Post Views: 7
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И. (25) од Охрид. Основниот суд Охрид него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.
Во почетокот на ноември минатата година, пријавениот креирал лажен фејсбук профил „Kikolo giko“ по што набрзо се воспоставил контакт со 13 годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација, сега притворениот И.И. на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот...
Post Views: 1
Доаѓањето на Новата година, кај нас често предизвикува ентузијазам, возбуда и можност за нови одлуки, резолуции и промени. Календарската промена е најпогодна почва за симболични и идни јубилејсни победи и успешни потфати кои ќе си ги зацртаме во овие празнични денови. Д-р Јулијана Василевска- Специјалист по психијатрија – Општата болница во Охрид вели дека овие денови знаат да бидат вистински засилувачи на вољата особено во овие стресни времиња.
„Добро е за луѓето што постојат овие празници и традиции кои не враќаат во минатото во детството што е една безбедна...
Post Views: 2
По повод рекордната продажба на 302 стана во 2014-та година, Адора инженеринг ќе ги награди со зимување во Банско, сите купувачи на стан од овој градежен бренд од почетокот на годинава до 15-ти февруари 2015-та година.
Со овој подарок, компанијата, лидер во високоградбата во Македонија и регионот, традицинално сака да им возврати за довербата и лојаноста на купувачите, со грижа, љубов, внимание и награди, со што продолжува и во 2015-та година. Адора инженеринг, синоним за докажано сигурна, квалитетна и економична еко градба, на крајот на 2014-та ја додели наградата...
Post Views: 0
Општина Охрид им благодари на СДСМ -Охрид , што толку “будно“ и “загрижено“ ја следеле состојбата со снежното невреме во Охрид , па наместо веднаш да помогнат со личен пример во расчистување на снегот пред своите дворови, се огласија во јавност со цинично соопштение осум дена по неговото паѓање.
СДСМ- Охрид ја изобличува вистината, но фактите говорат дека сите улици во Охрид и патишта до најодалечените охридски села беа пробиени и проодни за сообраќај само неколку часа по невремето. Градоначалникот Никола Бакрачески како ниеден досегашен охридски ...
Post Views: 5
Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи кои престојуваа во градот за време на новогодишните празници.
Само 25 сантиметри снег беа доволни да ја покажат и докажат целосната неподготвеност, неспособност и немоќ на надлежните општински служби да се справат со реалните проблеми на граѓаните. Врнежите од снег, на крајот од декември, за општинските власти во Охрид беа временска непогода од огромни размери, што ги изненади надлежните стручни служби. Туристите, кои едвај успеваа да пристигнат до хотелите, апартманите и вилите, беа...
Post Views: 3
Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“.
Студеното време, зимскиот распуст, но и поврзувањето на слободните денови за празниците од страна на родителите, драстично го намали бројот на дечињата кои ги користат услугите на детската градинка „Јасна Ристеска“. Розе Костоска директорката на градинката информира дека централниот објект ќе работи на 5-ти 8-ми и 9-ти јануари, додека објектите „Лихнида“ и „Развигорче“ се очекува да почнат со...
Post Views: 2
Преносната мрежа со која управува и оперира МЕПСО е целосно функционална и сите точки на прием на дистрибутивниот систем-оператор се снабдени со електрична енергија и се под напон.
Националниот електропреносен систем функционира оптимално и сите над 50 трансформаторски станици приклучени на преносната мрежа се под напон и се снабдуваат со електрична енергија. Во целост ги отфрламе како невистинити шпекулациите дека МЕПСО денеска имал проблеми во снабдувањето со електрична енергија кои беа изнесени во некои од медиумите.
Стручните лица од МЕПСО максимално посветено...
Post Views: 2
Со хеликоптер на МВР денеска се евакуираа три лица во завеаното со снег струшко село Ржаново, а надлежните институции прават максимални напори за расчистување на патиштата кон отсечените села поради невремето, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Инаку трите лица останаа завеани во ова струшко село и буквално ова беше единствен начин да се стигне до нив, со оглед на обилните снежни врнежи кои го зафатија регионот.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Ниските температури кои утрово беа почуствувани во охридскиот регион буквално го оковаа нашиот град.
Најпогодени се жителите од стариот дел на градот, како и оние кои живеат во населбата „Гоце Делчев“ позната како Бараки.
Се повторува сликата на оштетени телефонски кабли како и кабли од кабелските оператори. Во населбата „Гоце Делчев“ под тежината на снегот се скршија неколку дрвја бор, а оштетено е и детското игралиште.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Oхридското даночно одделение на Управата за јавни приходи од 1-ви јануари 2015-та година, ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Освен во Охрид, продолжување на работното време ќе има и во сите останати одделенија на УЈП.Причина за оваа одлука е совпаѓањето на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, па така, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите...
Post Views: 42
ТВМ ТелевизијА прерасна во регионален медиум. Одлуката ја донесе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
ТелевизијА ТВМ постои веќе 22 години, години на постојан растеж. Телевизијата е од поодамна и кадровски и технички подготвена да се носи со ваков формат на регионална телевизија и всушност одлуката на Агенцијата е само една официјализација на тоа. Сепак, ова е значаен момент во развојот на медиумот и вработените во ТВМ се подготвени за новиот предизвик.
ТелевизијА ТВМ продолжува да работи...
Post Views: 5
По повод претстојните Новогодишни празници, традиционално и оваа година, Локалната самоуправа на Охрид и Црвен крст Охрид, за социјално најзагрозените семејства и лицата со хендикеп од Охрид, организираат хуманитарен Новогодишен ручек во Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески” во Охрид, на 25.12.2014 г. (четврток) со почеток во 14:00 ч.
Предвидено е Градоначалникот на Охрид во 14:20 ч. да ги поздрави присутните и заедно со Дедо Мраз, на најмладите, да им подели новогодиШни пакетчиња.
{loadposition content9}