Post Views: 0
Министерството за транспорт и врски го објави Јавниот оглас за изработка на проектна документација за изградба на пешачка патека од охридскиот плоштад до црквата „Св.Јован Канео“ и поврзување со патека до плажата Лабино.
Проценетата вредност на проектната документација без ДДВ е околу 19.000 евра или 1,2 милиони денари.
Во рамки на делот за видот на договорот за јавна набавка пишува дека се работи за категоријата: Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани...
Post Views: 7
Заинтересираните граѓани барањата за субвенционирање на комунални услуги можат да ги поднесат заклучно со петок , 5- ти декември.Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно субвенцијата.
Барателот...
Post Views: 4
Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото “ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ” со низа активности заедно Ќе го одбележат Црвен крст Охрид, ОпцијаОхрид и Центар за јавно здравје Охрид. Предвидено е да се реализираат следните активности:
01.12.2014 г. (12:00ч.) – Доверливо советување и тестирање (ДСТ) на Градскиот плоШтад(плато Летница)-можност секој заинтересиран да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни...
Post Views: 7
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид.
Во периодот од декември 2012 до март 2013 година, пријавениот во својство на градоначалник на ЕЛС општина Охрид, делувајќи по претходна умисла, веројатно со намера да се стекне со што поголемо општествено влијание како кандидат за Градоначалник на општина Охрид во пресрет на Локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи противправно склучил сто шеесет и пет договори за времени вработувања...
Post Views: 1
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 ,,Кошишта,, и У.З.4 ,,Воска,, (заедно со комплексот згради и куќи во населба ,,Даљан,,).
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на...
Post Views: 3
Секторот за внатрешни работи Охрид деновиве постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби.
„Целта е да се обезбеди еднакво право за пристап и еднаква можност за достапност и контакт на лицата со посебни потреби со полициските службеници, навремено излегување во пресрет на нивните барања, потреби но и решавање на одредени проблеми од безбедносен аспект. На овој начин СВР Охрид како сервис на граѓаните практично ја покажа отвореноста и кон лицата со посебни потреби со што настојуваме оваа категорија наши сограѓани, службата да ја почувствуваат како своја и блиска....
Post Views: 1
Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека денес, 27- ми ноември, во 15 часот поради изведување работи на пат (минирање), сообраќајот на патниот правец Е65 Кичево-Охрид ќе биде во прекин.
Ќе се минира во влизина на делницата (Пресека-Врбјани) а сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 30-45 минути.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Филмот “Споменикот на Мајкл Џексон” (2014) во режија на Дарко Лунгулов, жарн комедија / драма ќе биде поставен на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“, во деновите 9-ти (вторник), 10-ти (среда), 11-ти (четврток) декември 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 100 денари.
Приказната во филмот се плете околу еден локален бербер од едно српско село кој доаѓа до идеја да се подигне споменик на Мајкл Џексон да се привлечат туристи од целиот свет. На дел од локалните жители им се допаѓа идејата, а на другите не.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Несовесно работење во службата“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.З.Ш.(65) од охридското село Велгошти.
Пријавената, во својство на службено лице-советник за првостепена управна постапка во Одделението за првостепена управна постапка-Охрид во Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии, со пропуштање на должен надзор или на друг начин со очигледно несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, овозможила исчезнување на 52 поднесени барања за приватизација.
Станува...
Post Views: 21
Со забрзано темпо се одвиваат активностите кои се однесуваат на теренот за фудбал на вештачка трева при СРЦ “Билјанини извори“. Во тек е поставувањето на вештачката трева на веќе подготвената подлога.
Паралелно со поставувањето на слоевите со вештачка трева се нанесува и специјален гранулат со цел нанесената вештачка трева да го добие посакуваниот изглед и содржина.
Покрј вештачка трева се поставува и заштитната ограда по должината на целиот стадион во предвидените димензии,а екипи на охридските јавни претпријатија поставуваат рабници и бехатон плочки на местата за...
Post Views: 0
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески е во неколкудневна посета на Шенжен –Република Кина, каде оствари работна средба со делегација на регионалните власти, предводена од заменикот градоначалникот на Шенжен, Ву Јихуан, која воедно е и шеф на Секторот за образование, култура, спорт и здравствена политика во локалниот Конгрес на провинцијата. На средбата се разговараше за можностите за етаблирање на идна долгорочна соработка во делот на образованието преку размена на студенти и професорски кадар. Се разгледуваа и можностите за продолжување на воспоставената...
Post Views: 4
Синоќа околу 00,15 часот, во Охрид во угостителскиот објект „Нова“ дошло до меѓусебна расправија, а потоа и тепачка помеѓу Б.Р.(32), сопственик на угостителскиот објект и И.Р.(36), во која И.Р. со нож му нанел две убодни рани на Б.Р. во пределот на левата надколеница, а на И.Р. од тепачката му се нанесени повреди во пределот на носот.
На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
{loadposition content9}