Post Views: 2
Жителите на оваа улица извесен период реагираат на комуналните проблеми со кои се соочуваат, особено на недостатокот на уличното осветлување на дел од оваа улица.
Бројни се и оштетувањата на коловозот, а дел од оваа улица нема ни тротоари од двете страни.
Повеќе информации во „Дневникот 1“ на „ТВМ Телевизија.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес (24.12.2014 г.) во 11 часот во Куќата на Уранија во Охрид ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“.
Поставката која се наоѓа во Музејот на Робевци содржи повеќе од 400 златни и позлатени предмети откриени на археолошките локалитети во Охрид и охридско, со хронолошка припадност од 7 век пред нашата, па се до 19 век од нашата ера.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Министерот за здравство, Никола Тодоров на вчерашната отворена седница на Владата најави инвестиција од 210 милиони денари за реконструкција на болници и набавка на опрема во здравствените институции во државава.
Нов мамограф ќе добие и охридската болница. Тодоров истакна дека овие средства ги обезбедиле како резултат на заштедите коишто ги направиле со набавката на инсулин и ленти за мерење на шеќер. Само од овој тендер вкупната заштеда изнесувала 235 милиони денари, рече Тодоров.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“, а во рамките на донаторската акција за опремување на музичкиот кабинент на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, охридските гимназијалци одржаа еден невообичан концерт.
Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Покрај тоа што публиката уживаше во настапите на музичките ѕвезди, имаше и можност да пее со изведувачите бидејќи текстот на песните беше проектиран на платно, а изведувачите беа оценувани од жири.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Фестивалот Охридско лето се закити со уште едно вредно признание како најголема културна манифестација, водечка во градењето на културните вредности на државата.
На синоќешната свеченост во Скопје, по повод 70 години од постоењето на Македонската филхармонија, Охридско лето доби благодарницата за особен придонес во растежот и развојот на најстарата национална музичка институција во земјава. Наградата ја прими претседателот на Управниот одбор, Зоран Вељаноски- Летра. Според него голема е честа да се добие едно вакво признание кое ги потврдува напорите Фестивалот да...
Post Views: 0
Охридското Езеро треба да добие обележан пловен пат, по кој ќе се движат бродовите, глисерите и другите пловни објекти. За таа цел Министерството за транспорт и врски преку Електронскиот систем за јавни набавки, деновиве објави Јавен оглас, за изработка на проект за обележување на езерската површина со поставување на пливачки направи. Вредноста на оваа јавна набавка изнесува околу 2.500 евра или точно 150.000 денари.
Освен јавниот повик за изработка на проект за пловен пат, Министерството за транспорт и врски објави и јавен повик за изработка на проект за обележување...
Post Views: 2
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М.(23) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“. При извршен преглед кај пријавениот пронајдени се 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна помегу коланот и пантолоните. Таблетите содржат МДМА психоактивна супстанца односно стимуланс на централниот нервен систем што е класифициран на листата на забранети опојни дроги и психотрони супстанци. Дополнително, во предниот...
Post Views: 4
Прв пред охриѓани и гостите, коалиционите партнери како и членовите на извршниот одбор на Охрид и пратениците се обрати председателот на партијата Зоран Заев. Тој зборуваше за актуелните случувања во државата, за тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните, но и за мерките што СДСМ ќе ги превземе доколку дојде на власт.
„Ја најави Заев бомбата и најави арггументации и докази против власта, се нема случено експлозијата, бомбардирањето е започнаот во државата.Гледате дека од сите страни се ниша власта.Ова што овие денови им се случува како инает и непопуштање,...
Post Views: 1
Од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод, информираа дека денес во периодот од 8:30 до 14 часот ќе има прекин на водоснабдувањето на сите улици во населбата „Гоце Делчев“.
Слиужбите на меѓуопштинското јавно претпријатие објаснуваат дека прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на главна водоводна линија.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Светна новогодишната елка на градскиот плоштад , чин со кој Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и официјално го означи почетокот на новогодишните празнувања во нашиот град.
Никогаш досега на градскиот плоштад немало толку многу помошници на Дедо Мраз. Стотина дечиња од градинката Јасна Ристеска и младите танчери од студиото за танци „Соната“ со своите песни и танци го најавија доаѓањето на Новата Година. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески информираше дека годинава празнувањата ќе започнат на 22-ри декември, а во десетдневната програма ќе има содржини...
Post Views: 0
На 17.12.2014 година во Приштина се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC).
На форумот Главни теми се ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа.
На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој...
Post Views: 6
„Не сме изненадени од фактот што мала политичка партија во обид за ситни маркетиншки поени втора Новагодина по ред како новогодишна желба за популизам излегува во јавност со не вистинити, не точни, не аргументирани и воопшто законски не поткрепени изјави во однос на процедурата за поставување на лизгалиште на Градскиот плоштад.“
„Нас не не’ зачудува непознавањето на законската регулатива од страна на политичките партии сателити на претходната локална власт затоа што доколку навистина ја познаваа правната процедура сигурно ќе му сугерираа на нивниот градоначалник да не...