Post Views: 6
Луѓето работат за иднината, за своите деца, за нивното образование. Оттука најчестото прашање кое си го поставуваат е како да ја обезбедат нивната иднина. Одговорот може да го пронајдат во животното осигурување. Навидум тежок за разбирање поим, но во суштина сепак едноставен.
Според луѓето од Граве осигурителната компанија, животното осигурување не е само инструмент за заштита, туку и начин на обезбедување на заштеда за некој иден период. Еве што значи тоа.
„Со самото тоа што сте направиле животно осигурување во одреден момент, вие имате одредена заштеда. Значи после...
Post Views: 2
Се наѕира ли конечно решение за проблемот со затоплувањето во основното училиште „Свети Климент Охридски“? Како причина број еден за овој сериозен проблем, се смета старата и дотраена дограма во ова основно училиште.
Според зборовите на првиот човек на градов, градоначалникот Петрески, за скоро време и овој проблем би требало да добие своја разрешница.
„Свети Климент училиштето ние имаме намера да ја смениме дограмата бидејќи е стара, дрвена дограма и бевме до пред некој месец убедени дека со Норвешката амбасада имавме проект дека тие ќе вложат како амбасада за тоа...
Post Views: 1
Зборовите „Златен јубилеј“ не се доволни да се објасни сјајот на една долга и успешна кариера. Цели педесет години, академик Цветан Грозданов, со сето свое знаење и искуство стекнато со макотрпна работа, стои прв на фронтот на откривањето и презервацијата на македонските најзначајни културно-уметнички дела. За нас, охриѓани, Грозданов е двојно позначаен поради фактот што е наш сограѓанин.
Од детството поминато во Света Софија, преку значајот на Охридската архиепископија, ликот на Свети Климент е негова најчеста размисла. Според академик Грозданов, токму овој период...
Post Views: 2
Лицата со телесен инвалидитет и натаму мака мачат со архитектонските бариери. Пристапот до јавните институции, установи, објекти станува невозможен, доколку тие не се адаптирани или пак изградени по стандарди кои предвидуваат пристапност за лица со инвалидитет. „Почетокот, основата за разрешување на одредени права за лицата со инвалидитет, тргнува од пристапноста, од можноста овие лица самостојно да се придвижат и пристапат кон институција која им е во интерес во даден момент.“-вели претседателот на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, Бранимир Јовановски....
Post Views: 2
Помалку работни часови, повеќе време со своите семејства, поголема плата, поголема можност за професионално усовршување. Сигурно ви звучи познато. Ова е веројатно сонот со кој секој млад македонец го започнува своето стручно образование. Но овие неколку убави желби не се само наши, туку се желби на сите млади насекаде низ светот. А светот во обидите да стигне до достоинствена работа, најпрво морал да се бори за своите работнички права. За прв пат, организирано и македонската младина се приклучува кон таа мисија, го одбележа, Светскиот ден на достоинствена работа, 7ми...
Post Views: 10
Охридска јоклама-верувам дека сте го слушнале и употребиле овој термин и претходно, но почнувајќи од овој понеделник, тој ќе добие и едно друго значење. Токму ова е името на новиот производ на Телевизија ТВМ, кој за нецели два дена ќе започне да се емитува на нашата телевизија. Охридска јоклама официјално е првата телевизиска утринска емисија во градов, а за оние кои не знаат што значи тоа јоклама, мало појаснување од водителот на оваа емисија, Крсте Голабовски.
„Збор кој често го користат охриѓани. Инаку станува збор за турцизам, за турски збор што значи истражување,...
Post Views: 19
Децата се познати по тоа што умеат од ништо да направат нешто. На нивната огромна креативност навистина и нема граници. Ако се сомневате во тоа тогаш ви ги претставуваме учениците од основното училиште „Христо Узунов“. Тие, со сопствен труд, направиле интерактивна бела табла. Потребни им биле само делови од познатата играчка конзола Нинтендо Вии, лед диоди и голема доза на иновативност. Идејата ја добиле од на интернет, а ни објаснија дека тоа е онаа табла на која се прават визуелни презентации.
„Интерактивната бела табла беше препознатлива по својата уникатност затоа...
Post Views: 27
Во уметноста навистина нема граници. Ако се сомневавте во ова, можеби ќе успее да ве разубеди невообичаената изложба на слики која вчера беше поставена во центарот за култура „Григор Прличев“. „Скаменети шишарки“ е насловот на оваа интересна изложба.
Токму така, добро слушнавте, сите триесет и една слика кои авторот Даниела Илиеска ги изработила, се направени од борови шишарки.
„Јас шишарките не ги имав во предвид дека ќе ги направам во слика. Природата ни е најголемиот уметник на нашето постоење. Таа ни дава слики кои не ги гледаме. Повеќепати сме шетале покрај парк,...
Post Views: 0
Сработени активности и идни планови. Свеченост и културно-уметнички дел за заокружување на изминатата година. По стружанки, и охриѓанки од унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одржаа своето годишно собрание, на кое ги споделија и потсетија на сите реализирани активности во годинава што изминува. А имаа и со што да се пофалат.
„Многу трибини, многу активности од сите општествени сфери на живеењето. Она што сметавме дека на сите мајки, жени, граѓани на Охрид им е потребно како доедукација или запознавање со проблемите, затоа што проблемите со децата, проблемите во општеството,...
Post Views: 2
Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца денес го одбележа својот ден. Денот на пензионерите кој традиционално се одбележува на 20 Септември тие одлучиле да го поместат за денес поради поканетите гости. А гости имаа од сите свои збратимени градови како од земјата така и од соседните држави.
„Ние секоја година по повод 20 Септември Денот на пензионерите организираме ваква свеченост како денешната. Од година во година мислам дека е се поорганизирана нашата прослава и со мног голем број на посетители. Многу ме радува тоа што беше преполна салата во Домот на култура,...
Post Views: 2
Бесплатни кардиоваскуларни прегледи на плоштад. Продолжува традицијата на вакво одбележување на Денот на срцето, 29 Септември. Од Заводот за кардиолошки заболувања од Охрид кој го организира овој настан, се одлучиле овој ден да го одбележат една недела порано, но со истата цел.
Подигнување на свеста кај охриѓани за полезноста од превентивното делување и запознавање со ризик-факторите за кардиваскуларни заболувања. Ѓраѓаните кои ги затекнавме таму задоволни од акцијата. Ги запрашавме дали практикуваат вакви рутински контроли.
„Не често, не често. Но мислам дека треба...
Post Views: 11
Време е за осврт кон сработеното. Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, утревечер ќе го одржи своето годишно собрание. Овој редовен настан е можност за согледување на целокупните наши активности во текот на изминатата година, но и можност за претставување на идните планови.-вели претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Славица Јанковска.
Таа додава дека на ова годишно собрание ќе направат осврт и на целокупното дејствување на жената во рамките на партијата како и постигнатите резултати. Најави и нивно уште поактивно политичко делување.
„Како припаднички...