Post Views: 41
19 млади дипломирани инженери од техничките факултети го добија ласкавото признание „Инженерски прстен 2015та“. По дванаесетти пат, традиционално на Плаошник, ова високо признание на најдобрите студенти им беше доделено од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Претседателот во своето обраќање до студентите рече дека од нив очекува да се фрлат во динамичните води на технолошкиот напредок и да не се плашат од предизвиците.
„Немојте да се задоволувате со безбедноста на базенот или пријатноста на езерото, наместо тоа храбро запловете во океанот на инженерството,...
Post Views: 7
Струшкиот градоначалник, Зијадин Села бара спас од проблемите со снегот, со ангажирање на нови фирми за чистење на снегот од улиците. Неговата одлука во најголемите снегови да го раскине договорот со двете фирми кои претходно беа ангажирани да го расчистуваат снегот од струшките улици, предизвика големи контроверзии во јавноста. Ваквата одлука, тој ја правда тврдејќи дека фирмите не ги испочитувале условите во договорот кој го склучиле со општината.
Во него, меѓу другото, стоел и условот, овие фирми да започнат со чистење на снегот кога истиот ќе достигне висина од 5...
Post Views: 7
Повеќе жители на Делогожда, Подгорци и дел од другите села во струшката околина денес протестираа пред зградата на локалната самоуправа во Струга. Тие го изразија својот револт поради ситуацијата во која се нашле по обемните врнежи од снег во целиот југозападен регион.
Денес со транспаренти во рацете се пожалија на катастрофална состојба на патиштата, недостаток на вода, струја како и лошо менаџирање со општината. Членови од иницијативниот одбор за протестот, кои за жал немаа преведувач на македонски јазик, поставија неколку барања до градоначалникот на Струга, Зијадин...
Post Views: 6
Ќе се следи квалитетот на водата во Преспанското Езеро преку мониторинг станицата во Преспа која ќе има за цел обезбедување на квалитет на водата и во Преспанското но индиректно и во Охридското Езеро.
Според Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, оваа станица е од големо значење бидејќи примероците на вода ќе бидат директно следени со брод односно лабораторија која се наоѓа во Преспанското Езеро и директно анализирани во мониторинг станицата.
„Тие анализи и резултати ќе покажат кои мерки ќе треба во иднина да се преземаат и на преспанската...
Post Views: 1
Реконструкција на струшкиот плоштад со зачувување на „Споменикот на револуцијата“ се дел од плановите на градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Состојбата во која се наоѓаат истите години наназад, бараат што е можно побрза реакција од страна на локалната самоуправа од Струга.
Градоначалникот Села смета дека стружани заслужуваат едно убаво решение како градски плоштад во кое сите граѓани ќе можат да уживаат.
„Сакам еден друг поглед да дадам на центарот на градот. Да не е ова што е, да имаме еден добр објект, добар плоштад, а не вака, да имаме еден плоштад кој е запоставен...
Post Views: 3
Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија.
„Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за квалитетот...
Post Views: 1
Сеуште се подготвува регистарот на ретки болести во Република Македонија. Во него треба да се вклучат сите пациенти со ретки болести, и оние што веќе се лекувале на товар на Фондот за здравство, и оние кои досега не биле институционално згрижени, но и пациенти за кои нема лекови.
Регистарот никогаш не може да биде конечен, бидејќи секогаш ќе има нови пациенти кои се дијагностицираат, вели Весна Алексовска, претседател на здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Во светот постојат 8000 откриени ретки болести, од кои за само 250 има терапија. Според...
Post Views: 2
„Поезијата не познава граници и далечини. Родното место е како утопија, место за душата каде мирот целосно се реализира. Поезијата има моќ да ја направи туѓата земја како родно место.“ Со овие зборови, годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужнокорејскиот поет Ко Ун ја појасни својата врска со Струга, со Миладиновци и потребата и желбата да биде дел од една од најзначајните поетски манифестации во светот.
„Благодарение на топлото гостопримство од Мите Стефоски, Славе Димоски и сите соработници на Струшките вечери на поезијата и дамите и господа поети...
Post Views: 1
Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог од Управата за заштита на културното наследство, м-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог и претседател на Националниот Комитет за Македонија. Инаку годинешново издание на Фестивалот ќе измине без најавените фолклорни содржини и концертот на групата Љубојна. Од КУД Дримкол-...
Post Views: 33
Голем саем на најпознатите производители на алати, машини и електрични апарати. Најголемиот бауцентар „Набизи-Струга“ денес со вистинско изненадување за стружани. На едно место, по дисконтирани цени, на сите заинтересирани им понуди запознавање со најновите производи од програмите на Горење, Сименс, Метабо, Електромашинен, Униор, Вурт и Макита. Посетителите навистина задоволни од она што имаа можност да го видат.
„Во секој случај, ова е нешто ново за Струга, ова што се случува. Имаме овде поволни цени, гледам овде познати светски брендови од различни производители кои...
Post Views: 8
Македонија дел од 52те земји кои туристите мора да ги посетат во 2015та година според Њујорк Тајмс.
Овој престижен американски весник, составил цела листа од земји, региони, градови во светот кои оваа година треба да бидат вистински хит меѓу туристите. Македонија, според Њу Јорк Тајмс е следната Балканска дестинација. Во текстот објавен во секцијата за патувања, Македонија е претставена како земја на амбиентални манастири, земјата на прекрасното Охридско Езеро, но и земја за љубителите на авантура. Шар Планина со нејзините услови за планинарење, па и нашата винска индустрија...
Post Views: 0
Пензионерите од Струга денес заедно со правникот и докторот соработник на ФЗОМ се запознаваа со правата од нивното здравствено осигурување. Фондот денес им организираше едукативна работилница како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Сојузот на пензионери на Македонија. Од Здружението на пензионери рекоа дека ја поддржуваат ваквата иницијатива и изразија надеж дека по денешната работилница ќе бидат разрешени најголемиот дел од проблемите кои тие ги имаат од областа на здравственото осигурување. А еве со кои проблеми најчесто се соочуваат.
„Најискрено да ви кажам...