Post Views: 4
Со новиот закон за извршување, кој е во собраниска процедура, се предлага извршителот, задолжително, пред да блокира сметка, писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот, пишува „Вест“.
Должникот треба да го извести извршителот дали е вработен или не, каква е неговата имотна состојба, висината на приходите од плата и други надоместоци. Ако должникот не одговори на предупредувањето, тогаш сметката ќе му биде блокирана.
Се воведува и вонсудска наплата на долгови за струја, вода, парно, за телефон, кабелски оператори или куќен...
Post Views: 3
ЦИРа, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, и оваа година, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
Избраните три идеи од Македонија понатаму ќе се натпреваруваат на регионалниот форум каде можат да бидат селектирани за финасиска поддршка (10.00 долари) за нивна реалзиција. Крајниот рок за доставување...
Post Views: 2
На почетокот на 2016-та година, во месец јануари поточно, се очекува да се објави јавниот повик за идејно решение за изградба на театар во Охрид.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“.
-Во текот на 2016 година ќе тече конкурсот за идејно решение, понатаму ќе има конкурс за проект и некаде крајот на 2016 ќе се направи тендер за изградба, за во 2017...
Post Views: 1
По реакцијата на ЕУ за издавањето на бугарски пасоши на граѓани надвор од Бугарија и најавата за ревизија на овие постапки на државната администрација на Бугарија, Стојко Стојков од ОМО Илинден, македонската партија кај нашиот источен сосед, вели дека процесот не е запрен.
Според неговата проценка, досега Македонците платиле околу 100 милиони евра за бугарски пасоши.Во изјавата за радиото Канал 77 Стојков вели дека многумина од тие кои извадиле бугарски пасоши давале пари за мито.
„Станува збор за навистина големи суми. Мојата проценка е дека македонските граѓани досега...
Post Views: 4
Денес во мала сала на општина Охрид ќе се одржи прес конференција по повод меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони“, кој ќе се одржи од 26 – 27.12.2015 во Охрид.
На прес конференцијата ќе присуствуваат директорката на „Џифони Македонија“, Елена Величковска, претставник на општина Охрид, Институтот за Филмска уметност и претставник на Агенцијата за филм на Република Македонија.
Post Views: 8
Вкупно седум нови амбасадори во четврток и петок ќе стапат на должност во Македонија, по предавањето на акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов, прво во неговиот втор мандат.
Нови амбасадори во земјава испраќаат Полска, Велика Британија, Кина, Албанија, Финска, Латвија и Република Ирска. На местото на досегашниот британски амбасадор Кристофер Ивон, кој воедно беше и доајен на дипломатскиот кор во земјава, доаѓа Чарлс Едмонд Гарет, кој во британската дипломатија работи од 1987 година, а зад себе има искуство во британските претставништва во Хонг Конг, Никозија,...
Post Views: 1
Џенсис Робинсон на нејзината веб-страница посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е идеален избор за божиќните празници.
Британскиот вински гуру Џенсис Робинсон која воедно е и колумнист на реномираниот весник „Фајненшл тајмс“, на својот веб-сајт го издвои виното „Вранец“ на македонската винарија „Стоби“ како главна препорака за Божиќ. Експертката која е и советник за винската визба на кралицата Елизабета Втора посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е врвен избор за празничната трпеза.
– Некои неверојатно добри вина може да се најдат...
Post Views: 1
Коалицијата на ХДЗ однесе тесна победа на изборите во Хрватска. Според 90 насто од обработените резултати, коалицијата предводена од Kарамарко доби 59 места во хрватскиот Сабор, додека досегашниот социјалдемократ и премиер Милановиќ со коалицијата „Хрватска расте“, освои 56 мандати. Клучна улога ќе има независната Мост, која пред изборите се одвои од ХДЗ, и која освои 19 мандати.
„Tатковинската коалиција“, предводена од хрватската демократска заедница (ХДЗ) со освоени 59 пратенички места по 99 насто преброени гласови е победник на парламентарните избори во Хрватска што...
Post Views: 2
Кусиот период од два дена стабилно и топло време завршува заклучно со денешниот ден.
Веќе утре попладне се очекува поголемо наоблачување кое ќе донесе дожд кој ќе се интензивира во текот на вечерта. Врнежливото време продолжува и во петок, речиси во текот на целиот ден. Станува збор за нормални врнежи, без некој особен интензитет.
Четврток ќе биде посвеж од денешниот ден, но значителен пад на температурата се очекува во петок, кога дневниот максимум на температурата на воздухот во однос на денешниот ден ќе биде понизок за околу 8°С , односно дијапазонот на максималната...
Post Views: 0
Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје за 2021 година.
Post Views: 2
На барање на производителот Bristol – Myers SQUIBB, Аген, Франција, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) одобри повлекување на лекот EFFERALGAN орален раствор 30mg/ml со сериски броеви: Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180.
Останатите серии не се предмет на повлекување.
Доброволното повлекување на овие серии е предложено како мерка на предострожност по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) во опремата за пакување на производот (надворешно) од страна на производителот.
„Нема простор за паника, бидејќи, станува збор за доброволно ...
Post Views: 1
Светската банка регистирала близу 5 милиони емигранти во европските земји од југоисточна Европа.
Во најновиот извештај на организацијата се наведува дека емигрантите потекнуваат од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Една четвртина или 25,44 отсто од сегашното население на овие земјите моментално живее надвор од своите земји на потекло.
Граѓаните ги напуштаат овие земји во потрага по вработување или подобри перспективи во Европа, се наведува во извештајот.
{loadposition content9}