Post Views: 8
Изградба на нови хотели, но и реконструкција, доградба и надградба на постоечките хотелски капацитети на потегот од населбата „Св. Стефан“ до хотелот „Метропол“. Ова е предвидено со новодонесениот детален урбанистички план за овој потег, односно вон-населено место.
Бранко Арнаудов, од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа појаснува дека во сите детални урбанистички планови кои се вон-населено место, единствена намена на земјиштето може да биде само изградба на хотелски комплекси, мотели, старечки домови или викенд куќи.
„На потегот од „Св.Стефан“ отприлика до...
Post Views: 19
Дали пешаците кои чекорат по улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото во престојнава летна туристичка сезона ќе бидат побезбедни? Години наназад, граѓани кои гравитираат на овој потег реагираа дека наместо да чекорат по тротоарите кои се за нив наменети, тие се приморани да одат по коловоз, бидејќи на тротоарите се поставени маси, столици и друга урбана опрема. Од Секторот за урбанизам денес велат дека со годинешната програма за поставување на урбана опрема оваа ситуација веќе нема да ја има.
„Во програмата што е донесена за 2015та на тој простор нема маси...
Post Views: 0
Не помина иницијативата и барањето на опозициските советници на денешната седница на советот да има поопширна дебата за урбанизацијата на Студенчишкото Блато. На седницата не присуствуваа ниту Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ниту претставници од Завод и Музеј од Охрид, Хидробиолошкиот Завод или пак еколошки друштва кои опозицијата пред неколку дена бараше да бидат поканети и да земат учество на денешната седница.
„Она за што Бакрачески и ДПМНЕ тврдеа дека нема да го прифатат во нивната програма денес сме сведоци дека не само што оваа локална самоуправа...
Post Views: 4
Средношколци од Словенија подготвуваат македонски традиционални јадења и се запознаваат со Охрид благодарение на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци и студенти. Учениците од Центарот за биотехника и туризам од Ново Место-Словенија петнаесетина дена ќе ги впиваат убавините на нашиот град, а ќе имаат и практична настава за приготвување на храна и послужување на гости.
„Прв пат сме во Македонија, тоа за мене е многу интересно, бидејќи се запознав со македонците, кои се многу пријатни луѓе. Досега искуствата се прекрасни бидејќи ни покажуваат се што знаат...
Post Views: 1
Поставувањето на урбана опрема за 2015та година ќе биде една од жешките теми на петочната 37 седница на Советот на општина Охрид.
Советниците ќе се произнесат и по однос на неизбежните предлог одлуки од сферата на урбанизмот. Од нив, се чини најинтересна е онаа за дефинирање на границите на централното градско подрачје. Ова, според претставници од Секторот за урбанизам го налагаат Законите за градба и за градежно земјиште, бидејќи, од тоа, дали објектот или земјиштето се наоѓа во централно градско подрачје ќе зависи и бројот на паркинг места при добивање одобрение за...
Post Views: 9
Проектите на локалната кои ќе се финансираат со кредитот од Светска банка се поблиску до својата реализација. Откако истите ја поминаа фазата на одобрување од страна на оваа реномирана финансиска институција, локалната ги реализираше и тендерот за изградба на инфраструктурните објекти, како и тендерот за набавка на специјалните возила за јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека повеќе економски оператори се јавиле на двата јавни повици.
„Роковите за аплицирање се завршени и сега во овој момент и тендерот за набавка...
Post Views: 27
Куќите на неколку познати стари охридски фамилии ќе го враќаат првобитниот сјај. Годинава, Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе врши конзервациско-реставраторски работи на повеќе објекти во градов. За оваа намена, министерството за култура веќе одобрило средства како дел од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес.
„Оваа година ќе ја санираме фасадата на објектот каде што се наоѓа Радио Охрид. Во непосредна близина накај чинарот постои уште еден објект, една камена магаза и на тој објект ќе вршиме санација на фасадата. Исто...
Post Views: 1
Охридски бисер за Денот на жената 8ми Март. Продолжува интересната традиција пронајди го скриениот бисер во Заливот на коските, организирана од познатиот изработувач на охридски бисер, Михајло Филев и туристичкиот водич, Љупчо Јузмески. Две туристки од Црна Гора денес го добија најубавиот подарок за 8ми Март, оригинален охридски бисер. Лилјана Јовановиќ е среќниот пронаоѓач на бисерот во потрагата.
„Имав среќа да го најдам овој бисер кој ни го подари фамилијата Филеви. Прв пат сме во Охрид и многу ни се допаѓа, преубаво е, баш е убаво.“-вели Лилјана Јовановиќ-турист.
За...
Post Views: 1
Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени. На денешниот отворен ден на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, директорот Цветко Грозданов истакна дека тие како акционерско друштво ги намалуваат цените, па граѓаните за 599 евра за метар квадратен можат да дојдат до сопствен стан изграден од државата. За комерцијални цели, имаат на располагање 40 станови кои се наоѓаат во населбата Расадник. Намалувањето на цената за метар квадратен, според Грозданов е со цел да се намали негативното влијание на хиперпродукцијата...
Post Views: 2
Храброста не е во победите, храброста е во силата да се стане после секој пораз и да се продолжи борбата. Тоа го знае нашата сограѓанка, самохрана мајка на две малолетни деца, Билјана Јанеска. Насмевката на нејзиното лице уште при првото ракување, ви дава до знаење дека во неа има храброст, истрајност, и желба за живот. А нејзиниот живот е една непрекината низа на борби и предизвици. Последната и е најтешка, борбата за својот сопствен живот. Малигниот меланом кој и бил дијагностициран пред шест месеци и го задава најтешкиот удар. За да победи Билјана, потребни и се...
Post Views: 0
Објектите на некогашната специјална детска болница денес, беа продадени на електронската аукција организирана од Министерството за финансии.
Скопската компанија КАМ ФУД била најповолен понудувач, неофицијално дознава ТВМ . Најповолниот понудувач на денешната аукција доби десет објекти со вкупна површина од 6751 метар квадратен. Почетната цена за истите изнесуваше 2655,10 денари за метар квадратен, сума која до крајот на аукцијата достигна до 11.000 денари за метар квадратен или попрецизно, сите објекти на некогашната детска болница беа купени за износ од приближно 1.220.000...
Post Views: 2
Педесетина нуркачи денес од градското пристаниште ја започнаа неколку месечната мисија за пренуркување на Охридското Езеро, подводно фотографирање, снимање и позицинирање на места од интерес на научната јавност. Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“, од клубот за подводни дејности од Охрид, нуркач од Струга, нуркачи од специјалните едниници на АРМ и МВР како и претставници од Албанија во наредните три до четири месеци со секојдневни нуркања ќе треба да поминат 80 километри и 322 метри. На македонска страна, нуркачите посебно ќе истражуваат локација во Струга каде што...