Post Views: 0
Многу ударни дупки долж целата улица, без тротоари по кои би се движеле пешаците.
Поради паркираните автомобили од двете страни на коловозот, тие се приморани да се движат по самата улица. Ова е сликата на најдолгата улица во градов, улицата „Абас Емин“, слика која за жал со години наназад е непроменета. Целосната реконструкција на оваа улица во многу наврати била најавувана од повеќе локални власти низ годините, но факт е дека „Абас Емин“ нема видено поголема количина асфалт со години наназад. Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели дека...
Post Views: 4
Трета година со ред нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот „Охридско лето“ ја добива наградата „најуспешна манифестација“ од страна на Министерството за економија за нивниот придонес во развојот на туризмот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска вели дека фактот дека некој ја следи работата на фестивалот и за тоа ги наградува навистина го ценат.
„Претставува за нас огромна чест и задоволство, претставува голем поттик и признание за тоа што го правиме и градиме . Ја започнавме приказната со „Охридско лето ви препорачува“, сакавме и донесовме...
Post Views: 0
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до советниците од СДСМ Охрид дека проектот за малото пристаниште го користат за политички маркетинг. Координаторот на владеачката партија, Илија Арнаудоски вели дека СДСМ прави обиди за извртување на вистината и класично манипулирање со јавноста во врска со реализацијата на проектот за изградба на малото пристаниште.
„Веројатно од СДСМ- Охрид и од советничката група се збунети од големиот број на проекти кои истовремено се одвиваат во Охрид и притоа измешале дека реализацијата на овој проект ќе биде финализирање на проектот...
Post Views: 1
Малото пристаниште ќе биде приватен ресторан на лица блиски до власта-обвинија денес советниците од Сдсм од Охрид. Тие сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ државниот имот го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа, според СДСМ, стануваат финансиери на партијата. Додаваат дека од проектот за малото пристаниште корист ќе имаат само поединци блиски на власта.
„Дрскоста на власта на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што на најубавиот дел од Охридското Езеро лажно им ветува на граѓаните дека ќе биде изградено пристаниште за 20-тина пловни објекти, а како што и сами можете да видите, тука...
Post Views: 50
Од колено на колено, од визита на визита, а сега од едни до други охридски староградски средби. Продолжува традицијата на Садиловци, на охридските тајфи и прекрасната и безвремена староградска песна. 27то издание на фестивалот Охридски староградски средби на едно место собра 14 ансамбли и негуватели на староградската песна, но и бројна публика која тактираше во ритамот на „Бор садила мома Евгенија“, „Битола бабан Битола“ и уште многу други стари македонски песни.
„Овие ансамбли, овие групи, најголем број од нив се ентузијасти кои од голема љубов спрема убавата градска...
Post Views: 2
Намалениот наталитет, се помалите генерации кои запишуваат и завршуваат основно образование ги преполовија паралелките во средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Сегашната генерација која запиша прва година, а особено наредната, според статистичките податоци се најмали по бројот на дечиња. За оваа учебна година, менаџментот на ова средно училиште бил приморан да бара одобрение за формирање на паралелки со помал број од законскиот минимум од 25 ученици што е сериозно намалување во споредба со генерациите од пред десетина години кога економските паралелки броеја...
Post Views: 0
Учениците од медицинската струка во средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ наместо од учебници по дел од предметите во струката учат од своите тетратки. Директорката на училиштето, Славица Костоска вели дека за стручните предмети и во двете струки се издадени учебници по скоро сите предмети, но потврдува дека за дел од предметите сеуште немаат добиено учебници. Костоска проблемот го лоцира во Одделот за издавање на учебници при Министерството за образование кој според неа сеуште нема издадено нови учебници. Таа вели дека наместо да се усовршуваат наставните единици...
Post Views: 2
Удрени темелите на гринфилд објектот на германската компанија од автомобилската индустрија ОДВ Електрик. Денес свечено беше означен почетокот на изградбата на оваа прва инвестиција во технолошко-индустриската развоја зона Струга-Охрид. Според извршниот директор на ОДВ Електрик, Лудвиг Батон, тенденција на компанијата е фабриката во Македонија да прерасне во уште една успешна приказна.
„ОДВ Електрик има амбициозни планови за Македонија со тоа што планираме да го зголемиме производството, да понудиме различни производи, да пренесеме нови технологии. За да го постигнеме...
Post Views: 7
Одбележувањето на Денот без автомобили ќе започне во 10 часот и 30 минути со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид, ќе настапи хорот од ОУ „ Христо Узунов“ , а потоа ќе се обратат градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер. За таа цел, во соработка со СВР Охрид, за сообраќај ќе бидат затворени неколку фреквентни сообраќајници и тие се резервираат за велосипедисти и пешаци. Во перидот од 11 до 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ од пресекот со „Димитар Влахов“...
Post Views: 16
Пуштајќи ги белите гулаби, симболот на мирот и пренесувајќи ги искрените детски пораки и желби за крај на сите насилства и војни во светот, денес, најмалите охриѓанчиња од градскиот плоштад покажаа колку малку е потребно за да се оствари најголемата желба на човештвото и да стане реалност. Пеејќи песнички, играјќи и носејќи пораки за мир во рацете, тие го одбележаа меѓународниот ден на мирот. Денес точно на пладне, преку актерот Ивица Цонев, сите имаа можност да ја чујат и годинешната порака за мир упатена од генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун.
„Иако...
Post Views: 10
Оттуѓување на семејствата, недостаток на комуникација, непочитување на авторитетот на родителот или воспитувачот во градинките.
Ова се само дел од условно кажано „симптомите“ на современиот начин на живот и комуникација. Во центарот на вниманието или за жал се почесто и недостигот на внимание се оние најмалите и најважните, децата. Според Слободанка Радосављевиќ, која е дел од Балканскиот сојуз на воспитувачи, комуникацијата помеѓу родителите и детето, особено во претшколската возраст е навистина важен сегмент бидејќи секој недостиг на комуникација, според неа води...
Post Views: 1
Да се гради сопствен образовен систем, да се прифаќаат делови од други образовни системи или целосно да се копираат други системи кои се покажале успешни во поразвиени земји. Ова е дилемата со која се соочуваат најголемиот дел од балканските држави. Во време на глобализација, кога решенијата се достапни на дланка се чини најлесно е да се копираат туѓите решенија. Според деканот на Педагошкиот факултет од Скопје, проф.д-р Владо Тимовски, глобализацијата треба да се обработува само преку прифаќање на некои теми или содржини кои се општоприфатени во повеќе земји.
„Јас мислам...