Автор: Мишел Наумоски

biznis forum

Турски фирми најавуваат инвестиции во Охрид

Post Views: 17 Охрид денес домаќин на стопанската комора од Менемен-Турција. Заедно со регионалната стопанска комора од Охрид, претставниците од Менемен потпишаа меморандум за соработка. Крајната цел се разбира е економски бенефит и развој и на Охрид, но и на Менемен. Потпретседателот на регионалната стопанска комора од Охрид, Ружди Муфти, смета дека големи се можностите за соработка во областа на туризмот за кој Муфти вели дека е фабрика без оџак. „Разговаравме за соработката, наши фирми во еден убав број беа присутни на овој состанок. Сега се во тек заеднички Би-Ту-Би средби. Фирмите...

Continue reading

maturanti 1952

Охридската чаршија-културна институција на генерациите

Post Views: 4 „Само оној кој работи на долгата патека, полека и трпеливо може да постигне успех.“ Нема поголем доказ за оваа убава мисла од генерацијата гимназијалци од 52та. 60 години матура за дел од охриѓани кои дадоа исклучителен придонес за Охрид на сите полиња на општественото живеење. За нив ни говори човекот кој и самиот е дел од неа, човекот кој врз себе го понел товарот да биде хроничар на културолошкото издигнување на Охрид, Томислав Стефоски. „Мојата генерација беше природно надарена, генерација која зрачеше во секој поглед. Беа луѓе кои носеа со себе една добрина, една...

Continue reading

star grad

Петрески: Законот за Охрид го кочи централната власт

Post Views: 3 Градоначалникот Петрески не остана покусо. Тој денеска на прес конференција, порача дека деталните урбанистички планови за старото градско јадро и за контактната зона , се наоѓаат во фиока во Завод и музеј и доколку таму си ја завршат работата до следната седница на совет, тој  истите уште во петок ќе ги стави на дневен ред. Со тоа Петрески ги отфрли обвинувањата на министерката за култура Канческа-Милевска, дека локалната е кочницата за неспроведувањето на Законот за Охрид. Петрески посочи дека работата кочи бидејќи веќе година дена предложените решенија за деталните...

Continue reading

ala turka

Изложбата на облека „Ала Турка“ не врати во минатото

Post Views: 1 Македонија е земја во која се вкрстувале безброј цивилизации, безброј религии и народи. Нема поголем доказ за тоа од секојдневниот говор, полн со примеси од некое друго време, од модата која пред многу години охриѓани ја терале, а која на Охрид му дала еден ориентален шмек.  Вчеравечер имавме можност да се запознаеме баш со ова одамна минато време, преку изложбата на градска облека „Ала Турка“ во реставрираниот Воска Амам. Воедно Воска амамот за прв пат ги отвори своите врати за посетителите откако беше извршена неговата реставрација. Црвената лента ја пресекоа министерката...

Continue reading

filmska revija

Вечер на филмот во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 0 Филмска вечер во Охрид. Во центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе се прикажуваат два документарни филмови и еден краткометражен игран филм. Трите се режирани од младиот македонски режисер, Гоце Димовски. Првиот документарен филм, насловен „Трендафил и кунатка“ е снимен во 2006та година и претставува етнолошки документарен филм, а ја обработува темата пустошот на македонското село. „Бисерот од небото“, вториот документарец всушност претставува портрет на познатиот музичар Јане Ангелевски и е посветен на годишнината од неговото упокојување. Покрај овие два филма,...

Continue reading

konferencija mak. jazik

Академиците со осврт кон делото на Гане Тодоровски

Post Views: 1 Лесно е да се сеќаваш на оние кои оставиле голема оставнина зад себе. Посебно ако оставнината се сите дела и размисли, запишани од единствениот поет и академик, Гане Тодоровски. Неговото име и неговото творештво добија посебен осврт на 39та меѓународна конференција за македонски јазик. Голем број поети, професори и академици, но и негови блиски пријатели ги споделија сопствените сеќавања на поетот, но и начините на кои неговата поезија допрела до секој еден од нив. Огромно влијание поезијата на Гане Тодоровски има и врз неговиот син, Бојан кој вели: „Тој беше голем визионер...

