Автор: Мишел Наумоски

povelba

Четиринаесет апликации за Климентовата награда и повелбите

Post Views: 7 Вкупно четиринаесет поднесени апликации за конкурсот за доделување на најпрестижното општинско признание, наградата „Свети Климент Охридски“ и повелбата. Крајниот рок за поднесување на апликациите истече вчера. Шест од пристигнатите апликации конкурираат за „Светиклиментовата награда“, а осум за повелбата. Се чека до локалната да пристигнат апликациите кои во предвидениот рок биле испратени по пошта. Годинава, во донесувањето на одлуката кој ќе биде добитник на највисокото општинско признание на градоначалникот Никола Бакрачески ќе му помага посебна комисија формирана...

Continue reading

Recica

Жителите на Речица бараат санирање на ископувањата на патот кој води до селото

Post Views: 1 Трикилометарскиот пат кој води до селото Речица ископан на неколку места и оставен несаниран. Жителите на ова охридско село информираат дека прекопите на патот биле направени од страна на службите на А.Д ЕМО од Охрид при поправка на службениот водовод на охридската фабрика кој во најголемиот дел минува точно под патот кој води до селото. Речани бараат што поскоро санирање на асфалтниот пат, за кој велат дека жестоко се бореле да го добијат пред повеќе од 15 години. „Да го санираат патот, да го донесат во првобитна состојба со крпење на дупките со асфалт, нормално тоа...

Continue reading

crkva Recica

Село Речица-вистински рај за туристи ама без никаква инфраструктура

Post Views: 3 Денес е голема слава во охридското планинско село Речица. Се слават светите Врачи Кузман и Дамјан. По малото, тесно патче кое води до селото, денес поминуваат многу автомобили, автомобили со кои назад, во родното место, па макар и на еден ден се враќаат сите речани кои некогаш го напуштиле селото во потрага по некој подобар живот. Црквата свети Врачи Кузман и Дамјан, денес ги прима сите верници.  Малечка, но бескрајно живописна, а денес особено полна со живост. Овој празник, оваа селска слава е единствениот ден во годината кога Речица барем за момент добива дел од поранешниот...

Continue reading

skulptura Vodici

Спомен обележјето за Водици-ќе биде поставено во првата половина на 2014та

Post Views: 0 Конкретизирани деталите околу изработката и поставувањето на спомен обележјето за Богојавление-Водици. Кумот на оваа манифестација од 2012та година, проф.д-р Ванчо Чифлиганец кој е донатор на споменикот, остварил работна средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на која се разговарало токму за спомен обележјето. Чифлиганец вели дека она што го ветил, за скоро ќе биде и реализирано. „Беше конкретизирано да го отпочнеме споменичното обележје. Еве утре ќе го добиеме одобрението за градба и фундаментот ќе биде готов за десетина дена. А скулптурата треба да се...

Continue reading

filantropija

Филантропите од Охрид и Струга добија празнанија за нивните несебични залагања

Post Views: 1 Радоста на давањето, примањето и споделувањето помеѓу луѓето е можеби најголемата придобивка на филантропијата. Четириесет и двајца филантропи, и тоа фирми, здруженија и поединци, ја имаа таа привилегија и доблест да помогнат некому. Освен искреното „благодарам“ од оние на кои им помогнале, тие добија и признанија за своите несебични залагања. Локалната агенција за развој од Струга, на пригодна свеченост им се заблагодари за нивните филантропски активности. Како дел од проектот „Филантропија-Човекољубие на дело“ беше изработен и промовиран и каталог во кој се поместени...

Continue reading

alarm

Сите музеи под капата на Завод и музеј, физички адекватно обезбедени

Post Views: 6 Колку се безбедни музејските поставки, археолошките локалитети и артефакти во градов? Ова прашање неодминливо се наметнува имајќи ја предвид големата кражба на вредни артефакти од Музејот на Македонија во Скопје. Јасно е дека, значењето и вредноста на пронајдоците е непроценлива, па оттука јасно е дека и нивната соодветна физичка заштита треба да биде еден од приоритетите на надлежните. Од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, смирувачки тонови, велат дека скопското сценарио тука не може да се случи. „Сите објекти со кои раководи Завод и музеј-Охрид,...

