Post Views: 0
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 07.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„).
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите...
Post Views: 0
Општинската организација на СДСМ од Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита Денот на ослободувањето 7-ми Ноември, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија.
Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 71 година ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги полнеше...
Post Views: 5
Ученици и наставници од трите наставни јазици, денеска во просториите на ОУ „Братство Единство”, го подготвуваа најстариот десерт во историјата- ашурето.
Мотото на денешната активност, која во училиштето веќе станува традиција, беше „Богатството е во различностите”. „ На почетокот на оваа учебна година, нашето училиште го доби знамето за модел училиште од страна на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.
Ова знаме е потврда за заслугите на ОУ „Братство Единство” во беспрекорната имплементација на Проектот, но и морална обврска на сите вработени да го...
Post Views: 2
ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности изведба на фекална канализација на крак од улицата „Стив Наумов“.
Ќе се поставуваат цефки со дијаметар Ф 200 и ке се врши преприклучување на објектите на потегот на кој се изведуваат активностите.
Јавното претпријатие продолжува континуирано да работи кон подобрување на системот за одведување на отпадни води и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид.
Post Views: 7
Легендарната пејачка Арета Френклин го прослави 70 роденден, но воедно најави и повторна соработка со својот музички ментор Клајв Дејвис. На раскошната вчерашна роденденска забава, кралицата на соулот пречекала многу познати имиња како што се Дајан Соер, Ал Шарптон, пријателот и вереник Вили Вилкерсон, но и легендарниот Клајв Дејвис, продуцентот заслужен за нејзиното големо враќање во 1980-те години.
-Повторно потпишав за Клајв и снимаме нов албум – рекла Арета за „Асошиејтид прес“.
Се осврнала и на биографскиот филм кој наскоро треба да почне да се снима, но...
Post Views: 2
Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу Пресека – село Врбјани, денеска ќе има прекин на сообраќајот.
Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 14 до 16 часот.
Post Views: 5
ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности изведба на тротоар на Бул. Јане Сандански на потегот од раскрсницата кај гимназијата Св. Климент Охридски наспроти учителската зграда во должина од 100 метри.
Овој потег кој до сега беше незаштитен и небезбеден за движење на пешаците претставуваше и проблем на жителите кои живеат на тој дел бидејќи при врнежи водата често се слева во нивните куќи и дворови.
Со оваа градежна активност се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на тој потег како и се зголемува безбедноста на учесниците во сообра...
Post Views: 1
Предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти повикани за зимското одржување на патиштата, е тема на работниот состанок што на петти овој месец во 11 часот ке се одржи во хотелот Амбасадор кај Подмољје.
Работниот состанок го организира Секторот за внатрешни работи Охрид со цел ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. Работниот состанок ќе значи уште еден обид за синхронизирање и координирање...
Post Views: 3
ЈУМ Центар за социјална работа – Охрид информира дека законската годишна обнова за корисниците на правото на СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ ќе се одвива во периодот од 09.11.2015 година до 11.12.2015 година секој работен ден во просториите на ЈУМЦСР Охрид, а тоа се однесува за општина Охрид и општина Дебарца.
Потребна документација за годишната обнова е:
-Важечки лични карти за сите возрасни над 18 годишна возраст
-Пресуда за развод на брак (доколку лицето е разведено)
-Пресуда за определена законска издршка
-Потврда за студент
Post Views: 12
Американските научници ги тестирале глувците и ќелавите луѓе кои волонтирале за истражувањето, а било утврдено дека постои протеин кој го предизвикува слабеењето на влакното, тенчењето на косата и поради тоа и нејзиното опаѓање.
Научниот весник за медицина објави дека истражувачите веќе тестирале потенцијални лекови и дека развиваат нови начини како да се изборат со ќелавоста на мажите.
Имено, тие сакаат да направат крема со која би се третирале раните симптоми на ќелавост.Поглемиот број на мажи почнуваат да ја губат косата во средното доба, а околу 80% од нив го губи...
Post Views: 5
Општинскиот Црвен крст објави конкурс за избор на најстар жител / жителка и брачен пар со најмногу години во брак во општините Охрид и Дебарца.
На конкурсот можат да се пријават и да учествуваат жители во општината Охрид и Дебарца. Секој учесник на конкурсот потребно е да ја докаже својата старост или годините поминати во брак со соодветен документ за идентификација (лична карта / пасош / извод на родени / извод на венчани и сл.)
Пријавите со личните податоци, адреса на живеење и фотокопија од соодветниот документ за докажување на староста / годините во брак, треба да...
Post Views: 4
„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес го организира во основното училиште „Христо Узунов“ во 18 часот.
Состанокот е планиран во соработка со локалната самоуправа –Охрид- сектор за комунален развој, а поканети се председатели и преставници на урбаната заедница „Горна влашка мала“, претставници од заедници на станари и заинтересирани граѓани.
На средбата, инспектор за превенција по криминалистички работи, со пауер поинт презентација ќе одржи едукативно предавање на тема:„Обезбеди се не биди жртва на кражби“.
На средбата предвидени...