изјави тогаш д-р Љубен Арнаудов. директор на Општа болница Охрид.
Повеќе...
Post Views: 0
Најновата песна на Владимир Василески Четкар, песната „I Remember“ ќе биде дел од неговиот нов албум „Heavenly“ кој во Македонија ќе биде промовиран во реда (19 Ноември) со концерт во Скопје во „Станица 26“.
Наредниот ден Четкар патува за Њујорк каде го очекува снимање и соработка на новиот проект на музичките легенди Боб Синклар и Димитри Фром Париз.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните на Охрид, на четвртиот од низата Саеми за вработување.
“Денес сме во град Охрид, и морам да признаам дека одзивот на компаниите е навистина одличен. Караванот Саеми за вработување во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република...
Post Views: 10
НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид, во понеделник (17-ти ноември) ќе организира сеќавање во чест на Миодраг Павловиќ, добитник на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата во 1970 година.
Mиодраг Павловиќ е роден во Нови Сад. И покрај тоа што завршил медицински факултет во Белград, најголем дел од својот работен век поминал во културата. Бил директор на белградското Народно позориште и уредник во издавачката куќа „Просвета”. Член е на Српската Академија на Науки и Уметности.
Творечкото дело на Павловиќ е богато и разновидно:...
Post Views: 0
Утре со почеток во 11 часот во салата на советот на општина Охрид ќе се одржи предавање за болеста ХАЕ.
Целта на оваа иницијатива на здружението е поинтензивно запознавање на лекарите од примарната здравствена заштита преку нивна едукација за да може да ја препознаат ретката болест ХАЕ кај потенцијалните пациенти, како и начините на кои може да им се помогне на пациентите.
Индиректно овие предавања за ХАЕ се очекува да помогнат во зголемување на јавната свест за болеста, како и идентификување на потенцијални нови пациенти, со што би се овозможило и нивно вмрежување во...
Post Views: 3
„Охридски Комуналец”информира дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата „Македонски Просветители”.
Поради ова потребно е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на нивните активности. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите: 1. Понеделник 17.11.2014 год. – пресекот на “Кеј Македонија”со улицата “Партизанска”; 2. Вторник 18.11.2014 год. – потегот од ул.”Партизанска” до улицата “Димитар...
Post Views: 3
Утре на 15-ти ноември 2014 година ЈП „Охридски Комуналец” ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини во Урбаната заедница „Даме Груев“ и Урбаната заедница 10 односно кај комплексот згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“.
Се молат граѓаните кои живеат во овие урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Работната единица „Механизација” на телелефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од претпријатието...
Post Views: 4
Денеска во 12 часот од Москва со директен лет до Охрид, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, слета рускиот олигарх, Николај Токарев.
Токарев, кој наводно бил поранешен офицер на КГБ кој еден период бил на служба во Источна Германија, на аередромот бил пречекан од Миле Зечевиќ, поранешен директор на Управата за контраразузнавање и безбедност на Република Македонија. Зечевич и Токарев се упатиле кон Дебар.
Инаку Токарев моментално е претседател на руската компанија за дистрибуција на гас, Транснефт.
Неговото име во неколку наврати се поврзува со сегашниот руски претседател...
Post Views: 6
Ротари клубот Охрид го привршува Глобалниот грант бр. 1420286 „Медицинска опрема за Детското оделение при Општата болница во Охрид“ во вредност од 40.245 евра, реализиран со поддршка на Ротари Фондација на Ротари Интернешнл и клубови од Италија, Шведска и Србија.
На 18-ти ноември охридските ротаријанци ќе извршат примопредавање на опремата, чин на кој е најавено и присуството на членовите од ротари клубовите од Италија,Шведска и Србија.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67- годишен охриѓанец.
-На втори април годинава околу 21 часот, во селото Горно Лакочереј при извршен преглед врз пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Валтер“ со калибар девет милиметри и еден куршум кратко зрно од истио калибар.Рачното огнено оружје е забележано во џеб од горната облека при преземање мерки за утврдување на идентитетот на сега пријавениот,...
Post Views: 2
Поради пројавената заинтересираност за Проектот МАЈКИ, Црвен крст Охрид ги информира идните мајки од Охрид дека бесплатните курсеви и практичната настава водена од врвни специјалисти од повеќе области, продолжуваат и во наредниот период.
Курсевите се одвиваат во просториите на Црвен крст Охрид, траат пет дена по три часа, а опфаќаат едукација на идните мајки во однос на бременоста, правилното доење, исхрана и повивање, вакцинација и давање прва помош. Сите кои го посетуваат курсот бесплатно добиваат и прирачници за правилно и успешно доење и навремена и дополнителна...