Post Views: 1
Оваа пештерска црква нуди прекрасен поглед на езерото, со што им нуди одлична можност за одмор, на сите кои сакаат да го посетат.
„Камен-темелникот го осветивме во Октомври месец, па за брзо време, со Божја помош го изградивме. Внатре имаме сместување за 16 лица со заедничка кујна. Тие се апартмански опремени, може да доаѓа секој наш македонец или било кој што живее овде, да престојува во летниот период.“-рече Отец Сашо.
Отец Сашо вели дека сеуште не е точно дефинирана цената на престој во конаците, но сега засега ќе изнесува 400 денари, што вели е поефтино од апартманското...
Post Views: 3
Куќата на Робевци понуди одличен амбиент за првата и веројатно најзначајната охридска изложба во творештвото на магистер Маја Рауник Кирков. Графиките се изработени во две техники и тоа техника на висок печат кој се карактеризира со линиски третман и техника на дигитални графики кои авторката вели се посебна провокација и инспирација за неа.
„Оваа изложба ја подготвував скоро цел живот затоа што инспирација за оваа изложба е сликата која што ја видовме „Пенџерето на мојата куќа“, а тоа е мајка ми осветлена од една преубава светлина и таа слика нема само историско туку...
Post Views: 45
После една година пауза, од утре па се до 29 јули, по шести пат, турнир во одбојка на плажа. Местото е познато, како и во изминатите години тоа е плажата Бафало каде натреварувачите се поделени во четири категории и тоа: Компании, аматери, јуниори и професионалци. Први ќе го скршат мразот екипите од компаниите, а доколку и вие сакате да учествувате, пријавувањето и натаму трае.
„Секоја година правилото е дека ќе дојде некој сабајле и ќе каже и ние сакаме да играме, така да генерално очекуваме некоја груба бројка од 200 екипи во сите категории. Значи први се компаниите,...
Post Views: 5
Изминатава година Охрид особено се истакнува со бројот на млади талентирани деца во најразлични области кои постигнуваат големи успеси. Од научници, одлични стрелачи, кајакари, велосипедисти преку талентирани пејачи и млади уметници. Ова го забележаа од О.О на ЛДП од Охрид кои на прес конференција јавно им се заблагодарија и им изразија подршка на сите млади таленти кои се закитија со награди и кои одлично го промовираа Охрид. Но искажаа и доза на загриженост.
„ЛДП сака да ја поздрави големата ангажираност на младите во невладините организации и волонтерска работа. Истовремено...
Post Views: 0
Поучени од горчливите искуства од минатото, ова лето зголемен број на полициски службеници ќе се грижат за општата безбедност во градов. Деноноќно, полициските службеници ќе патролираат со цел зачувување на јавниот ред и мир. Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски вели дека во најголем број од случаите полициските службеници интервенираат превентивно, но доколку има опасност од ескалирање на ситуацијата, тие ќе ги искористат своите овластувања и ќе делуваат и репресивно. Најголема концентрација на полициски службеници ќе има на неколку условно речено „жешки точки“...
Post Views: 0
Годинава по седми пат од 20 до 24 јули ќе се одржи веќе традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал „Александар Македонски“. И ова издание на фестивалот во Охрид ќе донесе поголем број на учесници од најразлични земји кои пред охриѓани, но и пред туристите во текот на двете фестивалски вечери ќе ги презентираат своите традиции и фолклор.
„Оваа година имаме специјални гости од Белгија, потоа имаме учесници од Мексико, Хрватска, Србија, Турција, Естонија, Словенија, Литванија и секако од Македонија. Имаме некаде околу 14 учесници на овој фестивал.“-вели директорот...
Post Views: 2
Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен...
Post Views: 6
Дали вие познавате некој научник-генијалец? Јас запознав дури двајца, а ако мислите дека нема ништо невообичаено за нив, доволно е да ви кажам дека станува збор за двајца средношколци. Бранка Бунташеска и Никола Таштаноски се двете деца кои буквално од ништо успеаа да создадат нешто или во случајов, да создадат електрична енергија од органско обоени соларни клетки. Не чудете се, и јас немам поим што значи тоа, па ги замолив да ми објаснат.
„Значи тоа е иновативност, не е оној стар начин на добивање на соларна клетка преку силикон, туку еден нов начин, начин кој што нема...
Post Views: 1
Зголемените цени на паркингот како и новиот режим на сообраќај собираат се повеќе противници. Денес поголема група на граѓани, преку мирен протест го искажа своето незадоволство по овие две прашања. Особено ревносни беа коментарите на жителите од урбаната заедница 1-Стар град. Тие револтирано изјавија дека буквално се чувствуваат како заложници и туристи во сопствениот град.
„Цела година сме туристи, плаќаме енормни цени. Гледаме како е тоа решено во Скопје, дека може да се плаќа месечно или годишно. Кај нас тоа не функционира. На крајот на краиштата, овде имаме архитектонски...
Post Views: 0
Не стивнуваат реакциите околу зголемените цени за паркинг. Нова прес конференција на оваа тема одржа општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија дека со новите цени се удира не само по џебот на охриѓани, туку и на домашните и странските туристи. Велат со наметнатата цена на паркинг просторите низ Охрид, само се усложнува неповолната состојба во која се наоѓаат граѓаните на Охрид.
„Зголемувањето на цената за паркинг простор како и поставување на паркинг простор на места каде што никогаш претходно не постоеле како и недозволувањето на граѓаните кои живеат во област...
Post Views: 0
Уште една прес конференција на градоначалникот Петрески одржана пред Капетанија. Повторно побара од Владата што поскоро да биде поставувањето на новиот капетан на Охридската капетанија. Петрески вели дека за жал и покрај редовните апели до централната власт, ја добивме и првата жртва на дивеењето на скутерџиите, а капетанија и натаму нема прв човек. Момчето кое во неделата се здоби со тешки телесни повреди е само потврда за незавидната безбедносна состојба во Охридското езеро-рече Петрески.
„Токму за состојбите во Капетанијата, која е задолжена за езерскиот сообраќај,...
Post Views: 6
Ако не ни е јасно дали започнала летната туристичка сезона, тогаш треба само да фрлиме поглед кон некои од плакатите низ градов. На нив ќе видиме најави за концерти, за свирки и настапи. Штом има концерти, сигурни сме, дојде лето. Во последно време се почесто ваквите свирки или концерти се одржуваат на охридските плажи, и тоа во термини од доцните вечерни до раните утрински часови. А дали се плажи, кафе барови или ноќни клубови, е тоа е веќе некое друго прашање. Со законски норми кои го одредуваат работното време како и степенот на дозволена бучавост, се наметнува прашањето...