Post Views: 5
Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид.
Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.09.2015 год.(сабота)...
Post Views: 1
Неопходните чекори што треба да бидат преземени за задржување на вонредниот притисок на мешаната миграција е целта на меморандумот за разбирање што ќе го потпишат министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија.
Министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и Србија, Митко Чавков, Јохана Микл Лајтнер и Небојша Стефановиќ, како и заменик државниот секретар на МВР на Унгарија Кристина Берта ќе потпишат меморандум за разбирање посветен на чекорите за справување со вонредниот притисок на мигрантите и бегалците што ги засега овие земји.
Се очекува...
Post Views: 7
Едно лице го загуби животот а друго има тешки телесни повреди по сообраќајната незгода што вчера во 15 часот се случи на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај туристичката насебата Лагадин.
По сообраќајната несреќа, од здобиените повреди, синоќа во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид почина Тони Т. (20) од Охрид додека Б.С. (17) од Охрид, се здоби со тешки телесни повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.
Во тешката сообраќајна незгода учествувале моторцикл марка „Хонда“ и патничко моторно возило марка „Форд Мондео“, двете со охридски регистарски ознаки.
Незгодата...
Post Views: 9
По втор пат сите охриѓани кои сакаат да се информираат за субвенцијата за купување на стан или куќа, ќе можат да го направат тоа во рамки на караванот на проектот „Купи куќа, купи стан“, што стартува денеска од Штип.
-Овој караван има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово, информираа надлежните за проектот.
Според концептот,...
Post Views: 2
Откако вчера беше објавена веста за десетгодишната Јована која боледува од малиген карцином на раката, директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски се огласи дека фондот ќе покрие леувањето а интервенцијата е на 22 септември во клиниката Есен во Германија. Но сепак на семејството им е потребно помош за авио билети, сместување и болнички трошоци за еден родител во клиниката кои изнесуваат 400 евра дневно.
Јована Тасеска од Охрид има 10 години. Нејзиното среќно детство го нарушува подмолна болест.
Таа има малиген израсток на раката, кој по неуспешнaта операција во Скопје повторно...
Post Views: 5
Јована Тасеска од Охрид има 10 години. Нејзиното среќно детство го нарушува подмолна болест.
Јована има малиген израсток на раката, кој по неуспешнaта операција во Скопје повторно и се појавува. За ова девојче да може да живее како сите деца потребна е итна операција во Германија. Но за да може да го оствари сонот исполнет со здравје и радост потребни им се 10 000 евра, кои семејството за жал не може да ги обезбеди. Да помогнеме да и овозможиме на малата Јована да се радува и смее, да чекори со возбуда, да прегрнува со насмевки, бидејќи секое дете заслужува безгрижно...
Post Views: 8
Црковниот одбор при црквата Свети Петар и Павле и Манастирот Свети Илија од село Мешеишта, Охрид, во недела, 6-ти септември, ги покануваат верниците на чинот на осветување на манастирот Свети Илија.
Програмата ќе започне со утрена богослужба, која ќе биде со почеток во 07:30 часот во самиот манастир.
Од 08:30 часот верниците и црковниот одбор на манастирот ќе го пречека митрополитот Тимотеј. Чинот на осветувањето на храмот и одржувањето на Света Архиерејска литургија е закажано од 8:45 часот.
Потоа во 11:30 часот ќе има свечен манастирски ручек. Ќе биде организирана...
Post Views: 15
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект во Струга, подружница на правно лице од Елбасан Република Албанија како и против 40- годишниот управител во правното лице.
Пријавените, во текот на овој месец на нива приватна сопственост во Ново Село општина Дебарца, извршиле нелегална експлоатација на минерални суровини.
– Иако немале концесија односно дозвола за експлоатација на минерални суровини издадена од Министерството за економија при Владата...
Post Views: 0
Извидничкиот Одред ПИОНЕР од Охрид на овогодинешните Републички СРЕДБИ НА ИЗВИДНИЦИ-СТРУГА 2015,одржани во периодот од 28-30.08.2015 година, зеде учество со две екипи на помлади извидници и една екипа од извидници.
Средбите беа одлично организирани од одредот домаќин Извидничко-поречанскиот одред “Крсте Јон” од Струга,со гости од повеќе градови од РМ, при што учесниците имаа можност да ги покажат своите стекнати и научени животни вештини, комуникација преку семафорска сигнализација и морзеова азбука,урбана ориентација,полигони на спретност,тестови по општа...
Post Views: 6
Во црквата Св.Дух во Котор, Црна Гора, на иницијатива на меѓународниот фестивал КоторАрт беше потпишана Которската иницијатива, Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали: Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и Охридско лето (Македонија).
Спогодбата ја потпишаа Ратимир Мартиновиќ (директор на которАрт Дон Бранкови денови на музика и координатор на сите програми на КоторАрт), Младен Тарбук (интендант на Дубровничките летни игри), Дарко Брлек (директор...
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.В.(37) од струшкото село Поум.
Пријавениот, без соодветна документација за сеча на дрва организирал, пресекол и одзел туѓа шума во количина од 10 метри просторни, со што се стекнал со противправна имотна корист од 24.000,оо денари. Тој ангажирал три лица албански државјани за сеча на дрва од шумски терен во подрачјето на селото Поум на земјиште кое не е негова сопственост. Тие требало бесправно односно без одобрение да ги сечат дрвата...
Post Views: 1
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за три денари од литар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два денара.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 ден/лит. Еуродизелот ќе се продава по 49 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство за 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,527 ден/кг и ќе изнесува 20,760 ден/кг.