Автор: Мишел Наумоски

strategija turizam

Изработката на стратегија за развој на туризмот прескапа за буџетот на локалната

Post Views: 8 Стратегијата за долгорочен развој на туризмот прескапа за општина Охрид. Овој исклучително важен документ се најавува неколку години наназад, но барем досега истиот не е изработен. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова бил еден од приоритетите на локалната поставени уште на почетокот на мандатот, но досега ниту една институција од Македонија не пројавила интерес и желба да ја изработи стратегијата. Во преговори со неколку странски консултантски куќи пак, референтната цена која локалната ја добила за изработка на стратегијата ги надминувала можностите на општинскиот...

Continue reading

koli pateka

Сообраќајни знаци и казни за граѓаните кои со автомобили ќе возат по новата пешачка патека

Post Views: 30 Уште недоизградена, новата пешачка рекреативна патека несовесни возачи ја користат како сообраќајница. Изминативе денови поголем број на граѓани реагираат на оваа негативна појава споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Оваа практика на охриѓани ја забележале и од локалната самоуправа од каде велат дека во најскоро време ќе бидат преземени мерки. „Седум-осум дена и до нас стигнуваат поплаки од совесни и загрижени граѓани дека пешачко рекреативната патека кај Студенчишта ја користат и автомобили. Она што ние следува да го преземеме во најкус можен рок е поставување...

Continue reading

ohridsko leto

Се е подготвено за јубилејното 55то издание на фестивалот Охридско лето

Post Views: 9 Се дотеруваат последните финеси пред почетокот на јубилејното 55то издание на нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот Охридско лето. Директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска вели дека сите сцени на кои ќе се играат прекрасните театарски претстави, на кои ќе се изведуваат некои од најзначајните светски музички дела се подготвени да ги примат изведувачите, но и верната публика која од година во година го следи фестивалот. „Ние сме кон крајот, односно завршени. Уште вчера сцената на Долни Сарај потврди дека е готова бидејќи е освежена. Антички знаете...

Continue reading

iseluvanje Ohrid

Охриѓани први во фрапантниот тренд на иселувања од државава

Post Views: 9 375 охриѓани само изминатава година решиле да го напуштат родното огниште и спасот од тешката финансиска ситуација да го побараат во странство. Ова се дел од фрапантните податоци со кои минатата недела излезе Државниот завод за статистика, а кои се однесуваат на миграциите на населението. Само во 2014та државата ја напуштиле 740 граѓани во потрага по подобар живот. Охриѓани се наоѓаат во самиот врв на уште еден негативен тренд, а тоа е миграцијата во некој од другите градови во државата, каде единствено пред нас според статистичките податоци котира главниот град Скопје....

Continue reading

arhitektura

Архитектонскиот развој на Охрид треба да биде предмет на разгледување на повеќе струки

Post Views: 6 Охридската архитектура и развојот на градот треба да бидат природна архитектонска револуција која ги доближи различните временски стилови, а нема да ги конфронтира. Според професор д-р Мишко Ралев од Факултетот за архитектура при „Американ колеџ“ смета дека секое архитектонско дело мора да биде промислено и да е децении понапред од сегашноста во која треба да функционира. Тој смета дека охридската архитектура не смее да се става во временска капсула затоа што тоа не е музеј, но додава дека секоја промена и архитектонска еволуција мора да се прави без да се уништи она...

Continue reading

upisi

Слаб интересот кај полуматурантите за угостителската струка, гимназијата скоро со исполнети капацитети

Post Views: 15 Охридските средни училишта полека но сигурно ги исполнуваат своите капацитети. На крајот од првиот, јунски уписен рок после двете пријавувања, солидни бројки покажуваат во општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“. Таму, според директорот Јане Цаноски, најголем интерес полуматурантите покажале за профилите електротехничар за компјутерска техника и автоматика, профилот техничар за патен сообраќај и профилот козметичар-техничар во струката лични услуги која веќе е оформена како паралелка иако има уште некое слободно место. „Како училиште, општинскиот...

