Post Views: 9
Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален еконоски развој ќе посветува поголемо внимание на развојот на руралниот туризам. Во таа насока тие аплицирале со три конкретни проекти до Агенцијата за подршка на руралниот развој, за кои изразија надеж дека ќе им бидат одобрени. Сепак со повеќе детали околу содржината на проектите велат дека ќе излезат откако ќе добијат зелено светло од Агенцијата.
Раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски вели дека како дел од активностите за развој на руралниот туризам веќе пристапиле...
Post Views: 9
Оваа сабота ќе биде првата „бела ноќ“ во Охрид. Локалната самоуправа заедно со секторот за туризам и локален економски развој „Белото лето“ ќе го искористат за да го означат и официјалниот почеток на летната туристичка сезона. Од локалната велат дека од објективни причини оваа манифестација годинава се одржува на 6ти јули. За од наредната година најавуваат дека таа ќе се одржува или на крајот од мај или на почекот на јуни како би се пролонгирала летната туристичка сезона. Главна ѕвезда на саботната „бела ноќ“ која ќе се одржи на градскиот плоштад, ќе биде македонското...
Post Views: 7
Претставници од индиската компанија „Сахара Груп“ на инвеститорот Субрата Рој, денес оствариле кратка средба со градоначалникот Никола Бакрачески. На оваа средба, градоначалникот ги информирал до каде се активностите околу изградбата на туристичкиот комплекс во Љубаништа. Претставниците на „Сахара Груп“ пак го информирале градоначалникот дека на 11ти и 12ти Јули во Охрид ќе престојува и претседателот на „Сахара Груп“, индискиот инвеститор, Субрата Рој.
Во текот на овие два дена ќе се одржи и работна средба на која учество ќе земат самите инвеститори, претставници од...
Post Views: 0
Градскиот базен за брзо време ќе биде ставен во функција. Од ЈП „Билјанини извори“ информираат дека при првата комплетна проверка на базенот, тие откриле многу лоша слика. Проблеми со мембраната, вентилите, функционирањето на моторите, каналите на базенот. Ова се само дел од проблемите на кои во изминативе неколку денови работеле од ЈП „Билјанини извори“,со цел што е можно побрзо ставање во функција на градскиот базен.
„Ние веќе тоа го отстранивме. Има уште некои ситни работи кои што треба да се отстранат во денешниот и утрешниот ден. Се надевам дека нема да имаме покрупни...
Post Views: 7
Познатиот охридски музички фестивал, Канео 2013 ќе се одржи по дванаесетти пат. Организаторите велат дека годинава се многу позадоволни од минатата. На фестивалот ќе настапат вкупно 18 новокомпонирани песни, со добро познати музички имиња од македонската сцена. За разлика од минатите изданија на фестивалот, годинава ќе има и втора, ревијална вечер.
„Се работи за новокомпонирани композиции, ќе има доста имиња и доста млади кои за првпат ќе се појават. Ќе се направи еден добар микс на една добра музика и едно уживање и прекрасна вечер. Оваа година се одлучивме да имаме...
Post Views: 5
Заврши првиот уписен рок во трите охридски средни училишта. Сумираните резултати по завршувањето на првиот уписен рок носат изразито спротивни бројки. Најголем интерес, полуматурантите повторно покажале за општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“. Таму вкупно се пријавиле 356 деца од кои биле примени 309. Од нив, 189 запишале гимназиско образование, 101 економско и 19 деца се запишале на медицинската паралелка. За вториот уписен рок, вкупно остануваат 161 слободно место, од кои 83 во гимназија, 63 во економски и 15 во медицинската паралелка.
Во електромашинскиот...
Post Views: 2
Од ова лето, угостителите, за поставување на маси и столови пред нивните објекти ќе плаќаат според посебно одредени зони од страна на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа.
Ова е одлука која беше изгласана на последната седница на Советот на општина Охрид, а се однесува утврдувањето на зоните, но и висината на цените кои ќе ги плаќаат угостителите за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема, односно маси и столови.
„Зонирањето е во три зони, тоа е уредено по улици. Првата зона се плаќа 300 денари, втората зона 200 и третата...
Post Views: 0
Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со зајакнати мерки и контроли на сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај.
Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13 до 19 часот активностите на СВР-Охрид беа насочени кон возачите на моторни возила и моторцикли при што биле контролирани вкупно 120 учесници од овие категории. И покрај досегашните укажувања, насоки и апели од страна на СВР Охрид, и понатака евидентна и несфатлива е...
Post Views: 2
Велат дека првиот допир шаховската игра знае да биде посебно доживување. Денес и се уверивме во тоа. Дечињата од централната градинка „Јасна Ристеска“ се запознаваа со шахот, со фигурите, со нивното движење по шаховската табла. За некои од нив ова беше прва средба со оваа античка игра, додека некои веќе знаеја по нешто за шахот.
„Јас знам да играм шах, брат ми ме научи и секогаш ме победува. Некогаш мене ме победува, некогаш јас него.“
„Со црните се фаќа белото, а со жолтото се фаќа белото.“-рекоа дел од нив.
Ова запознавање на малите дечиња со шахот е всушност иницијатива...
Post Views: 0
Двокатниот автобус кој општина Охрид го доби од Министерството за транспорт и врски за брзо започнува да функционира.
Од јавното претпријатие „Билјанини извори“ информираат дека во моментот се работи на негово брендирање, а за два-три дена тој и формално ќе биде ставен во функција.
„Тоа ќе е слободен превоз. Доколу вие сакате да го закупите и имате желба да одите до одредено место, ние тоа ќе го удоволиме. Инаку се подготвува теренот да може до Заливот на коски, до Свети Наум да оди автобусот, но тоа ќе зависи од клиентите со оглед дека се работи за слободен превоз....
Post Views: 5
ЈП „Билјанини извори“ започна да наплатува за паркинг. Опфатени се паркизите кои се наоѓаат на улицата „Македонски просветители“ во делот од пред маркетот Тинекс до пресекот со „Кеј Маршал Тито“, како и кружниот тек на плоштадот. Овие паркинзи влегуваат во Зона А.
Додека улицата „Кеј Маршал Тито“до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, улицата „Партизанска“ до „План Б“, паркингот кај хотелот „Ривиера“, паркингот на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ пред „Стопанска банка“ како и вториот дел од улицата „Македонски просветители“ од поштата до семафорите кај Охридска банка,...
Post Views: 4
Генерации и генерации, сегашни и минати членови на културно уметничкото друштво „Ѓердан“, денес слават прекрасен јубилеј. Носителите на една култура, на македонски фолклор, на убава музика, на дружби, на радосни мигови и мигови на тага, со промоцијата на една убава монографија напишана од етнологот Оливера Мишева, го започнаа прославувањето на 45 годишното постоење на КУД „Ѓердан“. Неговиот претседател, Методија Бараковски-Менде, вели дека невозможно е накратко да се раскаже историјата на „Ѓердан“, дека за тоа би биле потребни денови и денови.
За монографијата „45 години...