Post Views: 3
Советниците на град Охрид во петок ќе гласаат по неколку интересни предлог одлуки кои се од интерес за јавноста.
На 36та седница на Советот, градските советници ќе треба да се произнесат по однос на елаборатот за проценка на штетите од снежните наноси во нашата општина од крајот на минатата година, а исто така ќе се дискутира и по однос на записниците за проценка на настанатите штети од пожар и невреме на подрачјето на општината. Особено внимание привлекува третата точка на дневниот ред, а која се однесува на изборот на приватен партнер за изградба на затворениот зелен...
Post Views: 0
Матурантите од средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“ оваа година нема да имаат матурска екскурзија. Ова училиште од почетокот на оваа учебна година се осамостои како правен субјект, а години наназад матурските прослави ги правеше заедно со гимназиските паралелки. Од оваа година тоа нема да биде така. Вршителката на должноста директор на средното општинско стручно училиште, Славица Костоска, со објаснување зошто нејзините матуранти нема да слават матура во странство.
„Законот за средно образование, децидно кажува дека учениците во текот на школувањето во...
Post Views: 0
Вршителот на должност директор на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“, Славица Костоска повторно ја доби довербата од членовите на училишниот одбор како најадекватен кандидат за функцијата директор на средното економско училиште. На вчерашното прегласување, на кое учествуваа сите 11 члена на училишниот одбор, Костоска доби 7 гласа, додека нејзиниот противкандидат, професорот Никола Тренески ја доби довербата на четворица члена од одборот.
Покрај новоназначениот член на одборот, односно претставник од Министерството за образование, училишниот одбор содржи и четворица членови...
Post Views: 0
10 училници, кабинет за компјутери, уреден влез во училиштето, учество во проекти. Ова се само дел од резултатите од шесте месеци работа како самостоен правен субјект на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“. Вршителот на должноста директор на училиштето, Славица Костоска денес со медиумите ги сподели успесите, предизвиците и идните планови на училиштето. Костоска вели дека кога се одвоиле како посебен субјект немале ништо, без хигиеничари, само зграда, училници и наставен кадар кој е вработен во друго училиште.
„Канцелариите не ги дотеравме, го дотеравме...
Post Views: 2
До 2020 година депресијата ќе биде втора болест по честотата на јавување, по кардиоваскуларните заболувања, а антидепресивите и сега се меѓу најпродаваните лекови.
Секој човек барем еднаш во животот поминува низ период на депресија а според официјалните податоци на СЗО секој 4 возрасен човек во светот пати од некоја форма на депресија. Нерасположеност без причина е прв аларм за депресија. Тогаш е од голема важност навремено да се добие советување, можност за разговор и помош. Ова на охриѓани им го нуди Центарот за депресија кој од месец јануари започна да функционира...
Post Views: 18
Училишниот одбор од средното економско училиште вечерва ќе прегласува за избор на директор во оваа образовна установа.
Пред еден месец училишниот одбор на актуелната вд директорка Славица Костоска и изгласа доверба за директор на училиштето, но предлогот беше вратен од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески. Од локалната самоуправа, за ТВМ велат дека причина за тоа е што постапката за избор на директор не била извршена во согласност со законските одредби, статутот на училиштето и деловникот на училишниот одбор. Имено од 10 члена на одборот Костоска добила 5 гласа...
Post Views: 1
Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и „Animal World” од Струга одговорноста за случајот со човек нападнат од бездомни кучиња во Струга ја бараат кај надлежните институции. Јована Мојсоска од „Animal World” вели дека жалат поради тоа што му се случило на нејзиниот сограѓанин, но и дека е време конечно институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња и преземат мерки предвидени со закон за хумано решавање на истиот.
„Како здружение апелираме институциите конечно да преземат мерки да се обезбедат средства за изградба на стационар...
Post Views: 2
Поактивен наместо традиционален туризам за успех надвор од летната туристичка сезона. Дебрца, Куратица, Елшани и Вевчани од македонска, и Поградец и Корча во Албанија се местата кои ќе нудат комплементарна но несекојдневна туристичка понуда барем за наши услови. Овие локации можеби немаат некоја развиена инфраструктура, но поседуваат сместувачки капацитети кои можат да понудат нешто поинакво од традиционалното.
Македонската фондација за развој на претпријатијата како начин за поттикнување и развој на алтернативните форми на туризам во еден поширок туристички регион,...
Post Views: 4
Три зарежани пенушки со надеж дека тоа ќе донесе здравје, бериќет, многу грозје и вино. Лозарите денес ги посетуваат своите лозја и ги закројуваат незапупените гранчиња. Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна.
„Тој на еден чудесен начин преку своите молитви ја избавува...
Post Views: 19
Во кои приватни здравствени установи кои прават биохемиски анализи, охриѓани може да ја испитаат функцијата на тироидната жлезда по фондовски цени?
Во вчерашниот прилог за недостаток на реагенси за испитување на тироксинот во Општата болница од Охрид, од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување, изјавија дека покрај Општа болница и Здравствен дом и четирите приватни здравствени установи „Дарон“, „Кардиолаб Маџаров“, „Сонце“ и „Биохем дијагностик“ имаат договор со фондот за испитување на функцијата на тироидната жлезда со упат од матичен лекар.
Револтирани...
Post Views: 5
Средношколците од ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ќе добијат помош во бирањето на нивната професионална определба. Ова, нивното средно училиште ќе им го овозможи преку проектот за креирање на кариерен центар кој ќе функционира во рамките на училиштето. Директорот на оваа образовна институција, Јане Цаноски вели дека формиран е тимот кој ќе работи со децата во кариерниот центар, а во моментот ја подготвуваат просторијата во која ќе се работи.
Цаноски додава дека веќе започнале и со опремување на истата, донесени се масички, столчиња за десет работни места, ормарчиња, а доставена...
Post Views: 0
Интернационализација на образовните институции, нови методи за предавање, мобилност на студентите и учениците. Ова се само дел од бенефитите на Еразмус плус програмата на Европската унија, една од водечките програми во сегментот образование, обука, спорт и млади. Денес, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за охридските образовни институции како и невладини организации кои се занимаваат со обуки, спорт или млади, организираше инфо ден во кој им ги презентираше предностите на оваа програма. Дарко Димитров, директор на агенцијата, вели дека...