Post Views: 0
Универзитетот „Св. Апостол Павле“ Охрид и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност потпишаа договор за стипендирање на студенти за студиски престој во странство.
Договорот во вредност од 66 750 €, за стипендирање на студиски престој во странство за 22 студенти и 3 професори од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ е потпишан од ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид – Нинослав Марина и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Дарко Димитров.
Врз основа...
Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект од струшкото село Боровец и против овластено лице од истото село. Во врска со казненото дело „Фалсификување службена исправа“, во пријавата опфатено е и 61- годишно лице од Охрид вработен во градежна фирма од Скопје.
– На 18-ти август оваа година, на локалитетот „Црвена Вода“ општина Дебарца, со работни машини сопственост на правниот субјект од Боровец извршена е незаконска експлоатација на минерални...
Post Views: 0
На ден 30.09.2015 година (среда) во малата сала на општина Охрид, со почеток во 14 часот, закажана е СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО ОПШТИНА ОХРИД, со следниов дневен ред:
1. Усвојување на записникот од конститутивната седница на Советот
2. Извештај за одржаните активности кои Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, ги реализира во периодот јуни-септември 2015 година
3. Избор на заменик претседател на Советот
4. Информација за претстојната активност на Републичкиот совет за безбедност на патиштата...
Post Views: 6
По повод Светскиот ден на првата помош, 12-ти септември општинската организација Црвен крст во текот на утрешниот ден ќе организира низа настани.
На плоштадот „Свети Климент Охридски“ од 10 до 15 часот ќе се одржи презентација на вештини за укажување на прва помош.
-Екипи на Црвениот крст составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери ќе ги презентираат најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Сите оние посетители кои ќе дојдат на овој настан ќе можат и да ги пробаат тие техники и вештини на специјалните помагала кои ќе ги имаме на располагање...
Post Views: 12
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира кампањата „Вози трезвен-стигни жив“.
На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и делење...
Post Views: 19
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“ , „Димитар Влахов“ , „Кеј Македонија“; и нас.„Охридати“.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353...
Post Views: 2
Во текот на изминатиот период, граничната полиција на граничниот премин „Богородица“ евидентирала неколку случаи на оштетување возила на македонски државјанин кој летувале во Грција.
Помеѓу нив е и возилото „Цитроен Ц4“ со охридски регистарски озаки кое било оштетено во летувалиштето Калитеа. Според информациите од граничната полиција на возилото со остар предмет му биле изгребани двете страни од преднииот до задниот фар и му бил оштетен знакот „МК“ на задната страна од возилото.
Освен оштетувањето на ова возило во перидот од 28-ми август до 8-ми септември 2015 година...
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.Б.(47) од Вевчани-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
Пријавениот во текот на 2013 и 2014 година противзаконски издал вкупно 176 одобренија со кои одобрил сеча на 11.040,оо м3 дрва, од кои се исечени и со испратница...
Post Views: 0
Министерството за здравство објави видео на кое што можат да се видат детали за изгледот на Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид по најавената реконструкција.
Од средината на месец октомври се очекува да започнат градежните работи за реконструкција на болницата кои треба да завршат во рок од 18 месеци или до април 2017 година, најави министерот за здравство на Република Македонија Никола Тодоров.
Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација на постојниот објект на Специјалната...
Post Views: 0
Градоначалнико Никола Бакрачески, по повод 8-ми септември Денот на независност на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Охрид.
„Изминувааат 24 години кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независност на нашата татковина, Република Македонија. Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмслено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот стремеж...
Post Views: 5
Охриѓани по втор пат ќе може да се информираат за поволностите на проектот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на презентацијата, што ќе се одржи во среда на 9-ти септември во просториите на општина Охрид со почеток во 17 часот.
На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании од Охрид кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.
Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна...
Post Views: 0
8-ми септември се прославува како Денот на независноста на Република Македонија.
Согласно Законот за празниците на Република Македонија, Министартвото за труд и социјална политика соопшти дека овој празник е неработен ден за сите македонски граѓани.