Post Views: 3
Бројот на туристите во ноември 2015 година во Охрид бележи зголемување за околу 14 проценти, во споредба со истиот месец во 2014 година.
Додека бројот на ноќавања е зголемен за 16 проценти.
Во месец ноември во Охрид е забележано зголемување на бројот како на домашните така и на странските туристи. Бројот на странските туристи е зголемен за 12.2%.
Од сместувачките капаците, најпосетувани биле хотелите, а на второ место се соби, станови и куќи за изнајмување.Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е...
Post Views: 2
Вицепремиерот задолжен за имплементацијата на Рамковниот договор, Муса Џафери денеска ќе престојува во посета на Бугарија.
Џафери ќе има обраќање на конференцијата организирана од Атлантскиот клуб на Бугарија на тема: „Евро-атлантската ориентација на Косово“.
За време на престојот во Софија, вицепремиерот Џафери ќе се сретне со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, со вицепремиерот и министер за финансии, Симеон Дианков, како и со министерот за надворешни работи, Николај Младенов.Џафери, исто така, ќе има средби и со директорот на Атлантскиот клуб на Бугарија,...
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок, СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против И.Е. (33) од Охрид.
Пријавениот, на кого му било доверено водењето на угостителскиот објект „Табана“ лоциран на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, на први јануари годинава, не презел соодветни мерки за одржување на јавниот ред и мир во кафе барот каде имало организиран дочек на новата година. Тој не презел соодветни активности да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир со тепачка и настанот не го пријавил во полициската станица од општа надлежност...
Post Views: 2
„Јандекс“ исто така учествува во истрагата на Европската комисија која ја проучува ситуацијата со доминацијата на Гугл на Андроид платформата. „Ние сметаме дека сервисите за корисниците – како што се пребарувањето, картите, поштата итн. – треба да се одвојат од оперативниот систем Андроид“, изјавија од „Јандекс“.
Во 2014 година Гугл забрани претходна инсталација на сите сервиси на „Јандекс“ за мобилните уреди Fly, Explay и Prestigio. Во „Јандекс“ сметаат дека веројатноста Гугл да продолжи со таквата практика е голема.
Според податоците на Mail.ru, во јануари оваа...
Post Views: 2
МВР прибрало десетици снимки од безбедносните камери,на кои ќе се прегледува дали случајно уловени убијците во темно – црвениот Опел омега пред и по убиството.
Снимките се од бензински пумпи, продавници, пошти, банки и од сите други места каде што има надзорни камери што ги снимаат рутите по кои евентуално се движеле убијците.
Од МВР потврдуваат дека истражните органи креирале неколку сценарија на можните рути и дека снимките од тие камери се земени на проверка, а дека за нивно прегледување ќе бидат потребни неколку дена.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Во текот на 2016 година се очекува значаен развој на охридскиот аеродром, најави Алпер Ерсој, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија.
Од компанијата оцеунуваат дека 2015 година била успешна во поглед на бројките за сообраќај за охридскиот аеродром.– Забележавме значаен пораст на сообраќајот на двата аеродроми, бројки кои се многу повисоки од европскиот просек. Бројот на патници порасна за повеќе од 20% на годишно ниво и има најголем пораст споредено со сите 14 аеродроми со кои ТАВ холдингот оперира, велат од ТАВ Македонија.
Еден од најголемите тур-оператори...
Post Views: 4
Кружниот тек на пресекот на „Булевар Туристичка“ и „Стив Наумов“ , екипите на „Паркови и зеленило„ го уредуваат хортикултурно.
Во првата фаза се донесе плодна земја која се обработи, по што следеше фазата на засадување.
Во централниот дел на кружниот тек се засади украсно дрво- сребрена пицеа, кое за оваа намена подолг период беше одгледувано во расадникот на Ј.П.„Охридски Комуналец„. На пет сегменти се формирани цветни леи, а во околниот простор се засадени декоративни зимзелени грмушки. Заради подобар естетски изглед поставен е декоративен камен и декоративен мулч.
Во...
Post Views: 1
Филмовите кои ќе се прикажуваат во „Кинотеката на Македонија” беа дел од поголемите Европски филмски фестивали како фестивалот во Берлин, Солун, Брисел и Единбург.
-Наша цел е да ги прикажеме филмовите со коишто се гордееме – вели Кристијан Јул Лемче, водител на проектот за филмски активности за време на данското претседателството со Европската унија. Фестивалот се организира по повод седмото претседателство на Кралството Данска со Европската унија и ќе трае четири дена, од 9-ти до 12-ти април.
Македонските љубители на филмот ќе имаат можност да го доживеат...
Post Views: 10
Пратеникот од СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, како овластен предлагач, во Собранието на Република Македонија поднесе предлог Закон за измени во Законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува одредено олабавување на постоечките строги и ригирозни законски одредби.
Со бројните измени и дополнувања на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се’ построги правила кои, особено во однос на угостителските објекти, се премногу ограничувачки, како за пушачите – корисници на угостителските услуги, така и за вршителите на угостителската дејност. Актуелното...
Post Views: 0
Редок и несекојдневен феномен на прочистување на фреските од денеска претпладне почна да се случува во внатрешноста на познатата скопска црква Свети Великомаченик Димитрија.
Фреските во внатрешноста на црквата, на кои со години се таложеше чадот од изгорените свеќи што ги палеле верниците, постапно почнаа да ја добиваат својата природна боја. Наслагите од чадот почнаа да бледеат, а на површина излегуваше природната боја.Овој процес прво започна на фреската “Воведение на пресвета Богорoдица”, која што се наоѓа од десnата страна од влезот на црквата.
Во текот...
Post Views: 1
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ,1 јануари 2016 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата 2016 Година.
Post Views: 0
Анекс на Колективен договор со кој ќе се овозможи сите здравствени работници со завршено високо образование (медицински сестри, рентген техничари, физиотерапевти, лаборанти, итн.) да добијат додаток на плата, потпишаа денеска министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.
-Договорот стапува во сила со февруарската плата која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процент на корекцијата на платата е 36,9 отсто, истакна Каранфиловски.
Министерот Тодоров...