Post Views: 2
Жителите од населбата Рача претпладнево беа вознемирени од сериозен инцидент. При изведување на градежни зафати на летна кујна се срушила бетонската плоча на објектот и ги поклопила двајцата работници кои работеле во моментот. На местото на настанот веднаш пристигнале екипите на првата помош како и противпожарната единица кои успеале да ги извадат повредените од под рушевината. Двајцата работници потоа беа пренесени во специјалната болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“-Охрид.
Дополнително на местото на настанот, пристигна и екипа од секторот за внатрешни...
Post Views: 39
Охридското пратеничко дуо, Александар Николоски и Хари Шокароски, ја посетија болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Имаа можност одблиску да го разгледаат работењето на болницата. Николоски и Шокароски имаа и работна средба со раководството на болницата на која се разговарало за позитивните достигнувања на „Свети Еразмо“, но и за предизвиците и проблемите со кои оваа болница секојдневно се соочува пред се поради напливот на пациенти.
„Ова е институција која што континуирано бележи успеси. Институција која што откако е д-р Митко Тилев директор...
Post Views: 39
Кога се размислува за заштитата на животната средина, неодминливо е споменувањето на заштитата на Охридското езеро. Таа заштита, според независниот екологист, Лазо Наумоски треба да биде приоритет кога станува збор за заштитата на животната средина. Наумоски смета дека главна причина за состојбите со Охридското езеро се загаденоста на реките Грашница и Сатеска кои според него претставуваат црни еколошките точки.
„Една од најпроблематичните црни еколошки точки во Охридското езеро знаеме дека е реката Грашница. Таа минува кај Црногорците, кај Велгошти почнува и поминува...
Post Views: 3
Петнаесет вреќи со над 900 килограми кафе, синоќа, триесетина минути по полноќ, пронајде и одзеде, езерската полиција, од Охрид, при вршење на патролна дејност, помеѓу Aвто Kампот „Eлешец“ и Пештани.
На метален чамец биле натоварени 7 вреќи со кафе, секоја од по 60 килограми, а уште осум вреќи со кафе биле пронајдени во непосредна близина на чамецот, имало и моторна пента и пластичен резервоар со гориво. Пронајдените предмети се однесени во полициска станица за понатамошна постапка, а против непознат сторител, за кривично дело „Криумчарење“, поднесена е и кривична пријава....
Post Views: 10
Кога ги нема, се жалиме зошто ги нема, а кога ги има не знаеме да ги чуваме. Детските игралишта низ градов се почесто мета на вандалски чинови. Последно на мета се најде неодамна изграденото детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Само еден месец успеа да издржи недопрено и целосно функционално, но сега за жал веќе не е така. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето. Од локалната самоуправа велат дека ова не е прв ваков случај на уништување на забавните реквизити.
„Ние секако дека ќе го санираме овој искршен дел но не е добро да се трошат пари за иста работа,...
Post Views: 3
Македонците обично важат за вредна нација која не се плаши да ги засука ракавите и да сработи нешто. И ова донекаде е точно. Но ако ѕирнеме во статистиката, малку ќе ја разнишаме оваа теорија. За сите, па дури и за нас тука во Македонија, годината си има 365 дена ама многу е јасно дека не може сите да се одработат бидејќи нацијава ќе ни беше ептен уморна. Не, не работиме 365 дена. Ако од оваа бројка ги одземеме 105те дена од 2012 година кои отпаѓаат на неработни викенди, излегува дека работиме 260 дена годишно. Ама не е така, затоа што ние, а кога велам ние, мислам на...
Post Views: 7
Македонски езерски келнер, македонска пансионска газдарица, македонски алфа мажјак, ова се некои од насловите на неколкуте владини спотови кои деновиве ја брануваат целокупната јавност, а особено охридската. Владината кампања ,,Ти си лицето на твојата земја, од туризмот сите добиваме “ го налути и првиот човек на Охрид, градоначалникот Александар Петрески.
Тој остро ги осуди овие спотови со кои, како што вели , се валка честа и достоинството на сите македонски граѓани и побара итно запирање на емитувањето на спотовите. Тој вели туристите секогаш се воодушевувале од...
Post Views: 11
Во светот далеку по присутен, но за жал и Македонија фаќа темпо. Компјутерскиот криминал зазема се поголемо место во вкупниот криминалитет во земјава. Компјутерскиот криминал е криминал на сегашноста и иднината. Вака вели професор д-р Светлана Николовска од Факултетот за безбедност од Скопје. Најпознат вид на компјутерски криминал е финансискиот односно кражбите од банкомати. Иако во јавноста не се многу познати, кражбите од банкомати се дефинитивно реалност за нашите граѓани.
„Не би рекла дека во Македонија такви криминални случаи немало. Значи имаше изминативе години...
Post Views: 0
Во Македонија има добар хидролошки режим, но сеедно се дава придонес во насока на справување со климатските промени-вели министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.
Проблемот со климатските промени ги засега сите држави во светот, па оттука и справувањето со нив е задача и обврска на сите. Петтата BALWOIS меѓународна конференција за води, клима и животна средина се занимава токму со овие прашања. Неа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдулаќим Адеми кој изрази надеж дека оваа конференција...
Post Views: 1
Каде оди мојот град? Ова е краткото прашање кое го поставија членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Одговорите кои ги понудија на денешната трибина беа далеку побројни и пообемни. Се дискутираше за културата, туризмот, функционирањето на локалната самоуправа, урбанизмот.
„На Охрид му требаат промени, кадровски, промени на менталниот склоп, му треба младина која сака да дава, а не да зема од градот.“ -вели Дејан Паноски-советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како клучен проблем во функционирањето на општината тој ги наведе јавните претпријатија.
„Стоиме на ставот дека јавните...
Post Views: 0
Нато и Европската унија се иднината на Западен Балкан пред се од безбедносен аспект. Ова е една од поентите истакнати на денешната меѓународна конференција. За „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ со свој говор се обрати министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Таа потенцираше дека делувањето на безбедносните институции на Република Македонија истовремено делува и на сопствената, но и на регионалната безбедност.
„Во изминатиот период во Македонија беше конституирана една мошне солидна регулативна и институционална основа за натамошна надградба...
Post Views: 0
Културно-историската вредност на Охрид е непроценлива и мора да се чува. Одржливиот туризам е насоката во која градов треба да се движи, барем според советите на германците од универзитетот за одржлив развој од Еберсвалде и фондацијата за заштита на природата.
„Во Охрид доаѓаат многу туристи кои ја менуваат и и наштетуваат на природната средина, затоа ние сакаме да реализираме проекти кои ќе го поддржат развивањето на одржливиот туризам во Охридскиот регион.“-смета д-р Улрих Вите, генерален секретар на германската фондација за заштита на природата.
„Јас не можам да...