Post Views: 16
Директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, даде отчет за сработеното во изминатата година. Тој уште еднаш ја потенцираше тешката финансиска состојба во која го затекнал ова јавно претпријатие, како и финансиските неправилности кои според Симоноски довеле до таквата ситуација во претпријатието.
„Заради намалување на негативните ефекти од ваквото работење бевме принудени да воведиме сериозни реформи, како од аспект на кадровски и структурни прераспределби, така и од аспект на начинот на кој се извршувале работните активности. Изработени се...
Post Views: 0
Отворени денови на Централниот регистар и во охридската канцеларија. Денес стручниот тим од оваа институција одговараше на прашањата на заинтересираните граѓани кои ја посетија канцеларијата. Еве што најмногу ги интересира физичките и правни лица од Охрид.
„Голем број на граѓани ја искористија можноста, ја посетија канцеларијата. Денес сме во Охрид од 9 до 12 часот. Најголем број од прашањата кои што беа поставени на стручниот тим од централата беа во врска со бришењето на трговски друштва, а во тек е и акцијата за бришење на трговски друштва. Имаше прашања поставени...
Post Views: 1
Средствата кои локалната самоуправа ги предвидела, за спорт за 2014та година се премалку за да има било каков напредок во спортот во нашиот град, смета опозицијата во градскиот совет. Според советникот Јоне Станкоски спортските работници оваа година имајќи ја предвид предложената програма, не можат да се надеваат на некаква помош од локалната самоуправа.
„Како може за одредени ставки во буџетот предвидувате за некакви расходи кои не се ни наведени за што се, тие се многу повеќе средства отколку за целокупно гледано спортот во градот, 8.750.000 денари. Активностите кои...
Post Views: 4
Успешна 2013 година за Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорката Драгана Боцеска, вели дека во годината што измина успеале да реализираат бројни проекти, дел со поддршка од Министерството за култура, а дел со сопствени сили.
Балканскиот фестивал, Охридските староградски средби, нови соработки на полето на хорската музика, нови театарски претстави, нов филмски проектор. Сепак според Боцеска, еден проект се издвојува повеќе од останатите.
„Ќе го кажам обновувањето на киното „Бавча“ и неговото повторно активирање со УФО фестивалот кој го отворивме летото и повторното...
Post Views: 1
Градскиот пазар е раздвижен со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, во обид да купат поевтино намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Купувачите забележуваат дека цените на производите по некое непишано правило во очи на празник растат.
Па така, килограм костени чини околу 120 денари, мандарините чинат околу шеесетина, портокалите 3 килограми за 100, краставиците од 100 до 120 денари. Ги запрашавме граѓаните дали ќе потрошат нешто повеќе во очи Божиќ.
„Ако имаш, ќе потрошиш, фала на Бога ќе потрошиме...
Post Views: 1
Првиот ден од новата година весел, плоден и бериќетен. На гинеколошкото одделение при Општата болница се роди првото бебенце во Охрид. Радоста да биде уште поголема, во одделението на свет дојдоа уште две нови бебенца како и уште едно бебенце родено на истекот од 2013та година.
Денес, градоначалникот Никола Бакрачески ги посети четирите среќни мајки и им ја честита Новата година и им подари цвеќе, како и награда од 10.000 денари за првороденото бебе.
„Јас сакам да им честитам на мајките, да им посакам бебињата да бидат здрави, живи, весели, радоста да ги следи во тек...
Post Views: 0
Изминуваат последните часови од 2013та година, година која кај сите ќе остави различен впечаток, година која некои ќе сакаат вечно да ја паметат, но некои и веднаш да ја заборават. Часовникот несопирливо отчукува и ги брои последните минути од годинава, а оние кои досега не помислиле што сакаат од оваа новата, ова е вистинскиот миг тоа да го сторат. Еве што нашите сограѓани очекуваат и колку се оптимисти дека Новата 2014 година ќе биде подобра од оваа во заминување.
„Очекувања? Да биде побогата од оваа година, народот да биде позадоволен, и да оди вака како што е, да...
Post Views: 2
Вистинска празнична донаторска еуфорија го зафати нашиот град. И денес продолжија хуманите активности, а тоа искрено го почувствуваа најмалите охриѓанчиња. Охридскиот бизнисмен, Љупчо Настоски, уште еднаш ја покажа својата хуманост.
Овој пат донираше во детското одделение при Општата болница во Охрид.
„Донираме за детското одделение, тоа што им е потребно. Не ми е прва донација, детсково одделение имаше потреба од пижами и од постелнини. Хуманоста е доблест за секој човек, а оваа идеја се роди баш на христијанскиот празник Свети Никола каде бев со дел од вработените...
Post Views: 1
Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставниците од локалната самоуправа денес го ширеа празничниот дух. Тие ги посетија детските одделенија при Општата болница од Охрид и специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Во двете детски одделенија тие поделија околу триесетина новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Бакрачески рече дека ова е само мал придонес во подигнување на нивото на среќа кај најмалите.
„Нашите активности во поглед на доделување на новогодишните пакетчиња ќе продолжат во наредниве неколку денови, во неколку градинки,...
Post Views: 2
Сојузот на спортови од Охрид и годинава ќе бира спортист на годината. Овие престижни спортски признанија може да се добијат во повеќе категории и тоа најуспешен спортист поединечно, најуспешен млад спортист поединечно машки и женски, најуспешна спортска екипа, спортски тренер, спортски работник и признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, како и спортски презентер.
Изборот на најдобрите ќе го прави комисија избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови, а составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот. Спортистите треба...
Post Views: 1
Празничниот период Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се посвети на најмалите. Започнуваат со детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“ во изведба на балетското студио „Визави“ под кореографската палка на Јулија Милевски. Претставата е работена според истоимената бајка за деца и секако наменета токму за најмладата публика.
„Ќе трае неполн час, значи самиот термин, 12 часот во недела, токму со тоа сакаме да ги привлечиме помладите, да дојдат, да поминат убаво време со балетската претстава „Волкот и седумте јариња“ како што кажав, наменета токму на нив,...
Post Views: 1
„Култура 365“ повторно им подарува на охриѓани. Оваа недела тие по втор пат ја организираа акцијата „Недела на книгата“ во која сите нивни посетители добиваат книга. Оваа недела „Култура 365“ на охриѓани им ја претставува книгата „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ на Стефан Влахов-Мицов. Интересот кај охриѓани за акцијата се поголем.
„Има задоволителен број на посетители кои си зедоа книга. Дури не изненади фактот што еве само преку медиумите, преку интернет порталите беа известени нашите сограѓани за оваа акција и не изненади фактот што и многу повозрасни...