Post Views: 3
Компанијата Apple треба да плати 532,9 милиони долари откао сојузната порота утврдила дека софтерот на технолошкиот гигант за iTunes содржи три патенти во сопственост на тексашката компанијата за лиценцирање на патенти Smartflash.
Иако Smartflash бараше отштета од 852 милиони долари, пресудата изречена во вторникот вечерта сепак претставува сериозен финансиски удар за Apple, кој во постапката тврдеше дека надоместокот за користење на ови три патенти не може да изнесува повеќе од 4,5 милиони долари.
По осумчасовниот судски процес на судот во Тексас, поротата заклучила...
Post Views: 0
Последните години научниците многу научија за стравот.Во тоа им помогна жената која никогаш не почуствувала страв.
Ретка болест уништила делови од нејзината амигдала, дел на мозокот одговорен за чувството на страв, поради кој таа станала бестрашна. Не само во експериментите, туку и во животот, оваа жена не покажала страв ни од хорор филмови, ни од змии, ни од пајаци, не ја уплашиле ни со закана за смрт, а не ја уплашиле ни грабежи со пиштол или нож. Иако одсекогаш живеела во дел од градот преполн со криминал, дрога и опасности, студиите покажале, дека поради недостатокот...
Post Views: 3
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.О.(44) од Истамбул Република Турција. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Охрид, му определи мерка притвор во траење од осум дена.
СВР Охрид, имајќи сознанија за нелегално присуство на турски државјанин кој поседува турски и најверојатно фалсификувани бугарски документи со различен идентитет, на 27-ми минатиот месец изврши претрес во домот на пријавениот лоциран на улицата ,,Даме Груев“ во Охрид.
Притоа, пронајдена е, и одземена...
Post Views: 13
Пред само 100 години законодавците во американската држава Вирџинија одлучиле дека не треба да се мешаат во тоа дали некој пар живее во брак или не.
Но сепак, во оваа држава сеуште на сила се неколку бизарни закони. Во викторијанско време цел на законите во Вирџинија биле да се зачува моралот и простојноста на добрите луѓе на Комонвелтот. Така иако вонбрачните заедници биле здозволени, блудничењето не било дозволено во Вирџинија, а блудот во оваа држава имал многу облици.
Верувале или не во Законот за злодела против природата стои дека и понатака е забранет оралниот...
Post Views: 0
Локалната самоуправа со соопштение реагираше на јавно изнесените ставови на еколошкото движење, нарекувајќи го „правно непозната и наводна невладина организација“. Охрид СОС вчера преку соопштение до јавноста ја обвини општината дека го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема, со што се избегнува јавноста во процесот, како и за прекршување на голем број закони, за што најави дека ќе бидат алармирани домашни и меѓународни институции и организации.
Според општината, пак, таквите обвинувања се лажни и сензационалистички,...
Post Views: 1
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичев-ски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Post Views: 0
Од еколошкото движење Охрид SOS со обвиниувања до Општина Охрид дека го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема, со што се избегнува јавноста во процесот и покрај официјалниот приговор на месното население против реализацијата на овој план.
Фрапантно и отворено незаконско однесување од страна на државните институции и покрај официјалниот приговор против градење медитеранска плажа што го потпишаа 99% од сопствениците на имоти во Лагадин, а МЗ Лагадин го достави до Општина Охрид уште во мај минатата година, се вели...
Post Views: 3
Голем број на Бразилци веќе почнаа да се подготвуваат за најголемиот карневал во светот кој се одржува во Рио, а кој ќе започне на 9.февруари и ќе трае до 12.февруари.
Улиците на Рио се преполни со луѓе кои преку предкарневалски забави ја загреваат атмосферата пред главниот настан.Ако досега праксата на туристите беше да доаѓаат веднаш пред фестивалот за да го видат спектаклот, сега тие доаѓаат и да ги погледнат подготовките. Оваа година се очекува на карневалот да присуствуваат околу пет милиони посетители, а дури 492 улици ќе бидат оспособени за перформансот, кои...
Post Views: 0
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид.
Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот движејќи се по улицата, на коловоз бил удрен од патничко моторно возило марка „Хундаи Гец“ со охридски регистарски таблици кое се движело во правец кон селото Лескоец. На критичното место, на уличниот коловоз се случил удар со предниот дел од возилото врз сега починатиот. Тука, набрзо пристигнала медицинска екипа на брза помош...
Post Views: 2
Бугарската продуцентска куќа “Payner”, позната како најголем издавач на “чалгите” или бугарска турбо-фолк музика, добила околу еден милион евра од Оперативниот програм за конкурентност при Европската Унија.
Софиската новинска агенција “Novinite” наведува дека Европската унија дополнително треба да и ги исплати парите на “Payner”, која што е во сопственост на 43 годишниот инженер Митко Димитров.
Како цел на проектот, за кој бугарската влада му ги доделила парите од Европската унија, Димитров го истакнува “подигнувањето...
Post Views: 11
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “примање поткуп“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(56) од Охрид.
На 25-ти овој месец, пријавениот во својство на службено лице вработен како судија во Основен Суд Охрид, во судски граѓански предмет, од вработен во Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз од Охрид, директно побарал и примил поткуп од 5.000,оо денари. Тоа го направил со цел во рамките на своето службено овластување за истиот граѓански предмет да донесе пресуда во корист на туженото Трговско друштво.
Во текот...
Post Views: 6
Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг ќе се обрати на бизнис форум во рамки на политичко-економска посета на Народна Република Кина.
Бизнис форумот е организиран од Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка, предводен од претседателот Ван Џифеи.
Во рамките на форумот ќе биде потпишан и меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот и Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка. Македонската делегација предводена од премиерот во рамки на посетата ќе оствари средба и со премиерот...