Post Views: 6
Повторно испливаа на површина проблемите со улицата „Илија Смически“ во Лескоец. Жителите велат дека станува збор за децениски проблем за кој многупати им било ветувано решение, но дека засега нема ништо од ветеното. Обилните врнежи деновиве уште еднаш ја поплавија оваа улица, за која жителите велат дека во должина од дури 200 метри се претвора во базен.
Се жалат дека нивните деца, за да стигнат на училиште, мора да поминат огромен пат кружејќи околу селото. Јане Бачевски, жител на оваа улица вели дека од ден на ден, секојдневно чекаат да пристигнат багери и да започнат...
Post Views: 5
Сообраќајна грпка за поголема безбедност. Основното училиште „Братство Единство“ заедно со советот на родители со иницијатива за поставување на сообраќајна грпка во непосредна близина на училиштето на улица „7ми Ноември“. Вакво помошно средство за регулирање на сообраќајот веќе има на едниот крај од улицата во близина на влезот на училиштето. Проблематичен е само пешачкиот премин што се наоѓа пред објектот на некогашна Охридска трговија.
Професорот Борис Лушески вели дека дечињата често без да внимаваат токму во тој дел ја префрлаат улицата, што во минатото не ретко...
Post Views: 10
Се е подготвено за вториот круг од претседателските и првиот круг од предвремените парламентарни избори. Претседателката на општинската изборна комисија од Охрид, Марика Костадиновска информира дека денес, ден пред останатите, своето гласачко право може да го остварат 212 пријавени болни и изнемоштени лица на 66 избирачки места, како и лица кои излежуваат затворска казна.
„Во општина Охрид се гласа за 89 избирачки места на 88, со тоа што избирачкото место 1335 е заедно со 1306. избирачкиот одбор од 1306 ги покрива двете избирачки места. Во избирачкиот список за претседателските...
Post Views: 4
„Горди сме што го носиме името на еден од хероите на македонската историја“, со овие зборови директорот на основното училиште „Христо Узунов“, Тони Симоноски го појасни значењето на одбележувањето на патрониот празник на училиштето. Тие својот патронат го одбележаа со дводневни активности и тоа посета на куќата на Христо Узунов, положување на цвеќе на бистата во нивниот училишен двор, како и бистата на херојот во градскиот парк. Чествувањата ги продолжија со организирање на уметничка изложба на дела од поранешни и сегашни ликовни педагози од училиштето, како и дела...
Post Views: 8
На денешната прес конференција на охридските социјал-демократи, нивниот кандидат за пратеник, Ѓоко Танасоски со мал осврт на целокупната досегашна политичка кампања. Потенцираше дека СДСМ како партија со своите непартиски листи покажала дека за нив најважен е интересот на граѓаните и државата. „Концептот на СДСМ е јасен: наместо во минатото ќе инвестираме во иднината, наместо во историја ќе инвестираме во образованието, наместо мегаломански проекти ќе инвестираме во здравството, наместо во мермер и бронза ќе инвестираме во инфраструктура, наместо криминалот и корупцијата...
Post Views: 6
Пензионерите од Охрид и Дебрца денес заедно со правникот и докторот соработник на ФЗОМ се запознаваа со правата од нивното здравствено осигурување, како и последните измени околу важноста на упатите и начините на упатување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита. Фондот денес им организираше едукативна работилница како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Сојузот на пензионери на Македонија. Од Здружението на пензионери рекоа дека ја поддржуваат ваквата иницијатива.
„Пензионерите се најранливата група кој анајмногу ги посетува здравствените...
Post Views: 5
Коалицијата за позитивна Македонија со митинг пред охриѓани. Вработувања, меѓуетничка толеранција, почитување на разликите, и владеење на правото, се дел од ветувањата и заложбите на кои вчера пред граѓаните се обврза оваа партија. Носителот на листата во втората изборна единица и претседател на главниот одбор на АПМ, проф. д-р Владо Бучковски, ги презентираше трите проекти кои според него се реални и остварливи, а за кои тие ветија дека ќе се заложат во новата влада.
Тие се однесуваат на развој на аграрот, поддршка на младите кои имаат добри бизниси со кредити во висина...
Post Views: 4
„Власта не стимулира толеранција и доверба, туку раздор и поделено општество“-обвинија од СДСМ на денешната прес конференција.
Тие сметаат дека власта спроведува модел од кој профитира мала група на луѓе, која работи спротивно на интересите на државата и граѓаните. Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ, Мишел Силјаноски, вели дека власта е невешта во водењето на надворешната политика поради која, според него, се создаваат проблеми со соседните држави. Во рамките на надворешната политика, Силјаноски се осврна и на Самитот на претседателите кој според СДСМ пропаднал...
Post Views: 3
ВМРО Народна партија како дел од својата изборна програма најави економски раст и развој на југозападниот регион на Република Македонија. Според кандидатот за пратеник од Народна, Владо Цветкоски, токму регионот во кој спаѓа и нашиот град е еден од најсиромашните региони во земјава. Цветкоски смета дека овој регион има најголема невработеност, најлоша патна инфраструктура и најмалку инвестиции во последните 8 години. Тој потенцираше дека пратениците од ВМРО Народна партија ќе се залагаат за развој на индистријата, земјоделието со сточарството и туризмот. Според Народна,...
Post Views: 10
Носителот на кандидатската листа за пратеници од редовите на СДСМ, во петтата изборна единица, Васко Ковачески, денес на средба со охридските кандидати за пратеници, но и средба со граѓани и бизнисмени од градов. Еве која е целта:
„Ќе им ја презентираме нашата изборна програма, ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК. Програма која нуди рамномерен регионален и локален развој, а не како досегашната власт која инвестира само во главниот град во мермери, споменици, жални врби…..Охрид и охриѓани заслужуваат повеќе и подобро.Затоа, нашата борба против оваа криминална и корумпирана...
Post Views: 7
На денешната прес конференција на кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, изнесени повеќе детали околу двете најавени германски инвестиции кои би требало да се реализираат во градов.
Според Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо, ова е знак дека веќе започнува целиот ланец на компании и нивни добавувачи да доаѓаат во Македонија. Мизо смета дека со изградбата на слободната економска зона во охридско-струшкиот регион, ќе значи доаѓање и на други компании во градов. Тој информираше дека претставници и од втората германска компанија која најавила...
Post Views: 5
Кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, денес презентираа дел од програмата за наредниот период кој се однесува на младата популација. Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, рече дека програмата за 2014-2018та година која се однесува токму на младите е доста обемна и содржајна. Тој наброја и појасни дел од нив. Посебно се задржа на мерките за обезбедување на станови и куќи за млади брачни двојки, програмите за талентирани млади, подршка на земјоделски бизниси на младите земјоделци, поддршка за прво вработување како и акциските планови...