Continue reading

povelba

Досега само три апликации за „Климентова повелба“- комисијата чека уште апликации

Post Views: 1 Мала заинтересираноста кај охриѓани за аплицирање на конкурсот за Климентова повелба. На пет дена до истекот на крајниот рок за поднесување на апликациите, Комисијата добила само три апликации. Имајќи го предвид значењето и престижот на повелбата која ја доделува општина Охрид, од Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на награди и признанија, со мотивирачка порака до заинтересираните и потенцијални апликанти за добивање на повелба. „Како претседател на комисијата која всушност ги именува повелбите, сакам да упатам една мотивација до нашите...

Continue reading

animalia

НВО „Анималиа“ ќе прави зимски куќарки за привремено сместување на бездомни животни

Post Views: 1 Организацијата за заштита и вдомување на животни „Анималиа“ денес со акција за изграднба на привремени живеалишта за бездомни животни. Насловена како „Дом за бездомните животни“ акцијата има за цел да обезбеди топли куќарки за животните скитници од градов во текот на зимата. Активистите од оваа невладина организација потенцираат дека главната цел им е пред се да влијаат на подигнување на јавната свест кај луѓето. „Идејата на акцијата е да собереме материјали од граѓаните, работи што не им требаат, а што може да се искористат на пример за правење куќарки и слично и главната...

Continue reading

deca brejn o brejn

Брејн`О`Брејн програмата забавна, но и исклучително корисна за децата

Post Views: 9 Брејн`О`Брејн програмата на Црвениот крст, вистински хит помеѓу децата, но и помеѓу родителите.   Подобрена концентрација, зголемена креативност, развивање на меморијата на децата и бројни други придобивки. За нив, сведочат и одличните резултати кои дечињата од оваа програма ги постигнаа на државниот Брејн`О`Брејн натпревар во Скопје, од каде малите охриѓанчиња се вратија со дури 27 освоени награди од кои 10 трофеи како највисоки признанија, како и 13 златни и 4 сребрени медали. И ако резултатите сами по себе не ви се интересни, тогаш слушнете во какви дисциплини се...

Continue reading

bazilika

Ранохристијанска базилика и објект од доцната антика пронајдени кај Љубанишко поле

Post Views: 0 Откриени значајни пронајдоци на локалитетот „Рајца-Манастирите“ во Љубанишко поле. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата од Охрид во досегашните истражувања на двете локации од овој локалитет утврдиле повеќе значајни наоди, и тоа делови од градежни структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии од 12 метри должина и 7 метри ширина. Во официјалното соопштение од Завод и музеј стои дека: „Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска...

Continue reading

traktor

Југоисточна Европа-неискористен земјоделски потенцијал

Post Views: 9 Потенцијалот на земјодеството во југоисточна Европа сеуште неискористен, сметаат европските синдикати од областа на агробизнисот. Според генералниот секретар на европските синдикати од агробизнисот, Харолд Виденхофер, земјоделските производи доживуваат вистинска потрошувачка експлозија во моментот, и токму поради тоа, смета дека Брисел и Европа мора да размислуваат во насока на помагање на регионот на југоисточна Европа познат по квалитетните и еколошки земјоделски производи, бидејќи во моментот тоа не се прави во доволна мера. „Ако ги земеме предвид глобалните прашања...

Continue reading

kaptazi

Германската амбасадорка и градоначалникот Бакрачески ја посетија каптажата во Куратица

Post Views: 0 После цели 30 години, каптажаниот систем преку кој жителите на Куратица се снабдуваа со вода доби реконструкција, а беа изградени и нови каптажи. Дополнително, како дел од самиот проект беше реконструиран и пробиен патот кој води до самите каптажи. Средствата за овој проект се обезбедени преку германската амбасада во Република Македонија во најголем дел, додека еден помал дел се обезбедени и од страна на локалната самоуправа од Охрид. Со вкупна вредност од 590.000 денари, проектот спаѓа во групата на мали проекти, но според неговото значење за жителите на Куратица, веројатно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top