Post Views: 0
Зафатите за поставување на долгоочекуваната фекална канализација во Лескоец се влезени во втората и третата фаза од проектот. Со оглед на честите проблеми со канализационата мрежа кои се случуваат во Охрид, жителите на Лескоец загрижени дaли големината на канализационите цевки се соодветни на бројот на жители на ова населено место кое од година во година постојано расте. Од локалната, која се јавува како изработувач на проектната документација, уверуваат дека цевките за фекална канализација во Лескоец се според стандардите кои се налагаат за ваков вид на канализација.
Воедно...
Post Views: 1
Охридските социјалдемократи денес со обвинувања до локалната дека граѓаните ги оставила без можност за бесплатно паркирање. Тие ги посочија паркинг просторите кај полигонот за мали спортови и оној кај Центарот за обука на вода во непосредна близина на плажата Куба Либре. Јован Стојаноски од општинската организација на СДСМ ја обвини локалната самоуправа и охридската ВМРО-ДПМНЕ дека се однесува лицемерно.
„Лицемерието се состои во тоа што додека СДСМ ја практикуваше власта во Охрид, постојано бевме критикувани дека наводно нема слободен простор на кој што граѓаните можат...
Post Views: 0
СДСМ со обвинувања до јавното претпријатие „Градски гробишта“ дека прикажува нереална слика од своето работење. Според СДСМ, претпријатието работи позитивно единствено поради тоа што истото остварило приходи од субвенции во износ од 3. 614. 978 денари во текот на изминатата година.
„Зошто не убедуваат дека ние сме дале невистинити податоци не знам, кога е тоа извештај кој ни го приложи нас, како советници, раководството на јавното претпријатие, на кој јасно можете да видите, тука стои, субвенции во толкав износ. Да не беа тие субвенции она шо ние го наведовме во нашата...
Post Views: 1
Црвениот крст од Охрид ќе мора на мускули да го реализира проектот „Родителите се наша грижа“. Основна цел на овој проект е грижа за повозрасните и осамени лица кои немаат кој да се грижи за нив. Наместо специјално ангажирани за тоа лица, како што првично имале замислено од Црвениот крст, велат дека проектот ќе го спроведуваат нивните волонтери и лекари кои ги имаат во рамките на нивната организација. За реализацијата на проектот тие аплицирале и им биле одобрени средства од локалната самоуправа, но велат дека тие средства ни од далеку не се доволни за спроведување на...
Post Views: 0
Храбрата архитектонска визија и неконвенционалните идеи кога-тогаш излегуваат на површина. Од вчера, во двата охридски локали Шила и Ликвид, можете да видите педесетина такви архитектонски идеи. Студентите од генерацијата 2006 на Архитектонскиот факултет, на еден неформален начин ги изложија и прикажаа своите дипломски трудови пред охриѓани.
Злата Голабоска, која членува во Студентска архитектонска визија или СТАВ, а воедно и самата има изложено проект, појаснува зошто се одлучиле на ваков начин да ги прикажат нивните идеи.
„Поентата на оваа изложба е да ја покажеме...
Post Views: 7
Антички театар синоќа исполнет до последно место. Израелскиот вокално-театарски состав, Вока пипл, не остави никого рамнодушен. Нивното извонредно а-капела пеење во комбинација со модерните звуци низ бит бокс, ја крена на нозе публиката на антички, а во нивниот настап особено уживаше помладата популација. Нивната програма насловена како „Историјата на музиката во 5 минути“, се состоеше од музика од филмовите „Вљубени момчиња“, „Жени во лов“, „Класични времиња“, „Титаник“, вклучуваше изведба на најпопуларните опери, евергрини но и повеќе стилови на поп, рок, соул, ритам...
Post Views: 4
Како поубаво да се одбележи Денот на републиката од она што денес пливачите на Илинденскиот маратон и едриличарите на Илинденската регата го приредија и за себе, но и за сите љубители на овие два спортови. Охриѓани, но и сите туристи ја имаа можноста денес, да ги проследат овие два традиционални спортски настани, кои години наназад со својата елегантност привлекуваат внимание.
„Убава традиција, убаво и за градот и за гостите да видат.“
„Јас мислам дека е соодветно на денот, и ми се допаѓа. И во Скопје што успеав сабајле да видам на телевизија, се ми се допаѓа, организацијата...
Post Views: 5
Нетипична претстава на нетипична локација. Авторскиот проект на големиот режисер Паоло Маџели, „Његош и јас“ пред публиката на Охридско лето“ која ќе треба да отпатува до Заливот на коските за да ја погледне оваа театарска претстава. Според режисерот Маџели, „Његош и јас“ е приказна за времето кога ја запознавал Црна Гора и кога бил фасциниран од тогаш недопрениот простор.
„Не е носталгична претстава, тоа не е некое сеќавање, има и некоја шизофренија. Маја ги игра во исто време час и Данило, час и Поповиќ и на крај една девојка. Нема никакви претензии тоа да биде една...
Post Views: 11
Традиционално и годинава водите на Охридското Езеро ќе се белеат на 2ри и 3ти Август. Илинденската регата во организација на Едриличарската федерација на Македонија годинава ќе биде домаќин на помал број на натпреварувачи, а до овој момент сигурно е учеството само на македонските едриличарски клубови и тоа во класите Оптимист до 15 години , генерално до 12 години и девојчиња, ласер со подкласите ласер стандард, ласер радиал и ласер 47, потоа класите 470, микро и мини тонците, а годинава од Едриличарската федерација на Македонија велат дека ја враќаат и класата на даски...
Post Views: 3
Еден од најпознатите хаус ди џеи во Америка и светот, Џејсон Фалцоне со специјален настап за охриѓани. Во ексклузивната можност која ТВМ телевизија ја доби да поразговара со ѕвездата на хаус музиката, Фалцоне откри дека подготвува посебен сет за кој очекува кај охриѓани да предизвика вистинско уживање. Стилот кој Фалцоне го негува и кој самиот го создавал во изминативе години наречен валкан хаус, вклучува миксање на 3 или четири песни истовремено што создава исклучителна мелодичност и енергија.
„Вечер ќе имам еден уникатен сет, тоа е навистина посебна плажа ми велат,...
Post Views: 3
Поставувањето на туристичката берза кај градската автобуска можеби ја подобри грдата слика која приватните станоиздавачи ја создаваа обидувајќи се да дојдат до туристите, но отвори нов проблем. Оние приватни станоиздавачи кои во текот на денот ги нудат своите услуги во малата барака, имаат забранет пристап до јавните тоалети во рамките на автобуската станица. Дел од нив ни се пожалија дека кога немаат друга алтернатива, за тоалет се снаоѓаат како знаат и умеат, но тврдат дека со истиот проблем се соочуваат и туристите.
„Кога во автобуската нема тоалетен, санитарен чвор,...
Post Views: 1
Промовирање на природните и културно-историските убавини на Охрид и Македонија со цел светот да слушне за ова место. Генералниот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации, Талеб Рифаи оваа порака ја пренесе на денешната средба со претставници од локалната самоуправа, како и при средбата со претставници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Генералниот секретар Рифаи изрази увереност дека Охрид може да стане едно од најпознатите туристички места во светот поради својата уникатна понуда.
„Нема многу места низ светот кои имаат комбинација...