Continue reading

avionce

Првите патници од Базел слетаа на Охридскиот аеродром

Post Views: 4 Слетаа првите патници од нововоспоставената авиолинија Базел-Охрид-Базел на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“. Оваа директна линија е втора што во период од две недели се отвора летово од нашиот аеродром, после онаа до Лондон односно Лутон. Дел од 179те патници кои допатуваа од Базел се наши гастербајтери кои после повеќе децении за прв пат доаѓаат во родниот крај. Еве што значи воведувањето на оваа директна авиолинија за нив. „Многу, инаку тешко, Скопје се малтретиравме. Добро е, задоволни сме, прифатлива е цената, многу сме задоволни.“ „Еднаш на два три години,...

Continue reading

basker fest

Одење по жица, огнено шоу, кловнови, магионичари на вториот „Баскер фест“ во Охрид

Post Views: 3 Охрид втора година со ред домаќин на фестивалот на улични перформанси „Баскер фест“. На десетгодишнината од овој исклучително популарен уличен фестивал, охриѓани ќе можат да уживаат и да се воодушевуваат во голем број несекојдневни улични перформанси. „И оваа година како лани ќе претставува еден комплементарен дел на манифестацијата „Бело лето“, и се надеваме дека само со тоа ќе го дополниме целокупниот впечаток што се однесува до симболичниот почеток на летната туристичка сезона. Претпоставувам и сум убеден дека со овие активности кои што испланиравме да се одржат престојниот...

Continue reading

leten rezim

Локалната со летниот режим на сообраќај ќе го регулира и поставувањето на урбана опрема на ул.„Коста Абраш“

Post Views: 9 Од денес па до крајот на месец Август, посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје. Медитеранското катче како што своевремено локалната го нарече пресекот на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ од денес станува пешачка зона која што е поврзана со чаршијата и Кеј „Македонија“. Според посебниот режим на сообраќај, на овие улици од 5 часот наутро до 20 часот навечер ќе важи забрана за сообраќај, освен за жителите на Стар град, додека од 20 часот до 5 часот следниот ден ќе има целосна забрана за сообраќај за сите граѓани, освен за специјалните возила на полицијата,...

Continue reading

grcija

Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во охридските агенции

Post Views: 0 Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во контекст на актуелните случувања кај нашиот сосед. Додека очите на Европската Унија се вперени кон оваа земја, во екот на летната туристичка сезона, во некои од медиумите се пренесува слика на граѓани кои брзаат да ги повлечат своите парични средства од банките, а проструи и информацијата дека во Грција има недостаток на гориво, како и тоа дека се лимитирани износите на средства кои може да се повлечат од банкоматите. Според дел од туристичките агенции од Охрид кои на клиентите им нудат аранжмани во Грција, оваа...

Continue reading

ginekologija

Охридското гинеколошко одделение има капацитет за да ги пречека родилките од целиот регион

Post Views: 51 Капацитетите на охридското гинеколошко одделение се доволни за да ги опслужат пациентите најмалку во наредните дваесет години. Директорот на Општата болница од Охрид, д-р Љубен Арнаудов, вели дека уште при реконструкцијата на болницата, капацитетот на одделенијата бил зголемен за четириесет проценти, вклучително и на одделението за гинекологија. Од тука, според него, апсолутно се подготвени да ги примат и оние родилки кои ќе допатуваат од Ресен по информацијата за затворањето на породилиштето во овој град. Д-р Арнаудов потенцира дека тие и досега работеле со трудници...

Continue reading

tranziten centar

Децата кои питачат во Охрид привремено ќе се сместуваат во транзитен центар

Post Views: 4 Отворен транзитниот центар во Охрид, за децата кои питачат. Истиот е дел од заедничкиот проект „Општинско корисна работа“ на Министерството за труд и социјална политика односно Центарот за социјална работа од Охрид и Локалната самоуправа . 11 лица, ангажирани преку овој проект, ќе работат на спроведување на проектот по градинките, додека втората активност се однесува токму на третирање на проблемот со децата на улица односно децата кои питачат. „Министерството ни даде можност, ни обезбеди просторија за која се плаќа кирија и тие се наоѓаат во просториите на Трудбеник...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top