Continue reading

violinist

Музичaри од целиот свет на натпреварот „Охридски бисери“

Post Views: 0 Натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ се ближи кон прекрасно финале. Изминативе неколку дена во импозантниот концертен простор на црквата Света Софија, повеќе од 118 млади музичари од најразлични земји, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. „Охридски бисери“ се одржува по единаесетти пат, а од организациониот одбор се задоволни од досега прикажаното. „Па можам да кажам дека од разговорот со жирито оваа година има еден навистина висок квалитет поготово во А и Ц категорија каде се кршеа копјата кој ќе ја добие првата награда. Би кажал исто и дека...

Continue reading

advokati obuka

Адвокатите-заштитници на работничките права

Post Views: 18 Македонија и Франција ја потпишаа ревидираната европска социјална повелба. Овој значаен документ кој ги регулира работничките права, како и нивната заштита, беше потпишан од Адвокатската комора на Република Македонија и Францускиот амбасадор во Македонија, Жан-Клод Шлумберже. Амбасадорот задоволен што конечно се реализира и конкретна активност од договорот, кој со адвокатската комора на Македонија го потпишале во месец Февруари. „Веќе знаете дека Франција отсекогаш ја поддржува европската перспектива на Македонија и ја охрабрува да ги спроведе сите неопходни реформи,...

Continue reading

sveti Erazmo

Охриѓани го слават својот чудотворец Свети Еразмо Охридски

Post Views: 0 Црквата на Свети Еразмо вчера и денес вистинско збиралиште на христијаните. Автомобили од сите страни, врвици на луѓе кои пеш тргнале да се поклонат и да запалат свеќа на големиот свештеномаченик. Овој голем христијански празник има посебно место во срцата на охриѓани бидејќи се смета дека токму Свети Еразмо ја има можеби најголемата улога во ширењето на христијанството во некогашен Лихнидос или денешен Охрид. Во пештерската црква на Свети Еразмо на излезот од Охрид, православните христијани редовно доаѓаат, посебно за овој ден. „Секогаш, секоја година и кога ќе ми текне...

Continue reading

Biljanini izvori sala

ЕХФ ќе ја оценува подобноста на салата „Билјанини извори“

Post Views: 2 Ќе биде ли Македонија домаќин на  врвен женски ракомет годинава? Европското првенство за жени остана без домаќин откако Холандија се откажа од организацијата. Сега се бара нов. Меѓу пријавените земји кои се заинтересирани, некако се најде и нашата. Ракометната федерација на Македонија ја пријавило земјава како можен организатор на првенството. Како адут за добивање на организацијата на ова првенство нашата ракометна федерација ги наведе релативно добрите сали кои би можеле да ги исполнат критериумите на ЕХФ. Ако организираме сами, тогаш предложени се салата Борис Трајковски...

Continue reading

cvekinja terasa

Започна проектот „Охрид град на цвеќето“

Post Views: 0 Охрид несомнено ќе биде град на цвеќето. За тоа ќе се погрижи јавното претпријатие „Охридски комуналец“ во чии раце е спроведувањето на проектот кој носи наслов „Охрид град на цвеќето-2012“.Трајан Љаткоски, раководител на „Паркови и зеленило“ смета дека помина времето кога туристите се воодушевуваа само од културно-историските споменици, туку дека се повеќе тие застануваат и се сликаат пред зеленилото и цвеќињата во Охрид. „Оваа година ЈП Охридски комуналец се одлучи Охрид, 2012та да биде град на цвеќето. Тоа значи дека покрај тие 300 жардињери што ги доделивме, ЈП...

Continue reading

policija

Охриѓани имаат голема желба да бидат полициски службеници

Post Views: 0 Позицијата полициски службеник навистина посакувана професија. Охриѓани посебно загреани за јавниот оглас кој го објави Министерството за внатрешни работи за нови вработувања. Со овој оглас, се бараат 300 нови полициски службеници, а пријавувањето се врши во секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Струмица, Битола и Охрид. Во СВР Охрид, само во изминативе три дена биле примени околу 220 апликации. Со оглед на бројките, од СВР Охрид до крајот на огласот очекуваат полни раце работа. „Согласно распишаниот јавен оглас кандидатите треба да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top