Post Views: 2
Интензивирање на градежните активности околу инфраструктурата по завршувањето на летната туристичка сезона. Градоначалникот Бакрачески вели дека претежно ќе биде работено на разубавување на градот во делот на инфрастуктурата која му е потребна на Охрид. Реализацијата на најавените проекти кои ќе бидат финансирани дел од кредитот од Светска банка, дел од буџетот на локалната ќе биде интензивирана од септември.
„Ќе се градат вкупно 5 кружни токови, ќе се продолжи патеката кон х.Парк, претпоставувам ќе завршат и проектните задачи за реконструкицја на кејот, на охридскиот...
Post Views: 27
Маџун, мусли, органско млеко, зачини, органски тестенини, засладувачи, ова е само дел од асортиманот кој охриѓани можат да го видат и купат од првоотворената продавница за здрава храна на еден од најпознатите македонски брендови, семејните аптеки „Зегин“. Во очи големиот празник „Илинден“, беше отворена првата во редот продавници за органска био храна на „Зегин“. Ова според основачот на компанијата, Благој Механџиски, е само доказ за успехот кој бил постигнат благодарение на трудот, упорноста и посветената работа.
„Со пет души почнавме, а еве се гордееме што направивме....
Post Views: 0
При крај се подготовките за почетокот на европското првенство во кошарка за кадетки до 16 години. Охрид и Струга ќе ги пречекаат дваесетте европски кошаркарски репрезентации кои ќе се борат за пехарот и европскиот трон. Претседателот на организациониот одбор, Абдураим Бајрактар вели дека сите подготовки се движат според предвидениот план, обезбедни се салите каде ќе се играат натпреварите, како и сместувањето на репрезентативките. Според Бајрактар ова европско првенство е одлична можност да се покажеме како добри домаќини.
„Прво имаме дваесет учесници, тоа е една сериозна...
Post Views: 7
Големата бучава која ја создаваат кафе баровите и угостителските објекти лоцирани на плажите на охридската ривиера, за голем дел од граѓаните значат бројни непроспиени ноќи. Изложеноста на зголемена бучава во текот на подолг период пак штетно влијае врз психофизичката состојба на човекот велат од Одделот за невропсихијатрија при Општата болница од Охрид.
„Што се однесува до бучавата од локалите, велат дека еден рок концерт има бучава од 120 децибели. Таа бучава еден нормален човек може да ја издржи 30 минути, се што е над 30 минути тоа веќе создава потешкотии, особено...
Post Views: 4
Три јазици, македонски, албански и турски испреплетени еден со друг, а јасно покажувајќи ја истата љубов помеѓу невините млади карактери. Театарската претстава „Слуга на двајца господари“ работена според текстот на италијанецот Карло Голдони, преработена и прилагодена на современото живеење ќе биде новото уживање за посетителите на Охридско лето.
„Во нашиот современ живот и љубовта и лебот, малку влегоа во потешки димензии. Светот стана малку бетон, малку асфалт, малку стакло, многу пластика. Дојдовме во таква состојба да сега почнавме да произведуваме и ѓубриште, во...
Post Views: 10
Многу енергија, голем музички набој, страст и огромно уживање на фестивалската публика. Виртуозните, виолинистот Стефан Миленковиќ и Марко Хатлак на хармоника ќе ги пренесат страствените ноти на неповторливото танго. Условно „детето“ на Охридско лето, Стефан Миленковиќ вели дека чувството е неверојатно да се биде повторно во Охрид и на Охридско лето. Овој пат за публиката доаѓа со проектот „Танго компас“.
„Овој проект е една наша страст, нешто што ги комбинира и нашата професија и нашите животи и индивидуално како членови на групата но тоа се комбинира и со нашето хоби,...
Post Views: 0
Шпицот на туристичката сезона во Охрид, ни ја донесе препознатливата слика и звук во доцните вечерни, па и раните утрински часови. Уште едно лето, охриѓани, домашните и странските туристи мака мачат и се жалат на бучавоста која ја создаваат дел од кафе баровите и угостителските објекти лоцирани на плажите на охридската ривиера. Долги и непроспиени летни ноќи, луѓе што се приморани да ги затвораат прозорите за да се помачат да заспијат на високите температури дури и во вечерните часови. Ова се условно симптомите кои голем број на граѓани ги чувствуваат деновиве, па и...
Post Views: 5
Потребите за крв во текот на летните месеци во Охрид зголемени. Во оваа насока говорат и бројните јавни повици кои може да се видат по социјалните мрежи и медиумите, а во кои се бараат одредени типови на крв кои можат живот да значат за некои наши сограѓани. Зголемената потреба на крвни единици ја потврдуваат и од Одделот за трансфузиологија од Охрид од каде велат дека карактеристично е за летниот период да има зголемена потреба на крв и крвни продукти. Д-р Соња Србакоска, трансфузиолог во овој оддел, вели дека потребите се однесуваат на сите групи на крв, но д-р Србакоска...
Post Views: 3
Наша сограѓанка се жали дека нејзиниот син бил жртва на судска неправда. Таа вели дека охридскиот суд неосновано го осудил нејзиниот син за извршено кривично дело „силување“ бидејќи според неа за тоа немало докази. Токму поради тоа, таа вели дека ја обжалиле првичната пресуда од четири години казна затвор за нејзиниот син во Апелациониот суд во Битола. Од таму била добиена одлука за спроведување на повторно судење во Охридскиот суд на кое таа вели дека уште еднаш му била потврдена првичната пресуда. Според неа, во Охридскиот суд не било земено во предвид стручното вештачење,...
Post Views: 17
75 милиони денари вредната плажа во Лагадин која според најавите треба да добие медитерански изглед, наместо во август, како што првично беше најавено, ќе биде уредена по завршувањето на летната туристичка сезона.
Ова е одговорот кој денес го добивме од Министерството за транспорт и врски, на прашањето кога ќе се започне со уредување на оваа плажа. Во однос на постапката за издавање на одобрение за уредување на плажата, од министерството велат дека тоа е во надлежност на општина Охрид. Инаку целата процедура започнува со барањето на општина Охрид за уредување на пет...
Post Views: 4
Конфликтот во секој човек, поделеноста, шизофренијата ова се клучните прашања на кои ќе се обиде да даде одговор претставата на битолскиот подвижен музички театар „Дневникот на лудиот“. Режисерот на претставата и основач на Подвижниот музички театар, Марјан Неќак вели дека идејата била да се направи нешто ново и несекојдневно. Според Неќак, претставата е актуелна и се претставува на еден специфичен аудио и визуелен начин.
„Дневникот на лудиот“ е еден текст кој е многу провокативен кој иако е напишан пред 200 и нешто години е ужасно актуелен. Гогољ со тој текст сака на...
Post Views: 9
КУД Отекс од Охрид, фолклорното друштво со 33 годишна традиција со целовечерен концерт ќе го претставува македонскиот фолклор на меѓународниот фолклорен фестивал во Германија.
Овој реномиран фестивал важи за еден од најдобро организираните фестивали, а на него КУД Отекс се претставил веќе четири пати. Денес на дво-неделна турнеја замина помладиот, втор состав на ансамблот кој ќе се претстави со поголем дел од нивните кореографии. Фолклорните ансамбли и културно уметничките друштва се симбол на македонската култура и уметност, но и амбасадори и презентери на македонското...