Post Views: 8
62ца здравствени работници и тоа доктори, медицински сестри, фармацевти, акушери, лаборанти се пријавиле за групните советувања во Советувалиштето за откажување од пушење кое летово започна да функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид. Од крајот на јуни, досега, во охридското советувалиштето биле одржани девет обуки со што истото го држи првото место според проценките на Институтот за јавно здравје. На поканата на Советувалиштето за учество во групните советувања се одзвале неколку приватни и скоро сите јавни здравствени установи од градов, со исклучок...
Post Views: 7
Долгоочекуваната и долгонајавуваната градска марина преку јавно-приватно партнерство ќе се гради на потегот помеѓу каналот Студенчишта и хотелот Парк. Овој бил заклучокот од вчерашната средба во Скопје помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Капетанија на пристаништата како и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана. Градоначалникот Бакрачески за ТВМ открива дека за оваа локација се решиле поради можноста на истата да бидат изградени и дополнителни објекти кои би ги користел приватниот партнер.
„Разговаравме околу можностите...
Post Views: 0
Голем број охриѓани денес во еден здив ги слушаа зборовите и советите на најпознатата баба во Македонија, баба Рада. На нејзината несекојдневна промоција на прирачникот „Билките на баба Рада“ таа рече дека нема да зборува само за билките, туку и за вербата, надежта и љубовта. Целта на нејзината емисија која за кратко време стана навистина популарна и гледана вели дека е да се помогне на луѓето, да се влее надеж дека за се може да се најде лек.
„Да биде емисија која ќе го поткрене она заборавеното во нас, вие знаете дека нашите баби и прабаби, нашите дедовци и прадедовци,...
Post Views: 0
Добрата бизнис идеја со мала помош од државата може далеку да дотурка. Физиотерапевтот Михаил Шишкоски е доказ дека тоа е возможно. Неговата ординација за физиотерапија, кинезитерапија, медицински масажи „Валео“ веќе три и пол години функционира и успешно работи во нашиот град. Михаил раскажува дека како и секој млад човек по завршувањето со образованието сонува за добра и платена работа. Согледувајќи ги можностите во нашиот град, одлучил дека треба среќата да ја побара во Скопје. Но кога бил на прагот да прифати една од понудите за работа, разбрал за проектите за самовработување...
Post Views: 1
Македонските адвокати ќе влечат австриски искуства за примена на современи технологии во адвокатското работење. Ваквите искуства, според претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски во голема мера ќе придонесат во унапредувањето на двањето на правна помош од страна на адвокатите. 17Ина адвокати од македонската комора денес на заедничка средба австриските искуства во оваа област ги слушнаа лично од претседателот на Австриската комора на адвокати.
„Кај нив има интересни искуства околу ангажманот на адвокатите во земање на тестаментални изјави на...
Post Views: 6
Општина Охрид ни крива ни должна го извлече најдебелиот крај во приказната околку спотот изработен во рамките на кампањата „Кажи не на насилството.“
Ова контроверзно видео предизвика навистина жестоки реакции во јавноста, особено на социјалните мрежи поради начинот на кој во видеото беше пренесена пораката за ненасилство. Коментарите на социјалните мрежи се движеа од тоа дека спотот е полн со стереотипи поврзани со имиџот на насилниците до тоа дека општината со пари на граѓаните финансирала таков спот кој стигматизира. Лавината реакции на сметка на општина Охрид по социјалните...
Post Views: 6
Отворена шахта на пресекот на улица „Бистрица“ и булеварот „Туристичка“ потенцијална опасност за охриѓани. Загрижени граѓани ни го посочија овој проблем кој според нив станува уште поопасен во вечерните часови бидејќи токму на оваа локација не функционира и јавното осветлување. Тие велат дека за проблемот се обратиле до локалната самоуправа од каде добиле објаснување дека осветлувањето не се санира бидејќи на тоа место за скоро треба да се гради кружна крстосница. Стапивме во контакт со надлежните служби при МЈП „Проаква“.
Директорот на јавното претпријатие не информираше...
Post Views: 2
Нема доцнење со почетокот на дневниот престој во охридските основни училишта-тврдат директорите на повеќето основни образовни установи. Родителите пак на дечињата реагираат дека почетокот на дневниот престој не се поклопува со почетокот на учебната година поради што како што велат тие се приморани да се снаоаѓаат како знаат и умеат за згрижување на нивните деца.
Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоноски појасни дека причината за непоклопувањето се состои во процедурите за пријавување на заинтересираните родители за продолжен престој и назначувањето на наставен...
Post Views: 3
Охрид промовиран на начин кој градот не го чини ниту денар и за кој Горан Мицкоски од секторот за туризам и локален економски развој вели дека треба да стане пракса која локалната се повеќе ќе ја користи во иднина. Станува збор за промотивни материјали од Охрид, кои делегацијата од градот Визмар, ги доби од секторот за ТЛЕР при нивната посета на Охрид. Со нивното враќање во Германија,материјалите биле изложени на посебен штанд во црквата Св.Ѓорѓи во градот Визмар, Германија.
{loadposition content9}
Post Views: 9
Уметниците кои работат или сакаат да работат со ранливи категории од денес добија прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливите групи. Прирачникот денес беше промовиран како завршна активност од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува“. Според проект координаторот, Јасмина Билаловиќ, целта на прирачникот е да се прикажат постоечките практики на употреба на уметноста во работа со ранливи групи, но и да се даде една поширока теоретска рамка за сите уметници кои работат или сакаат да работат со ранливите категории.
„Прирачникот е еден...
Post Views: 1
Албанската страна од Охридското Езеро конечно пред вратите на УНЕСКО. Ова треба да се постигне со реализацијата на проектот за интегрално управување со целокупниот регион на Охридското Езеро со кој треба да се подготви номинацијата на Албанија за статус на заштита на културното и природното наследство, но воедно и рекапитулација на листата на природни и културни вредности од македонска страна. Воедно во рамките на проектот ќе се изготвува и стратегија за развој на туризмот во регионот, односно т.н софт туризам насочен кон максимално искористување на културните и природни...
Post Views: 11
Нашиот град од денес па се до недела е домаќин на најмасовниот балкански турнир во бадминтон. Преку 120 учесници во конкуренција на сениори и ветерани ќе ги одмерат силите во овој интересен спорт, прилично невообичаен за нашите простори. Претседателот на Македонската бадминтон федерација, Диме Стефановски смета дека значењето на овој шампионат е од огромно значење не само поради својата масовност туку и поради квалитетот на натпреварувачи кои на него учествуваат. Меѓу другите, дел од него се и три поранешни европски шампиони како и еден учесник на олимписки игри. Додава...