Post Views: 0
Дали единствениот планинарски дом во Европа со кој стопанисуваат глувонеми лица, а кој повеќе од 50 години е нивно свратилиште, ќе ги смени сопствениците?
Од „Планинарскиот клуб на глувите лица „Скопје 63“, апелираат да не се распишува тендер или барем и самите да имаат право да учестуваат со одредени повластици и предност, бидејќи не сакаат да изгубат објект кој е дел од нивните животи.
Никола Огненов претседател на здружението на глуви лица „Скопје 63“и Претседателот на националниот сојуз на глуви лица Васко Марков, објаснуваат дека станува збор за објект со кој...
Post Views: 8
Калинкатата нуди многу повеќе од неверојатен вкус. Таа има и хранливи и лековити моќи. Следуваат неколку причини зошто треба да го јадете ова овошје.
Влијае на стареењето бидејќи содржи големо количество антиоксиданси.
Ги заштитува бубрезите – Есктрактот од калинка спречува оштетување на бубрезите и ги заштитува бубрезите од штетните отрови.Го заштитува и регенерира црниот дроб – Најновите истражувања покажуваат дека сокот од калинка го штити црниот дроб и помага во неговата регенерација откако бил оштетен.
Го зајакнува имунитетот – Калинката и сокот...
Post Views: 0
60-то издание на „Струшки вечери на поезијата“ ќе започне со изложбата 60 години „Струшки вечери на поезијата“ која ќе биде претставена на летната сцена при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во 18:00 часот вечерва.
Официјалното отворање ќе биде на летната тераса при хотел „Дрим“ со почеток во 20:30 минути, каде и всушност истата вечер ќе се одржи меѓународното поетско читање.
Во петок на 27.08.2021 програмата ќе започне во 10:00ч со презентација на портретот на Ива Дамјановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2020 година. Потоа во текот на денот...
Post Views: 1
Старите телевизори не се интересни за извршителите, зашто никој не им ги купува, но без размислување би земале пијано, персиски килими, уметнички слики, луксузен мебел, ама нив ги нема во домовите на должниците, стои во написот на МК News порталот.
Телевизори, клима-уреди, машини за перење алишта и садови, микробранови печки, лустери, килими, троседи, двоседи, се најчестите предмети кои извршителите ги изнесуваат од домовите на граѓаните-должници. За наплата на долг може да се земат и бунди, вредни уметнички слики, златен накит, сребрен есцајг, мебел со антиквитетска...
Post Views: 3
Приказните од секојдневието на младите во мултиетничка Струга, позитивни примери во нивните заедници. Преку тридневна обука младите ќе стекнат знаења за изработка на мултимедијални содржини, во кои тема ќе бидат различнитe моменти поврзани со традицијата, предрасудите и верската толеранција, но и соживотот и дружењето на младите од овој град, вели Виктор Милевски од фондацијата „Метаморфозис“.
„А целта е со крајниот производ однодсно создаденото видео, учесниците на обуката да пренесат порака до пошироките маси“ додава Миелски.
Милевски објасни дека за време на обуката...
Post Views: 1
Повеќе од 70 лица со 17 различни ретки болести членуваат во Здружението на граѓани за ретки болести Живот со предизвици од Битола, кое денеска организираше трибина со цел да ја запознае јавноста со потребите на ови лица.
„Сите имаат различни потреби во однос на третман и грижа за обезбедување подобар квалитет на живот. Свесни сме дека не може сите проблеми да се решат наеднаш, но драго ни е што започнаа првите чекори кон обезбедување третман за пациентите. Се надевема дека ќе се усвои Национален план за ретки болести во Македонија и дека во наредните 5 години ќе се работи...
Post Views: 1
Вечерва извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде одлуката на ДУИ во понеделник да побара распуштање на парламентот.
Ако и ВМРО-ДПМНЕ се согласи со оваа одлука на нивниот коалициски партнер, тогаш владеачката коалиција лесно ќе го обезбеди потребното мнозинство за самораспуштање на парламентот. Тоа ќе значи дека веќе наредната недела претседателот на Собранието Трајко Вељаноски би можел да ги распише предвремените парламентарни избори.
Ова би биле осми по ред парламентарни избори. Ваквото сценарио е актуелно...
Post Views: 12
Експертите се на чекор од идентификување на дамата која стои на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи.
Во тек е ДНК тестирање на коските кои можеби и’ припаѓаат на Лиза Герардини, за која се верува дека била моделот на Леонардо да Винчи.
Историчарот Силвано Винсенти земал примероци од костурот и ги споредувал со ДНК примероци од членови на семејството Герардини. Доколку примероците се согласат, Винсенти ќе направи 3D реконструкција на лицето на Мона Лиза, пишува Daily Mail.
“Доколку не успееме, историчарите се’ уште ќе може да погодуваат...
Post Views: 69
Се смета дека уметникот што ќе настапи во „Метрополитен” си обезбедил светска кариера. Дурловски ќе настапи како Kралицата на ноќта во операта „Волшебната флејта” на Моцарт, улога со која пред речиси осум години дебитира на сцената на реномираната Виенска државна опера.
Дурловски за „Дневник” вели дека оваа улога на- Kралицата на ноќта, веќе подолго време е на нејзиниот репертоар, работена во повеќе од 15 сценски и режиски видувања и тоа секако дава сигурност. Сценските проби во Њујорк ќе почнат на 15 септември.
„Со Рене Папе повеќепати досега сум...
Post Views: 1
Витаминот Ц и селенот кои се наоѓаат во лимонот ја зајакнуваат одбранбената моќ на организмот и го успоруваат стареењето, додека витамините од групата Б го „хранат“ нервниот систем.
Од сите овошја, лимонот се смета за еден од најздравите и се користи многу. 57% од овој плод се хранливи состојки. Освен тоа, 8% од лимонот се лимонската и другите органски киселини, 3% е шеќер и останати витамини, вклучувајќи го и Ц. Лимонот содржи калциумови и калиумови соли, фосфор, магнезиум и бакар.
Лимонот се користи за многу работи, а кај нас е најпознат како лек. Секој знае одреден...
Post Views: 3
ИО на опозицискиот СДСМ на попладневната седница закажана во 17 часот, ќе го предложи Стево Пендаровски за свој единствен кандидат на претстојните претседателски избори, потврдија за Дојче веле партиски извори.
За номинацијата на универзитетскиот професор Пендаровски се очекува во вторник прво да се изјасни Централниот одбор, а потоа и партискиот конгрес, чиј почеток е закажан во 19 часот. Според извори во партијата, нема дилема дека номинацијата ќе биде потврдена, бидејќи за Пендаровски имало најмногу предлози од општинските организации на опозицискиот СДСМ, водел...
Post Views: 11
Мечките не се единствените животни кои се способни за хибернација. Верувале или не, дури и луѓето може да го прават тоа.
Пред неколку години, шведските чистачи на снег пронашле човек кој бил заглавен под снегот во својот автомобил во период од два месеци речиси без храна. Откако бил спасен, докторите претпоставиле дека тој преживеал со прилагодување на својата телесна температура на приближно 30 целзиусови степени и седел во мирна положба. Истиот процес го користат мечките кога хибернираат. Овој човек „влегол“ влегол во состојба на хибернација без намера да го стори...