Post Views: 9
Жители на улица Сатеска во населбата Далјан се пожалија дека во нивна непосредна близина се гради, наводно, бесправна градба. Лицето кое овие зафати ги започнало во Саботата, им тврдело дека поседува документи за парцелата на која го гради објектот кој најверојатно треба да биде гаража, но истите не ги приложил. Сомневајќи се во овие тврдења, тие веднаш се јавиле во општинскиот инспекторат, меѓутоа велат дека од таму досега никој не дошол да направи увид.
„Ни рекоа дека понеделник ќе се дојде на увид меѓутоа и вчера не дојде никој. Ние и вчера бевме таму, во градежниот...
Post Views: 0
Ако не се обидеш, нема ни да успееш. Веројатно никој не го знае тоа подобро од Фејзо Шемо од охридската канцеларија на Државната дирекција за заштита и спасување. Се чини полека станува минато времето кога припадниците на ромската заедница беа закотвени на маргините на македонското општество.
Благодарение на Декадата на ромите, но и личната упорност, Фејзо Шемо веќе четврта година е државен службеник и посветено и успешно ја врши својата работа на помлад референт за обука, тренинг и мобилизација. За оваа позиција тој случајно аплицирал на отворениот конкурс на Дирекцијата...
Post Views: 0
Музика, дружба и прекрасна храна. Се чини ова е рецептот за вистинска забава кој Софра 2012 толку успешно го зготви. Овој фестивал на храната кој го собра Балканот во мало, и пријателска Русија, ги понуди најубавите јадења и специјалитети од Македонија, Србија, Бугарија и Русија. Мирисот на јадењата кои секоја држава ги подготвуваше едноставно носи на едно прекрасно место.
Вистинска штета што екранот на вашиот телевизор не знае тоа да го пренесе. Сепак ќе се обидеме да ве однесеме најблиску што може до оваа прекрасна манифестација. Ова се учесниците, и нивните национални...
Post Views: 3
Ќе се стави ли крај на проблемите со недостиг на вода во Лескоец? Овој пат до нашата телевизија се обрати жител на улица Илинденска во стариот дел од селото. Славчо Цветкоски револтиран затоа што како што вели цели две недели се соочува со голем недостиг на вода, а се пожали и дека често се случува и воопшто да ја нема оваа драгоцена течност. Цветкоски вели дека ги информирал надлежните за неговиот проблем.
„Јас се јавував на неколку пати во Проаква, барав помош значи да се направи начин да имаме вода или рестрикција или да се провери каде оди повеќе вода, да имаме и...
Post Views: 1
Хоровите од 15 европски земји можат да го започнат своето претставување пред жирите, но и пред љубопитната публика. Јубилејното петто издание на Охридскиот хорски фестивал, вчеравечер беше означено за отворено на најдобар можен начин.
Директорот на фестивалот, Александар Димовски, вели дека овој фестивал сведочи за долгата музичка и хорска традиција на нашиот град и изрази надеж дека настапот на овој фестивал сите учесници ќе ги потсетува на нивниот престој во Охрид. Покрај ревијалните настапи и натпреварувачкиот дел, Димовски вели ќе има и други активности.
„Во рамките...
Post Views: 12
Нема звук како звукот на прочитаниот поетски стих. Дали е пишуван на руски, англиски, шпански, српски или македонски, секогаш ги буди истите чувства. Нема поголем доказ за тоа од двете книги на големиот српски поет Ранко Радовиќ. „Милув“ и „Страор“ се двата двојни сонетни венци кои од денес ќе можат благо да прозвучат и на македонски јазик.
Радовиќ вели дека ја сака Македонија, ги сака Охрид и Струга каде во младоста често доаѓал. Токму затоа се решил овие негови книги да добијат свој македонски препев. Но неговите мотиви се бројни и уште поуниверзални, па поетот вели...
Post Views: 0
Интензивни зафати на локалната самоуправа во село Лескоец. Изминатава недела екипите на одделението за сообраќај и улици работеа на асфалтирање на патниот правец од Лескоец кон туристичко-излетничкото место Скребатно.
Овие зафати локалната ги прави преку проект финансиран од Европската банка, а потпомогнати и од Владата на Република Македонија. Сепак од локалната не застануваат само на рехабилитација на патниот правец.
„Тоа е само делот околу рехабилитација на постојниот асфалт, додека општина Охрид инвестираше целосно во проширување на овој патен правец, не знам дали...
Post Views: 7
Јубилејно издание на Охридскиот хорски фестивал. Оваа веќе реномирана музичка манифестација слави пет години од своето постоење. Од 23-ти па до 27-ми овој месец повеќе од 40 учесници од 16 различни земји ќе настапат во натпреварувачкиот дел. Хоровите ќе ги оценува меѓународно жири, еден хор ќе биде прогласен за најдобар и ќе ја добие гран при наградата. Покрај натпреварувачкиот дел, и во ова издание ќе има ревијални настапи со фолк, поп и вечер на духовна музика.
И годинава неизбежни финансиските проблеми, но директорот на фестивалот, Александар Димовски вели дека и...
Post Views: 2
Охридскиот пливачки маратон посилен од сите проблеми. Утре, по 26 ти пат ќе се одржи најреномираната спортска манифестација во земјава. Интересот годинава навистина голем. Вкупно ќе настапат 30 пливачи, 19 во машка, 11 во женска конкуренција, а ќе ги бранат боите на 12 земји од Европа и светот. Сите пливачи се подготвени и физички здрави според зборовите на медицинскиот делегат на ФИНА, Еиде Лубс. Главниот делегат на меѓународната пливачка федерација, Жан-Пол Нарсе, вели претходните два пати кога го посетил Охрид, пристигнал како тренер, на својот пливач, но годинава...
Post Views: 2
Културната понуда во Охрид, летово доби нова квалитативна инјекција. Студентите на универзитетот за аудио-визуелни уметности, заедно со своите ментори, подготвија посебна мултимедијална програма за деликатната аудио-визуелна перцепција на охриѓани. Деканот на факултетот за применета музика, м-р Дарко Мариновски вели дека не е лесно да се организира еден ваков настан, но дека мора да се размислува спонтано.
„Тој настан е сеопфатен еден вид на мултимедијален настан кој што е поделен во четири категории, почнувајќи со промоции на книги и презентации на слики, продолжувајќи...
Post Views: 6
Премиерна изведба на претставата „Крвава свадба“ на Охридско лето. Ова драмско дело произлегува од уметничката работилница на Џулија Паскал театарот од Лондон. Режисерката Паскал вели добила лична покана од драмскиот селектор на фестивалот, Ѓорѓи Јолевски да ја напише оваа претстава.
Политичкото насилство и моралот кој стои или треба да стои зад него е од особен интерес за неа. Инспирирана од едно предавање на Џорџ Стајнер за моралот на национализмот, Паскал ни откри како дошла до идејата за оваа претстава.
„Замислив жена полицаец која стои пред терорист и тој терорист...
Post Views: 4
Бранот поскапувања на енергенсите кој ја зафати државава сериозно му се заканува на плиткиот македонски џеб. И оваа година, најефтина алтернатива за греење на домот е огревното дрво. Од јавното претпријатие Македонски шуми велат дека уште во првите три месеци од оваа година се склучиле договорите за оваа грејна сезона. Организираната набавка на огревно дрво најчесто оди преку здруженијата на пензионери и синдикатите, а склучени се договори и со училишта и министерства. Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, веќе склучило преку 1000 договори за набавка на огревно...